Оскар Рибеиро де Алмеида Нимаер Соарес Фиљо (15 декември 1907, Рио де Жанеиро - 5 декември 2012, Рио де Жанеиро) — бразилски архитект, кој се смета за еден од најзначајните претставници на меѓународната модерна архитектура. Тој е еден од пионерите во истражувањето на можностите за искористување на армираниот бетон на естетски план.

Неговите градби се одликуваат со тоа што се пространи и оголени, со мешавина на волуменот и слободниот простор за да се создадат оригинални декорации, кои често се потпрени на пилотис. И критичарите и оние што го фалат го сметаат за „вајар на споменици“ . Тој е возвишен до тој степен што се смета за еден од најголемите архитекти на неговата генерација од неговите поддржувачи Niemeyer, Gullar, F. (на португалски) и е обвинет за наивен, лекомислен, па дури и недоволно добар за звањето „архитект“ од страна на неговите критичари, кои иронично го нарекуваат „официјален архитект“, бидејќи има голем престиж меѓу политичарите 1989, OSCAR NIEMEYER NA BARRA FUNDA, EM SÃO PAULO, Guedes J. (на португалски). Меѓу многуте познати дела, Нимаер работел и на подигнувањето на многу јавни дела во Бразилија, градби коишто се дел од светското културно наследство на УНЕСКО, зградата на седиштето на ООН во Њујорк итн.

Рани години мини|лево|100п|Фотографија на Оскар Нимаер од 1917 Оскар Нимаер се родил во Рио де Жанеиро во 1907 во квартот Ларанжеирас, на улицата која подоцна го добила името на неговиот дедо Рибеиро де Алмеида. Тој својата младост ја поминал како секој останат млад Кариока во тоа време: боем и релативно незагрижен за својата иднина. Своето средно образование го завршил на 21 година. Истата година, се омажил со Анита Балдо, ќерка на италијански доселеници од Падова. Бракот му влеал чувство за одговорност, па Оскар се решил да работи и се запишал на факултет.

Оскар започнал да работи на типографската куќа на неговиот татко и се запишал на Училиштето за убави уметности, на кое дипломирал како архитект инженер во 1934. Во тоа време имал финансиски потешкотии, но одлучил да работи без додаток во архитектската работилница на Лучио Коста и Карлос Леао. Бил незадоволен од градбите коишто ги гледал по улиците и чувствувал дека може да ја започне својата кариера, обидувајќи се да направи подобри, кои ќе ги разубават улиците.

Во 1945, веќе како архитект, Нимаер се вклучил во Комунистичката партија на Бразил, а во 1992 станал нејзин претседател. Нимаер бил момче во времето на Руската револуција, а за време на Втората светска војна бил млад иеалист. Тој сè уште е ентузијастички комунист, положба која многу го чинела во изминатиот живот. За време на воената диктатура во Бразил неговата канцеларија била нападната, а тој избегал во Европа. Министерот за воздухопловство изјавил дека „комунистичкиот архитект е во Москва.“ Оскар бил во СССР, се сретнал со различните социјалистички водачи и станал личен пријател со некои од нив. Фидел Кастро еднаш рекол: „Јас и Нимаер сме последните комунисти на светот.“Фидел Кастро наглаува дека може да се повлече како водач на Куба

Првите дела Во 1936, Лучио Коста бил избран од страна на министерот за образование Густаво Капанема за архитект одговорен за изградбата на новото седиште на министерството за образование и јавна безбедност во Рио де Жанеиро. Во 1939, Нимаер ја презел одговорноста да раководи со групата архитекти (Лучио Коста, Карлос Леао, Алфонсо Едуарто Реиди, Жорге Мореира, Ернани Васконселос и Ле Корбизје како стручен советник) одговорна за зградата на министерството, која имала за цел да ја оствари задачата ‘novo homem, Brasileiro e moderno’ (нов човек, Бразилијанец и современ).

По молба на Нимаер, градбата била именувана Паласио Густаво Капанема во 1985. Тоа бил првиот современ облакодер, чија изграднба била помогната од страна на државата во светот и сигурно најголемата градба во чијашто изградба учествувал Ле Корбизје. Изградбата на објектот завршила во 1943. Градбата која придонела за проширување на бразилското културно наследство ги содржела сите елементи за она што било сметано за Бразилско модернистичко движење. Тоа содржело локални материјали и техники, како азулежу кое е поврзано со ортугалската традиција; револуционерното Корбизјеово brise soleil, прилагодено и поврзано со Муришовите уреди за сенчање од колонијалната архитектура; силните бои; тропските градини на Робертоп Бурле Маркс; Кралската палма (Roystonea oleracea), позната како бразилски ред; поддалечните наговестувања на иконите на бразилскиот пејзаж; и специјално овластените дела на бразилските уметници.

Во 1939, Оскар Нимаер и Лучио Коста го конструирале бразилскиот павилјон на Светскиот саем во Њујорк (изградено со помош на Паул Лестер Винер). Импресиониран од изградбата на павилјонот, градоначалникот Фјорело ла Гвардија го одликувал Нимаер со клучевите на градот Њујорк. Коста објаснил дека бразилскиот павилјон усвоил јазик на „љубезноста и елеганцијата“, светлината и просторната ликвидност, отворениот план, кривите и слободни ѕидини, кои ги нарекол „јонски“, силно одразувајќи се на современата архитектура, коишто ги нарекол „дорски“. Од средината на XX век, бразилскиот ахитектонски модернизам бил наречен „прв национален стил во современата архитектура“ (Рејнер Бахнам). Меѓународните архитектонски периоди во 1940-тите и 1950-тите биле посветени на страници на од «избраната земја на најоригинална и најсмела современа архитектура», проследени со поединечните монографии на архитектите како Оскар Нимаер и Алфонсо Едуардо Реиди.

Дела Проект Пампуља Во 1940 Нимаер се сретнал со Жуселино Кубичек, кој во тоа време бил градоначалник на Бело Хоризонте, главниот град на сојузната држава Минаш Жераис. Тој и претседателот на Минаш Жераис сакале да се изгради ново предградие во северниот дел од градот, наречено Пампуља, а Нимаер бил назначен да конструира неколку објекти, познати како „комплекс Пампуља“. Првиот современ бразилски споменик била Нимаеровата црква во Пампуља, именувана по светецот Сао Франциско де Ашис, која била канонизирана во 1943, една година по завршувањето на нејзината изградба. Комплексот Пампуља вклучувал казино, слаа за танцување и ресторан, клуб за јахти, клуб за играње голф и хотел со 100 соби, кој сè уште не бил изграден, акој се простирал покрај вештачко езеро. Покрај езерото исто така била конструирана и викендичка за градоначакникот.

мини|250п|Црквата Сао Франциско де Ашис во Бело Хоризонте, Минаш Жераис, Бразил Тридимензионална скица на црквата во Google Earth

Изградбата на објектите била завршена во 1943, но повлекла и контроверзи. Објжектие биле меѓународно признаени за време на изложбата на „бразилски градби“ во 1943 во музејот на современа уметност во Њујорк. Конзервативците кои имале авторитет во Минаш Жераис одбиле да ја осветат црквата пред 1959, делумно бидејќи ја немала правоверната форма и делумно поради олтарната фреска, која ја насликал Кандидо Портинари. фреската го опишува Светиот Франциско де Ашис како спасител на болните, сиромашните и најважно грешните.

Како што вели Нимаер, Пампуља му ја понудила можноста „да ја предизвика монотоноста на современата архитектура, бранот на погрешниот функциопнализам и догмите во формата и функцијата во којашто се јавувале, напаѓајќи ја пластичната слобода која била вклучена како силно поврзана.“ „Јас бев воодушевен од кривата — ослободена, страстна крива препорачана од можностите за нови технологии, честоименувани во пречесни стари барокни цркви. (...) Непромислено го запоставив правиот агол и рационалната архитектура конструирана со линијар и квадрат за силно да влезам во светот на кривите и правите линии кои се силно поврзани. (...) Ова го проценува протестот којшто се појави од околината во којашто живеев, со белите плажи, старите барокни цркви и убавите жени.“ Niemeyer, Oscar, 2000, The Curves of Time: The Memoirs of Oscar Niemeyer (London: Phaidon), стр. 62 и 169-70.

1940-ти и 1950-ти мини|десно|250п|Колеџот Естадуал Сентрал во Бело Хоризонте бил проект на Оскар Нимаер Во 1947, неговата светска слава била потврдена, кога Нимаер отпатувал во САД за да биде дел од меѓународниот тим , којшто работел на изградбата на објектот на седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Нимаеровата „шема 32“ била одобрена од страна на извршниот одбор, но најверојатно под притисок од Ле Корбизје, двајцата заедно се покориле на проектот 23/32 (развиен од страна на Бондијаски и Вајсман), којшто содржел комбинација на елементите од шемите на Нимаер и Ле Корбизје, но главно се темелел на шемата на Нимаер. Поради настојувањето на Ле Корбизје да остане вклучен во работата на проектот, концептот за изградба на објектот на седиштето на Обединетите нации (шема 23/32), бил одобрен од извршниот одбор и поминал пред директорите за планирање, Валас Харисон и Макс Абрамовиц. Претходната година, Нимаер допбил покана да предава на универзитетот Јеил, но за жал неговата виза била истечена. Во 1950, во САД од страна на Стамо Пападаки била издадена првата книга за работата на Оскар Нимаер. Во 1953, Нимаер бил избран за директор на одделот за дизајн при универзитетот Харвард. Но неговото пертседатеклство во комунистичката партија му наложувало дека не може да добие виза за престој во Соединетите држави.

Во Бразил, тој го коструирал паркот Ибирапуера во Саун Пауло (за прославата на јубилејот „400 години постоење на градот“) (1951), the објектот Копан (1953-1966) и објектот ЖК во Бело Хоризонте (1951). Од 1952 до 1953, тој работел на изградбата на сопствената куќа во Рио де Жанеиро, домот во Каноас (Casa das Canoas), несомнено негово домашно ремек-дело и во периодот од 1954-60, луксузна градба во Бело Хоризонте.

Изградбата на Бразилија мини|Катедралата во Бразилија во хиперболоидна конструкција мини|десно|Палатата на висорамнината во Бразилија мини|десно|Палатата на зората во Бразилија мини|десно|Палатата на странците во Бразилија мини|десно|Националниот конгрес на Бразил во Бразилија Во периодот од 1954-55, Нимаер го конструирал Музејот на современа уметност во Каракас (MAM Caracas). Како што вели тој, овој проект му дал нова насока во неговата работа, објаснувајќи го со изградбата на административните згради во Бразилија.

Тоа бил во домот во Каноас, во кој Жуселино Кубичек го посетил Нимаер едно септемвриско утро во 1956, скоро по неговото преземање на функцијата, претседател на Бразил. Додека се враќал во градот, политичарот „лакомо“ разгварал со архитектот за неговата смела шема: „Јас ќе изградам нов главен град на земјата и сакам да ми помогнеш (...) Оскар, овој пат ние ќе го зизградиме новиот главен град на Бразил.“ Niemeyer, Oscar, 2000a, The Curves of Time: The Memoirs of Oscar Niemeyer (London: Phaidon), стр. 70.

Нимаер организирал натпревар за избор на местоположбата на Бразилија, новиот главен град, а на натпреварот победил негобиот стар пријател Лучио Коста. Нимаер ги конструирал градбите, Лучио го изработил планот за издигнување на градот.

Во педриод од неколку месеци, Нимаер конструирал голем број на административни, комерцијални и станбени овјекти. Меѓу нив била и палатата на претседателот (Palácio da Alvorada), зградата на главното претставништво, зградата на Националниот конгрес, катедралата Бразилија (хиперболоидна конструкција), згради на одделни министерства и др. објекти. Доколку се погледне одозгора, може да се види дека многу објекти во градот имаат елементи кои се повторуваат, што градот го прави целина. Катедралата Бразилија е особено убава, со нејзиниот разнообразен мнодерен симлоизам. Внатрешноста на објектот содржи ходник, во кој впечатлива е светлоста, која има светлосни ефекти во салата.