Кондороби (, Метаморфоси, до 1950 Κονδορόπη, Кондоропи)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μεταμόρφωση — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Костурската Котлина, на Кондоропска Река. Лежи на 10 километри североисточно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 670 метри.

Јужно од селото во правец на Костурското Езеро се наоѓаат урнатините на црквата „Св. Преображение“, изградена во VIII век.Βυζαντινός Ναός Μεταμορφώσεως του Σωτήρος

Историја

Во XV век во селото живееле 59 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989. Податоците може да се однесуваат и на селото Кладороби, Леринско.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кондороби се состоело од 58 семејства со 210 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кондороби имало 190 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кондораби се води како мешано македонско-турско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 39 куќи.

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 30 куќи, но не постојат извори за бројот нс убиенитеЧекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.. Според друг извор биле изгорени сите 23 куќи, додека целото население побегнало од селото и се засолнило во ТиолиштаИлюстрация Илинден, бр.139, стр. 13.

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија до XX век, но по Илинденското востание поминало под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 288 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 60 македонски семејстваБистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 212 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 182 жители. Во 1945 година биле регистрирани 300 Македонци.

Во 1950 година името на селото било преименувано во Метаморфосис.Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 49 деца од селото биле протерани како деца бегалци

Демографија

Во 1928 година селото броело 235 жители., додека во 1940 година селото броело 326 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 189 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 220 жители, во 1971 година имало 175 жители, во 1981 година имало 156 жители, додека во 1991 година имало 211 жители. Денеска, населението на селото е 173 жители според пописот од 2001 година.

Година1913192019281940195119611971198119912001Население212[Απαρίθμηση (1913), 40]182Ελληνική απογραφή 1920: 78 άρρενες και 104 θήλεις σελ. ξ' Πίνακας 2*235 Ελληνική απογραφή 1928, σελ. 287 107 άρρενες κι 128 θήλεις, Ομοδημότες 232, ετεροδημότες 3, απογράφτηκαν αλλλού 2. Ρευστοποιήθηκε μία περιουσία οικογένειας που μετανάστευσε στη Βουλγαρία 326Ελληνική απογραφή 1940: πραγματικός πληθυσμός 326, νόμιμος πληθυσμός 323189Ελληνική απογραφή 1951 σελ. 271220175156211173

Личности Родени во Кондороби Константин СалдаровΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86. Никола Д. АнгеловМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 31. Никола Георгиев Славчо П. Крцанов (1894 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 397. Сотир Христов (1878 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 778.

Наводи

Категорија:Костур (општина)