Вовед во фотографијата и фотоапаратите мини|Фотоапарат IBBOR DRP Фотографијата денеска е составен дел од животот до таа мерка што просечна личност во една развиена западна земја се среќава со повеќе од 1000 фотографии во текот на денот.Фотографиите ги чуваат личните сеќавања (семејни фотографии) и не информираат за јавните настани (новинска фотографија).Тие претставуваат средство за идентификација (фотографии за лични документи како пасош,возачка дозвола и сл.) и гламуризација (портрети на филмски ѕвезди); ни ги наближуваат далечните и егзотични места на планетата (патувачка фотографија); вселената (астрална фотографија); како и микроскопски сцени внатре во човечкото тело (медицинска и научна фотографија). Многу специјализирани комерцијални категории вклучувајќи модна, рекламна и архитектонска фотографија исто така спаѓаат под широкиот чадор кој ја дефинира функцијата на фотографијата во денешното општество. Улогата на фотографијата во визуелните уметности била предмет на многубројни дебати. Од самиот почеток фотоапаратот бил сметан како конкурент на сликарската четка. Неговата способност без многу напор да регистрира и репродуцира тонови, детали и перспектива дефинитивно има ставено крај на одредени сликарски форми, како на пример минијатурните портрети. Денеска на широко се верува дека фотографијата влијаела врз сликарите да го напуштат реалистичното прикажуваъе и да се свртат кон интерпретативни и апстрактни стилови како импресионизмот, експресионизмот и кубизмот. Во основа фотографијата се смета за модерна уменост поради нејзиното доцно појавување и употребата на апарат кој пак е резултат на технологијата. Денеска сме сведоци на сè поголем број на уметници кои го напуштаат сликарството и се ориентираат кон фотографијата како изразено средство или во најмала рака комбинираат сликарство со фотографија. Зборот фотографија доаѓа од двата грчки збора "ФОС"(светлина) и "ГРАФОС"(со значење пишуваъе или цртање со светлината). Фотографијата е метод на изработка на трајни слики по пат на хемиска реакција која настанува кога светлината ќе допре до специјално припремена површина. Нејзиното откривање се случило во текот на првите три декади од 19 век како директна последица на напредокот во хемијата и оптиката. Станува збор за два посебни научни процеса кои кога биле комбинирани го овозможиле постоењето на фотографијата. Помалку е и чудно што фотографијата не била пронајдена и порано затоа што овие два процеса одвоено биле веќе познати, но дури откако биле искомбинирани во едно, фотографијата била откриена. Првиот од овие два процеса е оптички и се нарекува камера опскура (што во превод значи темна соба). Камерата опскура се состоела од затворена кутија со многу мал отвор на едната страна и стаклена плоча на другата страна.Вториот процес за пронаоѓање на фотографијата бил хемиски.Блажев. И.- фотографија и мултимедија стр. 7
Први фотографии: мини|Фотоапарат Перфекта 1826:Првата фотографија Францускиот пронаоѓач Жосеф Нисефор Нипс користи камера опскура за да ја направи првата позната фотографија. Процесот се нарекува "Хелиографија". 1839:Прва фотографија на човек Во почетокот на 1839 година Дагер фотографира Париска улична сцена од својот прозорец користејќи Камера опскура и неговиот изум дагеротипија. Долгата експозиција од неколку минути значи дека движечките објекти како пешаци и кочии не се гледаат на фотографијата.Но, неидентификуван човек кој стои доволно долго додека му ги чистат чевлите станал првиот фотографиран човек. 1847:Први воени фотографии За време на Мексиканско-американската војна, дагеротипистот Чарлс Бетс ја следи Американската армија во Веракрус, Мексико и според огласот се нуди да ги фотографира мртвите и ранетите. Но првиот официјален фотограф е Роџер Фентон кој е испратен од Британската влада да ја фотографира Кримската војна. Во периодот од 1855-1856 направил околу 350 фотографии, главно портрети. 1861:Првата колор фотографија Влијателниот шкотски физичар Џејмс Максвел создал колор фотографија со мешање на трите основни бои- црвената, сината и жолтата. Неговата колор фотографија ја докажала ефикасноста на тробојниот метод кој дотогаш бил само теорија. 1878:Првите фотографии во акција Англискиот фотограф Едвар Мејбрич, користејќи нови емулзии кои дозволувале речиси инстантни фотографии, започнал да фотографира секвенци кои прикажуваат луѓе и животни во движење. Серија на галопирачки коњ, создадена со помош на 12 камери помогнала да се смири дискусијата околу тоа дали коњите ги креваат сите 4 копита при галоирање.Со тоа фотографијата се промовира како алатка за проучуваъе на движењето. 1888:Првиот масовно производен фотоапарат Со паролата "Вие притиснете го копчето, а ние ќе направиме се друго " Кодак го промовира својот прв масовно произведен фотоапарат. Направен од дрво со димензии од 17*10 см, експозиција од 1/25 сек. и филм од 100 пози, по завршување на филмот се праќал назад кај производителот кој го развивал филмот, правел копии, го полнел апаратот со нов филм И му го вракал на сопственикот. 1889:Првата фотографија објавена од Натионал Геограпхиц Првата фотографија објавена во овој познат часопис е од релјефна карта на Северна Америка. А првата фотографија од природна сцена е од островот Хералд на Арктикот фотографиран од брод и објавена во мартовскиот број од 1890 година. 1962:Првата подводна фотографија во боја Биологот Вилијам Лонгли и фотографот на Натионал Географик Чарлс Мартин, користат аутохром колор техника и голема количина на експлозивен магнезиумски прашок за блиц осветлуваъе и во плитките води на коралниот гребен на Флорида ги прават првите подводни фотографии кои прикажуваат кои прикажуваат подводни сцени со риби. 1946:Првата фотографија снимена од вселената Истражувачите од оделот за применета физика на универзитетот Џон Хопкинс поставиле 35мм фотоапарат на германска Б-2 ракета и ја лансирале во вселената. Апаратот снимал по една фотографија на секоја секунда и пол додека ракетата се кревала на висина од 105км над површината над земјата.Апаратот паднал на земјата, но филмот затворен со челична кутија останал неуништен.Развиените црно-бели фотографии се првите кои ја прикажуваат нашата планета од вселената врамена во црниот универзум. 1991:Првиот дигитален фотоапарат Кодак го пушта во продажба првиот професионален фотоапарат.Оваа направа со екстремно висока цена користи тело од класичен апарат со сензор од 1,3 МП. Во следните 5 години неколку произведувачи на фотоапарати излегуваат со свои модели со попристапни цени, додека денеска пазарот е преплавен со стотици модели на фотоапарати.Блажев. И.- Фотографија и мултимедија стр. 15
Аналогна фотографија: мини|Фотоапарат Полароид До пред дваесетина години терминот Аналогна фотографија не се користеше толку често како денеска. Постоеше само Фотографија. Но со појавувањето на дигиталната фотографија како нејзина спротивност терминот Аналогна фотографија влезе во се почеста употреба. Аналогна Фотографија подразбира фотографија која е заснована врз хемиски процеси и користи филм како медиум за снимаъе на фотографиите.Таа беше доминантна форма на фотографија во текот на историјата сè до скоро, кога дигиталната фотографија полека го презема приматот. Денеска аналогната фотографија е истисната од масовна употреба.Ја користат професионални фотографи, студенти, уметници и романтичари кои според нечии мислења не можат да се помират со технолошкиот напредок.Веќе неколку фабрики кои до скоро произведувале филмови и материјали за аналогна фотографија ги имаат затворено своите погони и отпуштено своите работници. Дебати на тема Дали аналогната фотографија е веќе мртва? Сè се поактуелни и многу чести. За некои филмот се поистоветува со винилните плочи, остатоци од една ера која полека изчезнува.За други, тука вклучувајќи и професионални фотографи квалитетот на аналогната фотографија е сѐ уште ненадминат од дигиталната фотографија. Квалитетот на сликата кој се постигнува со аналоген фотоапарат е многу висок и фотографиите се многу остри. На другата страна аргументите против аналогната фотографија се дека никогаш не знаеш што имаш сè додека не го развиеш филмот, изгребани негативи итн. Непобитен факт е дека аналогната фотографија бара и дозволува многу поинаков пристап за разлика од дигиталната фотографија. Аналогната фотографија ја карактеризира поголема рационалност во бројот на снимените пози, што резултира во односот квалитет над квантитет, додека леснотијата со која се прават дигиталните фотографии резултира во однос квантитет над квалитет. Кај аналогната фотографија се потенцира моментот на фотографирање за разлика од дигиталната фотографија каде голем акцент се става на моментот на прегледување на снимената фотографија што секако е резултат на можноста веднашда се прегледува снимениот материјал во самиот апарат.Ова поместување честопати го привлекува вниманието од самиот субјект и сцена која се фотографира. Гледано од финансиска страна во старт аналогната фотографија е поевтина. Цената на аналогните фотографии е пониска од таа на дигиталните но кога ќе се додаде трошокот за филмови и нивно развивање тогаш трошоците се изедначуваат. Како и да е, и покрај прогнозите дека аналогната фотографија е веќе мртва таа сепак сѐ уште зазема значајно место во фотографската индустрија. Можеби не уште за долго но заљубеници во филмот секогаш ќе има.Блажев. И.- Фотографија и мултимедија стр. 21
Хемиски процеси
Познато е дека во моментот кога ќе се притсне копчето на апаратот и ќе се слушне она толку познато "клик" фотографијата е направена. Но, во тој момент ништо не се познава на филмот. Сликата е таму но во тој момент е невидлива. Дури откако филмот ќе се изложи на низа хемиски влижанија сликата ќе се појави. Станува збор за стандардизирани постапки со веќе подготвени хемикалии (потребно е само нивно мешање со вода) кои се лесно изводливи и достапни дури на фотографите почетници. Првиот чекор за добиваъе на фотографија е развиваъе на филмот.Тоа се прави со течност која се нарекува развивач , хемикалија која ја претвора невидливата слика во видлива. Всушност развивачот реагира со сребрените халогениди со кои е покриена површината на филмот и таму каде што светлината допрела ќе ги претвори во темни делови составени од црно сребро, додека деловите каде што светлината не допрела остануваат светли, покриени со сребрени халогениди. Откако ќе помине низ развивач сликата на филмот е видлива, но ако се извади на дневна светлина во овој момент таа набрзо ќе потени под влијание на светлината. Затоа најпрво филмот треба да се стави во друга хемикалија, наречена прекинувач, кој го прекинува процесот на понатамошно развивање на филмот и веднаш потоа во фиксир (исто така течност) кој, како што кажува и самото име го фиксира филмот, односно го прави отпорен на светлина. Дури откако филмот ќе помине низ оваа последна фаза може да се извади на светлина и да се прегледа. На крајот останува уште само убаво да се измие под обична вода затоа што остатоци од фиксирот со тек на време може да предизвикаат оштетуваъа. Фактори кои влијаат на развивањето на филмот се температурата на хемикалите, времето на развивање и фиксирање како и свежината на употребените хемикалии. Овие фактори влијаат врз густината, контрастот, острината и деталите на развиениот филм. Исто така постојат различни типови на развивачи кои даваат различни резултати зависно од потребите и вкусот на фотографот.