Арне Емил Јакобсен (дански: Arne Emil Jacobsen) бил дански архитект и дизајнер, претставник на данскиот модерен стил. Освен неговите архитектонски дела, создал и голем број на многу оригинални столици и останат мебел. Добил повеќе меѓународни признанија и награди.

Неговите дела се вбројуваат меѓу најзначајните во данскиот функционализам, кој настојувал, по примерот на Ле Корбизје и Валтер Гропиус, да создаде рационална и функционална архитектура. Облиците развиени од Арне Јакобсен претставуваат основа за скандинавскиот органски модернизам и неговото влијание се чувствува и денес. Денешниот скандинавски дизајн го поврзуваме со едноставни, елегантни и функционални облици направени од природни и удобни материјали - а тоа се принципите кои ги поставил токму Арне Јакобсен.

Галерија

Наводи

Категорија:Архитекти Категорија:Родени во 1902 година Категорија:Починати во 1971 година