Рогачево — село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба Селото е сместено во областа Долни Полог, во југоисточните пазуви на Шар Планина, под црвот Љуботен.

Историја Рогачево за првпат се споменува во турските дефтери и пописи во 1467 година. Според усмените приказни, се кажува дека тука во шумата над изворот се сокривале некој монаси, веднаш по Косовската битка. Тоа место и тој извор и ден денес се вика Калуѓер. Во Рогачево во 1467-68 година имало 59 домаќинства и 4 вдовици. Во време на вториот и третиот попис во 1545 и 1568 за Рогачево нема точни информации колку домаќинства живееле, но има информации дека Рогачево и селото Вратница имале најголем број на домаќинства.

Во век, Рогачево било село во рамките на Полошката нахија во Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рогачево живееле 210 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рогачево имало 440 Македонци, патријаршисти.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Рогачево е центар на општина и има 54 куќи со 396 жители, сите Македонци.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Рогачево е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 574 жители, а во 1994 година 353 жители, македонско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 347 жители, од кои 338 Македонци, 8 Срби и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 282 жители, од кои 250 Македонци, 10 Срби, 3 останати и 19 лица без податоци.

Родови

Рогачево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Староседелци: Станковци (8 куќи);Ќосевци (3 куќи); Јанковци (8 куќи); Ивановци (9 куќи) имаат иселеници во Вратница и во Белград (едно семејство); Окалинци (2 куќи); Мрчиќевци (7 куќи); Милевци (3 куќи); Трпановци (4 куќи) имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Николовци (11 куќи) Доселеници: Рајчиќевци (9 куќи) доселени се од селото Биќевац во Косово. Имаат иселеници во Белград (едно семејство); Шоповци (5 куќи) доселени се од Сириниќ; Грујевци (10 куќи) потекнуваат од предокот Грујо, кој се доселил од некое село во Горна Морава. Имаат иселеници во Ратае, Раотинце и во Фалише;.Дојчиќевци (1 куќа) рано доселени од Косово или Горна Морава. Имаат иселеници во Јанчиште; Костанаќовци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Вратница. Таму припаѓал на некој староседелски род.

Општествени установи

Цркви Црква „Св. Спас“ — главната селска црква; Црква „Св. Архангел Михаил“ — црква во месноста Тиквица; Црква „Св. Петка и Св. Недела“ — мала црква по текот на Калуѓерска Река; Црква „Св. Илија“ — главна манастирска црква во месноста Калуѓер; Црква „Св. Спас“ — мала црква на влезот од селото;

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2131 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 339 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности thumb|150|ФК Рудар Тони Коцески (р. 1 февруари 1972) - градоначалник на Општина Јегуновце Никола Пашиќ? (1845-1926) - српки политичар и државник (според некои извори се смета дека таткото е од Рогачево) Бобан Јанчески - Јанкер - македонски фудбалер (р. 30 април 1978, Виена, потекло од Рогачево)

Култура и спорт ФК Рудар

Иселеништво

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Портал на Рогачево Рогачево - информативна страница за Рогачево Рогачево природна реткост како во приказните - репортажа од селото

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Јегуновце Категорија:Села со слава Илинден во Македонија