300px|right|thumb|Илустрација на вселенското летало Фобос Мисијата Фобос () била мисија на две летала без екипаж, лансирани од страна на Советскиот Сојуз со цел да се проучи планетата Марс и нејзините сателити Фобос и Дејмос. Леталото Фобос 2 влегло во орбитата на Марс, и испратило 38 фотографии. И двете летала се изгубени.

Фобос 1 и Фобос 2 биле дизајнирани според начинот на кој биле дизајнирани леталата испратени во мисија околу планетата Венера 1975-1985, а последен пат употребени за латалата „Вега“, за пресретнување на Халеевата Комета.

Фобос 1 е лансиран на 7 јули 1988 година, а Фобос 2 на 12 јули 1988 година. Секое летало тежело околу 2600 kg (6220 кг со останатите вметнати делови).

Во оваа мисија учествувале 14 други земји, вклучувајќи ги Франција, Шведска, Швајцарија, Австрија, Западна Германија и САД.

Цели на мисијата Целите на мисијата Фобос биле проучување на планетата Марс, и нејзините сателити, посебно составот и површината на Фобос. А за таа цел, леталото Фобос 2 било опремено со посебни инструменти и ласери за кревање прашина на површината на Фобос и анализа на материјалите. Леталата биле опремени за испитување со радар, со инфрацрвени и гама-зраци, и три телевизиски камери. Со вакво набљудување од орбитата, на површината на Фобос требало да се спуштат две различни сонди: едната неподвижна и усидрена на површината која долгорочно ќе пренесува податоци, а другата направа со ногарки за скокање, наменета за скокање по површината на сателитот и известување за откритија од целата негова површина.

Фобос 1 Вселенското летало Фобос 1 е лансирано на 7 јули 1988 година, а два месеца подоцна објавено е дека е изгубен контакт со него, поради грешка во радиските команди.

Фобос 2 Фобос 2 среќно стигнало во орбитата на Марс на 28 јануари 1989 година, кога контролниот центар на советската мисија ги потврдил ненадејните „проблеми“ во комуникација со леталото. Официјалната новинска агенција Тас известила: „Фобос не успева да оствари комуникација со Земјата како што е планирано откако вчера завршил со операцијата околу природниот сателит на Марс, Фобос. Научниците од контролата на мисијата не се во можност да воспостават стабилна радио-врска.”

Но, наредниот ден, висок претставник на советската вселенска агенција Главкосмос, навестил дека навистина нема надеж да се воспостави контакт со леталото. Некои известувања објавени во европскиот печат проговориле за „неидентификуван предмет“ кој можел да се види „на последната слика снимена од леталото“.

Шпанскиот дневник Ла Епоха, на пример, официјалната вест на московскиот дописник за Европската новинска агенција ЕФЕ, ја објавил под наслов „Фобос 2 снимил необични фотографии од Марс пред губењето на контактот со својата база”. Следува преводот на официјалната вест:

Контроверзната фотографија Пред да се изгуби контактот со леталото Фобос 2, фотографиите што се пристигнати во контролниот центар не се никогаш прикажани во јавноста. Но, во 1991 година, Марина Попович, руски тест пилот во пензија, покажала во јавност копија од фотографијата за која тврдела дека е последната фотографија од Фобос 2. Изјавила дека фотографијата ја добила од космонаутот Алексеј Леонов, која успеала да ја прошверцува надвор од тогашен СССР.

Постојат спекулации дека контроверзните фотографии снимени од Фобос 2 се налик на оние кои ги снимил Маринер 9, а се познати како 4209-75. Поради неизвесност во враќа со авторските права на фотографијата, може да ја погледнете на следниов линк: http://mars-news.de/mr9/4209-75.html

Наводи

Articles in Nature 341 (1989) pages 581 - 619 http://nssdc.gsfc.nasa.gov/planetary/phobos.html http://www.astronautix.com/craft/fobos1f.htm http://www.ias.u-psud.fr/ism/DRV_DATA/HTML/ISM/WELCOME.HTM http://www.marsnews.com/missions/phobos2/ http://www.marsnews.com/news/20020920-phobos2images.html http://mars-news.de/mr9/4209-75.html https://web.archive.org/web/20090829181740/http://www.planetary.org/data/phobos2/

Надворешни врски High quality processed images from the Phobos 2 mission Phobos mission images from the Space Research Institute (IKI) Raw image data from the Phobos 2 ISM infrared instrument What we are searching for on Phobos - an article on the Phobos program at the Web site of the Russian Space Agency Another site with processed images from the Soviet Phobos 2 mission The Complete Phobos 2 VSK Image Data Set http://www.youtube.com/watch?v=L_x68J3tZjY Syndicated television news on unexplained Phobos 2 images

Категорија:Вселенски летови Категорија:Марс Категорија:Космонаутиката во 1988 година