Бернското планинско куче () припаѓа на крупната раса на кучиња, со потекло од Швајцарските Алпи.Се нарекува и Бернер (англиски назив: Berner или Bernese) поради подрачјето од каде потекнува, имено, од кантонот на Берн. Ова планинско куче отпрвин се чувало како чувар на фармите а во минатото биле користени и како запрежни кучиња а понекогаш служел за влечење на млекарските колички. Расата официјално била воспоставена во 1907. Во1937 било признато од страна на Американскиот кинолошки сојуз; Денес истото се рангира како работно куче. Најмногу ги имало јужно од Берн, во подрачјето Дурбах, па луѓето го нарекувале Дурбахлер. Notice the variety in appearance of the original type. Во 1990 година било прогласено за Швајцарско национално куче, а во 1908 година го добило името Бернско планинско куче. лево|мини|Портрет на Бернско планинско куче

Особености Изразената глава на делот на челото му е сплескана. Има силна муцка. Кафените очи пленат со палав поглед. Опашката му е доста влакнеста, но не е свиткан. Влакната му се меки, мазни и долги, лесно брановити, но не кадрави. Има сјајна црна боја, со кафени полиња по лицето, над очите и на долните делови на нозете. На градите, на крајот на опашката и на шепите има бели пеги. Заради својата раскошност влакната бараат грижлива нега.

Темперамент Кучето има добар темперамент, добродушно е и се приврзува за семејството. Пријателски е расположено кон домашните животни кои ги чува. Ги извршува послушно зададените обврски и лесно се дресира. Добро го поднесува студот и може да спие на отворено. Сака отворен простор и затоа не е погоден за урбани средини и чување внатре во домот. Но поради благиот карактер умее да се прилагоди на секакви услови.

Здравје Спаѓа во издржливите раси на кучиња но има релативно краток животен век. Кога ќе наполни 7-8 години веќе се смета за зтаро. Некои слични раси имаат поголем животен век, над 10 години.http://users.pullman.com/lostriver/survey_comparisons.htm Dog Longevity Web Site, Survey Comparisons page. Compiled by K. M. Cassidy., Посетено на 5. 7. 2007. најчесто се разболува од рак, но и ревмата е доста застапена.http://users.pullman.com/lostriver/breeddata.htm Dog Longevity Web Site, Breed Data page. Compiled by K. M. Cassidy., Посетено на 8. 7. 2007.. Во САД и Канада, скоро половина Бернски планински кучиња умираат од рак.http://www.bmdca.org/health/Miscellaneous/Health_Report.php 2000 BMDCA Health Survey, Bernese Mountain Dog Club of America, Посетено на 8. 8. 2007. Најдолг век на некој Бернер е забележан во 2004, во Англија (15,2години).http://www.thekennelclub.org.uk/item/570 Kennel Club/British Small Animal Veterinary Association Scientific Committee. 2004. Purebred Dog Health Survey., Посетено на 5. 7. 2007. Артритис кај Бернското куче се појавува и кога е млад, 4-5 години.

Накусо, Бернското планинско куче е со нежно здравје така да му треба нега и внимание. Староста на Бернското планинско куче1234567891011Старост на човекот14223140495867768594100

Надворешни врски

Кинолошки сојуз на Република Македонија Бернско планинско куче (на српски) Швајцарија - Клуб на Бернски планински кучиња

Наводи

Категорија:Кучешки раси Категорија:Сточарски кучиња Категорија:Берн Категорија:Берн (кантон)