Кономлади (, Макрохори, до 1928 Κονομπλάτι, Коноблати)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. И покрај големите иселувања, селото до денес е населено исклучиво со Македонци.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 25 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина и на 10 километри североисточно од Габреш. Селото се наоѓа на надморска височина од 950 метри.

Историја Меѓу Кономлади и Брезница се остатоците од тврдината Градишта, која датира од средниот век. Според археологот Николаос Муцопулос, денешното село е населено по пропаста на средновековната или античка населба во тврдината. Преданието вели дека замокот имал златна плоча и скриено богатство.

Според селската легенда селото било основано од тројца браќа, кои побегнале од Турците во месноста Цер. Подоцна селото се преселило на денешното местоСимовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје, 1998..

Во XV век во Кономлади биле евидентирани 139 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кономлади се состоело од 110 семејства со 300 жители муслимани и 400 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кономлади имало 1.100 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.. Во 1897 година била изградена селската црква посветена на Свети АтанасМакедонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 52., додека кон крајот на XIX век било отворено егзархиско училиштеМакедонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 47..

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кономлади се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 180 куќи.

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, биле убени Јане Темелков и Стојан Иванов. Во востаничките чети загинале Васил Китев, Мељо Гелев, Доне Карамфилов, Васил Трајов, Стојан Мељов, Ставро Донев, Лазо Гелев и Димитар КотевИлюстрация Илинден, бр.140, стр. 12.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.136 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија 400 македонски патријаршисти и работеле две училишта, грчко и бугарскоBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181., како и 496 македонски патријаршистиMapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 200 Грци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 230 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1202 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1031 жител. Во 1927 година, селото било преименувано во Макрохори. Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 32 жители се засолниле во Бугарија, додека 36 заминале во Бугарија по 1919 година. Во селото имало 13 политички убиства.. Според Симовски, во периодот меѓу војните во Бугарија се иселиле голем број на лица.

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), по кое било предадено на бугарските сили.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 219 деца од селото биле протерани како деца бегалци

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија

Во 1928 година селото броело 802 жители., додека во 1940 година селото броело 946 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 438 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 444 жители, во 1971 година имало 341 жител, во 1981 година имало 300 жители, додека во 1991 година имало 244 жители. Во текот на 2000-тите населението се преполовило, а во 2021 г. во него се заведени 93 жители.

Културни и природни знаменитости Цркви Св. Никола од преродбеничко време Св. Атанас од 1897 г.

Личности десно|мини|Митре Влаот Родени во Кономлади Атанас Панчаров (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 537. Божидар Митрев Панџаров (1900 - 1932) Васил Котев (1878 - 1903) Димитар А. Љасков (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 411. Доне ПоповНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 136. Иван Трпчев (1867 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 736. Манол Кочов (1883 - ?) Митре Влаот (1873 - 1907) Митровица КапитановаΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86. Наум Никола ПандовНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 123. Павел Анастасов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 22. Ставри Љасков (1843 - 3 септември 1903) Сотир КотевМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 97. Сотир Толев (1881 - 1955) Стојчо ПанајотовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 531. Стојан Христов (1898 - 1996) Трпо Димитров ХристовТрайков, Веселин. История на българската емиграция в Северна Америка. София, 1993, стр. 23-24. Христо Цветков (1877 - 1934)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 789-790. Ленче Јованова-Петрова (р.1922 ) — учесник во НОВ на Македонија Христина Илова Кланџева (р.1928-) — учесник во НОВ на Македонија

Наводи