Четирок (, Месопотамија, до 1926 Τσετιράκι, Цетираки)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μεσοποταμία — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. По доселувањето на грчки дојденици, селото станало македонско и половина грчко.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 10 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во Костурската котлина помеѓу реките Белица, бистрица, Рулска река и Четирошка река. Селото се наоѓа на надморска височина од 653 метри.

Историја

Во османлиски дефтер за Четирок биле евидентирани 95 глави на домаќинства, сите христијани.Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 109.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Четирок се состоело од 280 семејства со 180 жители муслимани и 520 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Четирок имало 380 жители Македонци и 520 македонски муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265. Според Тодор Симовски, овој податок на Васил К’нчов е погрешен бидејќи муслиманите биле Турци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Четирок се води како мешано македонско-турско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 177 куќи.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 456 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија а работело и бугарско училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.. Учителот Иван Стефанов бил уапсен од турските власти на 25 април 1903 година заедно со Михаил Кимов, учител во Дреничево..

Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 850 „Грци“ (Македонци) и 200 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 70 македонски и 80 турски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8., додека според Георги Христов имало и едно влашко семејствоМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198..

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 888 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1021 жител. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Така, Четирок станал мешана населба од македонски староседелци и грчки дојденци. Во 1927 година, селото било преименувано во Месопотамија.. Според едни извори, бројот на бегалците изнесувал 545 во 1928 година, додека според други извори 141 семејства и 594 лица..

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), по кое било предадено на бугарските сили. Бугарските сили на неколкупати биле во судир со силите на ЕЛАСΠάνος Κρίκης. ΕΙΜΑΣΤΕ ΑΜΠΟΙΡΟΙ ΕΥΘΥΝΩΝ ΓΙΑ ΤΗΝ ΟΝΟΜΑΣΙΑ. На 11 јануари 1944 година партизаните на ЕЛАС го зазеле селотоДаскалов, Георги. Клио срещу Темида. Антон Калчев – хуманист или военнопрестъпник“, Военно издателство, София, 2013, с. 130-131..

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Во текот на војната биле убиени 42 лица, додека 191 се иселиле. Две деца од селото биле протерани како деца бегалци. По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија

Во 1928 година селото броело 1083 жители., додека во 1940 година селото броело 1552 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1271 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1158 жители, во 1971 година имало 1118 жители, во 1981 година имало 1507 жители, додека во 1991 година имало 1759 жители. Денеска, населението на селото е 1802 жители според пописот од 2001 година.

Култура

Старите цркви во селото се посветени на Света Троица, Свети Ѓорѓи. Во XX век била изградена црквата посветена на Свети Петар и Свети Павле. Во селото има отворено Понтиски културен центар, чија цел е зачувување на понтиската култура во селото.

Личности Родени во Четирок Аргир Кузовски Василис Доропулос (р. 1942) Коста Григоров Крстев (1921 - ?) Пандо Макриев (- 1944) Паскал ИвановМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 295. Тома Марков (1883 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 429. Трпо Георгиев (1883 - ?)ГУА, стр. 524. поп ХристоМакедонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 98-99. Христо ШоповМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 155. Шериф Јашаров (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 825. Лефтера Трајкова Бацова (1927) — учесник во НОВ на Македонија

Наводи