Целен јазик е јазик кој претставува фокус или краен резултат на извесен процес.

Во применетата лингвистика и второјазичната педагогија, поимот „целен јазик“ означува јазик кој учениците сакаат да го научат покрај нивниот мајчин јазик. Истиот концепт честопати се нарекува „втор јазик“. Кај преведувањето, „целен јазик“ е јазикот на кој се преведува извесен изворен текст. Во информатиката, „целен јазик“ е компјутерскиот јазик на кој компајлерот го преведува изворниот код.

Категорија:Јазично образование Категорија:Превод Категорија:Компајлери