УЕФА Лига на шампиони — најелитното годишно европско фудбалско клупско натпреварување, организирано од УЕФА. Натпреварувањето било создадено под името Куп на европските шампионите, или скратено Европски куп создаден во 1955 година, додавајќи групна фаза во натпреварувањето и дозволувајќи повеќе учесници од една земја. Тоа е едно од најпрестижните турнири во светот и најпрестижното клупско натпреварување во европскиот фудбалза најдобрите фудбалски клубови во Европа. Во 1992 година, натпреварување било ребрендирано во денешното име и добило нов формат на натпреварување. Финалето во 2013 година беше најгледаното финале на Лигата на шампионите досега, исто така и најгледаниот годишен спортски настан во светски рамки во 2013 година, привлекувајќи внимание на 360 милиони телевизиски гледачи.

Пред 1992 година, турнирот службено бил наречен Купот на европските шампиони (англиски: European Champion Clubs' Cup; француски: Coupe des Clubs Champions Européens), но бил познат едноставно и како Европски куп. Натпреварувањето првично било само со нокаут натпревари во кое право на учество имале само клубовите прваци на секоја земја. Во текот на деведесеттите, форматот беше проширен, била воведена групна фаза и повеќе клубови. Најдобрите национални лиги во Европа давале и по четири претставници, и ќе носи и по пет претставници од сезоната 2015-16.

Со сегашниот формат, Лигата на шампионите започнува во средината на јули со три нокаут квалификациски рунди и плејоф рунда. Десетте екипи кои ќе успеат да ги поминат овие фази им се приклучуваат на останатите 22 екипи во групната фаза. 32те екипи се извлечени во осум групи од по четири екипи и играат меѓу себе преку систем дома-гости. Осумте прво пласирани екипи во групите како и осумте второпласирани се пласираат во нокаут фазата, која завршува со финален меч во мај. Победникот на УЕФА Лигата на шампиони обезбедува пласман во УЕФА Супер купот и ФИФА Светско клупско првенство во фудбал.

Најуспешен клуб во историјата на натпреварувањето Реал Мадрид, освојувајќи го турнирот тринаесет пати, претходниот пат во 2017-18 сезоната, вклучувајќи ги првите пет сезони. Шпанските клубови имаат најмногу освоено титули (17), зад нив се Англиските и Италијанските (14). Турнирот е освоен од 21 различен клуб, од кој 13 ја имаат освоено повеќе од еднаш. Откако турнирот го смени своето име и структура во 1992 година, ниеден клуб не успеал турнирот да го освои последователно, последен што успеал да ја одбрани титулата бил Милан во сезоната 1989-90. Реал Мадрид е моменталниот првак, победувајќи ја Борусија Дортмунд во финалето во Лондон, на 1 јуни 2024 година, со резултат од 2:0.

Историја thumb|200px|Пред почетокот на натпреварот помеѓу Арсенал и Севиља, сезона 2007/08. Турнирот бил отворен во 1955 година, на предлог од францускиот спортски новинар и уредник на Лекип, Габриел Ано, кој ја смислил идејата по добивањето на извештаите од неговите новинари за многу успешното Campeonato Sudamericano de Campeones од 1948 година. Како реакција на изјавата од страна на британските медиуми на страна на Вулверхемптон Вондерерс нарекувајќи ги Шампиони на светот по успешните пријателски натпревари во Европа во педесеттите, Ано конечно успеа да ја убеди УЕФА да започне да организира турнир во континентални рамки. Натпреварувањето започнало како натпреварување за победниците на европските национални лиги, како Европски куп на шампиони, или скратено Европски куп.

Натпреварувањето започнало во сезоната 1955-56 со формат на две нокаут-рунди каде тимовите играле два меча, еден дома и еден на гости, и тимот со подобриот вкупен резултат се квалификувал во следната рунда од натпреварувањето. До 1997 година, учеството било ограничено, и само тимовите кои го имале освоено нивното национално натпреварување имале право на учество, плус моменталниот освојвач на Европскиот Куп. Во сезоната 1992-93, форматот бил сменет, воведена била групна фаза и турнирот бил преименуван во Лига на шампиони на УЕФА. Оттогаш имаше бројни измени во условите за натпреварувањето, бројот на квалификациски рунди и структурата на групите. Во сезоната 1997-98, условите беа проширени и ги вклучувале вицепрваците на некои земји според ранг списокот на коефициенти на УЕФА. Квалификацискиот систем бил реструктуиран така што ниско рангираните национални првенства имале право на учество во една или повеќе квалификациски рунди пред групната фаза, додека вицепрваците од високо рангираните земји влегувале во подоцнежните рунди. И до четири клуба од високо рангираните земји имаат право за настап во натпреварувањето.

Помеѓу 1960 и 2004 година, победникот на турнирот се квалификува на сега непостоечкиот Интерконтинентален Куп против победникот на Копа Либертадорес на Јужна Америка. Оттогаш, победникот автоматски се квалификува за Светскиот клупски куп огранизиран од ФИФА заедно со другите победници на континенталните клупски првенства.

Химна

Химната на УЕФА Лигата на шампиони, службено насловена како „Champions League“, била напишана од Тони Бритен, како приспособено дело од делото „Свештеникот Садок“ на Георг Фредерик Хандел од химните за крунисување. УЕФА го овластила Бритен (англиски композитор) во 1992 година, да ја аранжира нивната химна, и делото било изведено од оркестарот на Кралската филхармонија и испеана од страна на Академијата „Свети Мартин“ во полето на рефренот на трите службени јазици користени од страна на УЕФА: англиски, германски и француски. Рефренот на химната е пуштан пред секој натпревар на Лигата на шампиони, како и на почетокот и крајот на телевизискиот пренос од натпреварите. Целосната химна е долга околу три минути, и има два кратки стихови на рефренот. Химната никогаш не била пуштена комерцијално во својата изворна верзија.

Формат

Обезбедување пласман right|thumb|450px| Карта на УЕФА земјите чии клубови стигнале до групната фаза на Лигата на шампиони Почнувајќи од 2009 година, УЕФА Лигата на шампиони започна со разигрување по групи со 32 екипи, на што му претходат два квалификациски натпревари за тимовите што не се пласирале директно за турнирот. Двата натпревари се поделени помеѓу тимови квалификувани врз основа на освоено домашно првенство, и тие што се квалификувани врз основа на тоа што завршиле од второто до четвртото место на нивното државно првенство.

Бројот на тимови што учествуваат од една асоцијација во УЕФА Лигата на шампиони се заснова врз УЕФА коефициентите на членовите на асоцијацијата. Овие коефициенти се добиваат врз основа на постигнатите резултатите на клубовите што ја претставуваат секоја асоцијација во текот на последните пет УЕФА Лига на шампиони и Лигата Европа сезони. Колку поголем коефициент има асоцијацијата, толку повеќе тимови ќе ја претставуваат асоцијацијата во Шампионската лига, и во помалку квалификациски рунди тимовите на асоцијацијата ќе треба за учествуваат.

5 од останатите десет квалификациски места се доделуваат на победниците на турнирот од четири квалификациски рунди помеѓу останатите 39 или 38 шампиони, во кој тие шампиони од асоцијациите со поголеми коефициенти добиваат место во подоцнежните рунди. Останатите 5 се доделени на победниците од турнир со две квалификациски рунди помеѓу петнаесетте клубови од асоцијациите рангирани од првото до петнаесеттото место, што се квалификувале врз основа на нивното завршување од второто до четвртото место на нивните национални лиги.

Во поглед на спортските критериуми, секој клуб мора да има лиценца од својата асоцијација за да учествува во Шампионската лига. За да добие лиценца, клубот мора да исполни одредени барања за стадионот, инфраструктурата и финансиите.

Во сезоната 2005/2006, Ливерпул и Артмедија Братислава од Словачка станале првите екипи кои стигнале до групната фаза на Лигата на шампиони, играјќи во сите три квалификациски рунди. Во сезоната 2009/2010, и БАТЕ и Анортозис Фамагуста успеаја да го постигнат истото достигнување. Барселона, Манчестер јунајтед и Порто се тимовите кои најчесто ги има во групната фаза: четиринаесет тимови посебно. Само ФК Порто го има освоено турнирот еднаш од основањето на групната фаза (2004), Манчестер јунајтед двапати (1999 и 2008) и Барселона трипати (1992, 2006 и 2009).

Помеѓу 2003 и 2008 година, никаква разлика не била правена помеѓу прваци и непрваци во квалификациите. Шеснаесетте најдобро рангирани екипи низ најголемите домашни лиги директно обезбведувале пласман во групната фаза од турнирот. Претходно, три прелиминарни квалификациски рунди ги намалуваат останатите тимови, со тоа што различни екипи започнувале во различни рунди.

Турнир Турнирот соодветно започнува со групна фаза од 32 екипи, поделени во 8 групи. Носител на групата се користи додека се врши извлекувањето на оваа фаза, додека тимовите од иста земја може да не се паднат во групата заедно. Секој тим се среќава со другите тимови од неговата група дома и на гости во формат на разигрување. Најдобрите две екипи од секоја група се пласираат во осмина-финалето, со што започнува нокаут-фазата од турнирот. Третопласираната екипа обезбедува учество во Лига Европа.

Во оваа фаза, еден победник на групата игра против вицешампион на друга група, и екипите од истата земја не може да не се паднат да играат еден против друг. Од четвртфиналето па натаму, извлекувањето се врши по случаен избор, со што заштитата на екипи од иста земја не е повеќе во сила.

Натпреварите од групната фаза се играат во текот на есента, додека нокаут фазата започнува една недела по зимската пауза. Во нокаут фазата се состои од два натпревари, со исклучок на финалето. Оваа фаза традиционално е во тек во последните две недели од мај.

Судење

Рангирање Судискиот оддел на УЕФА е поделен на пет категории врз основа на искуството во кој судијата е рангиран; (од највисок до најнизок ранг) Елитна Категорија, Премиерна Категорија, Категорија 2, Категорија 3, и Категорија 4. После сертификацијата, меѓународниот судија е пласиран во Категорија 4 со исклучок на судиите од Франција, Германија, Англија, Италија или Шпанија. Судиите од овие пет фудбалски големци имаат доволно врвни професионални натпревари и затоа директно се пласираат во Категоријата 3. Секој натпревар суден од судијата е надгледуван и оценуван и двапати во сезона неговата или нејзинината Категорија може да биде подобрена. Еден судија не може директно да премине од Категорија 2 во Елитна Категорија.

Назначување Во соработка со Судискиот оддел на УЕФА, УЕФА Комитетот на судии е одговорен за назначувањето на судиите за натпреварите. Судиите се назначуваат врз основа на претходните натпревари, забелешките, изведбата и нивото на физичка подготвеност. За да се обесхрабри присртрасноста, Шампионската лига го зема предвид и државјанството. Ниеден судија не може да има исто потекло како и никој клуб во неговите или нејзините респективни групи. Судиското назначувања, предложени од Судискиот оддел на УЕФА, се испратени до Судискиот Комитет на УЕФА за да бидат дискутирани и/или променети. Откако ќе се постигне општа согласност, името на назначениот судија останува тајна сè до два дена пред натпреварот со цел да се минимизира влијането од јавноста.

Ограничувања Од 1990 година, интернационален судија на УЕФА не смее да има повеќе од 45 години. Откако ќе наполни 45 години, судијата мора да се повлече на крајот од неговата/нејзиата сезона. Старосната граница била воспоставена за да биде осигурано врвно ниво на физичка подготвеност. Денеска судиите на Лигата на шампионите треба да го поминат тестот на физичка подготвеност пред да размислуваат на меѓународно ниво.

Парична награда Од 2010/2011, УЕФА ја наградува секоја екипа што игра во плејоф рундите со 2,1 милион евра. За тие што ќе стигнат до групната фаза УЕФА доделува 3,9 милиони евра, плус 550.000 евра за секој одигран меч во групата. За победа во групната фаза УЕФА доделува 800.000 евра а нерешениот резултат е вреден 400.000 евра.