Овоштарството е земјоделска гранка чија задача е засадување овошни дрвја, одгледување и искористување на овошните плодови во свежа состојба или преработени во разни мармалади, компоти, сокови и др.
Во зависност од климатските услови во кои успева, разликуваме три вида овошје: средноевропско овошје, суптропско овошје и тропско овошје.
Место што е засадено со овошни дрва се нарекува овоштарник.
Категорија:Земјоделски занимања