Фејсбук (англиски: Facebook) — мрежно место што служи како услуга за социјално вмрежување со слободен пристап која функционира и е приватна сопственост на корпорацијата Facebook Inc. Корисниците можат да се придружат на мрежи организирани по градови, работни места, училишта и региони за да се поврзат и комуницираат едно со други. Тие, исто така можат да додааваат пријатели и да им испраќаат пораки и да ги ажурираат нивните лични профили за да ги известат пријателите за себеси. Името на мрежното место се однесува на документот „фејсбукс“ кој ги опишува членовите на универзитетската заедница, кој некои американски колеџи и подготвителни училишта го давале на новодојдените студенти, факултети и вработени како начин да се запознаат останатите луѓе на универзитетот.
Мрежата ја основал Марк Закерберг, заедно со Дастин Москович, Крис Хјус и Едуардо Саверин, додека бил студент на универзитетот Харвард. додека бил студент по."Executive Bios" Корисничките сметки на мрежното место, на почетокот биле ограничени само за студентите на Харвард, но набргу станало достапно и за студентите од другите универзитети од Бршленската Лига. Потоа, мрежата стана достапна и за средношколците, но и сите останати лица. Во септември 2006 година беше утврдено дека корисник на може да биде секој кој има повеќе од 13 години и има постоечка електоронска пошта.
Фејсбук наиде на некои контроверзности во последните неколку години. Повремено беше блокиран во неколку земји, како во Сирија и Иран. Исто така, беше и забранет на многу работни места за да ги одвратат вработените од губење време додека ја користат услугата. Приватноста исто така беше проблем и се спогодуваа неколкупати. Исто така се соочуваше со неколку судски постапки од бројни поранешни колеги на Закерберг, кои тврдеа дека Фејсбук го украл нивниот изворен код и друга интелектуална сопственост.
Историја Појавата на Фејсбук дојде како неочекуван профит на верзијата на Универзитетот Харвард на Хот ор Нот (Hot or Not) наречена Фејсмеш (Facemash). Додека беше студент од 2 година на Харвард, Марк Закерберг го измисли Фејсмеш на 28 октомври 2003 година. Закерберг беше опседнат со една девојка и се обидуваше да мисли што да прави за да ја извади од паметот.
Според Харвард Кримсон, Фејсмеш „употребил слики собрани од онлајн фејсбукс од девет Куќи (Houses), со поставување на две една до друга по ред и им побарале на корисниците да ја избрат „пожешката“ личност“. Страницата беше брзо препратена на неколку универзитески групи на опслужувачи за списоци, но беше исклучена неколку денови подоцна од администрацијата на Харвард. Закерберг беше обвинет од администрацијата за кршење на безбедноста, непочитување на авторските права и непочитување на приватноста и се соочи со исклучување, но на крајот обвиненијата беа отфрлени. Следниот семестар, Цукерман го основаше ,, Д Фејсбук’’ ( The Facebook), оригинално сместен на thefacebook.com, на 4 февруари 2004 година. ,, Сите многу зборуваа за универзална книга на лица во Харвард," рече Закерберг на Д Харвард Кримсон (The Harvard Crimson). ,, Мислам дека е малку глупо тоа што на Универзитетот ќе му требаат неколку години за да се навикне на тоа. Јас можам да го направам подобро од нив, и јас можам да го направам за недела дена". Членството на почетокот беше ограничено за студентите на колеџот Харвард и во првиот месец повеќе од половина студенти на Харвард беа регистрирани на услугата. Едуардо Саверин (Eduardo Saverin) (бизнис прашања), Дастин Москович (програмер), Ендру Мек Колум ( Andrew McCollum) (графички дизајнер), и Крис Хјус наскоро му се придружија на Закерберг за да му помогнат во промовирањето на мрежната страница. Во март 2004 година, Фејсбук се прошири кон Стенфорд, Колумбија и Јејл. Оваа експанзија продолжи кога беше отворен за сите од Бршленската Лига и областа на Бостон и училиштата, речиси сите универзитети во Канада и Соединетите американски држави. Во јуни 2004 година, Фејсбук ја премести својата база на операции во Пало Алто, Калифорнија. Компанијата го исфрли Д’ (The) од своето име откако го купи името-домен facebook.com во 2005 година за 200,000 долари.| Фејсбук ја лансираше верзијата за средните училишта во септември 2005 година, што Закерберг го нарече следниот логичен чекор... Во тоа време, мрежите на средните училишта бараа покана за приклучување. Подоцна, Фејсбук ја прошири квалификуваноста за членство на вработени од неколку компании, вклучувајќи го Ејпл (Apple Inc.) и Мајкрософт (Microsoft). Дури потоа на 26 септември 2006 година, Фејсбук бил отворен за сите на возраст од 13 години и постари со валидна електронска адреса. Во октомври 2008 година, Фејсбук објави дека ги постави своите меѓународни штабови во Даблин, Ирска.
Финансии Фејсбук ја добил својата прва инвестиција од 500,000 американски долари во јуни 2004 година од ПејПал (PayPal), соосновач Питер Тил (Peter Thiel). На ова следеше година подоцна, 12,7 милиони долари во вложен капитал од Ексел Партнерс (Аccel Partners) и потоа уште 27,5 милиони долари од Грејлок Партнерс (Greylock Partners). Оддавањето изјава за прилив и одлив на пари покажало дека во текот на фискалната 2005 година, Фејсбук имал мрежна загуба од 3,63 милиони долари.
Со продажбата на друштвеното мрежно место МајСпејс на Њус Корп (News Corp) на 19 јули 2005 година, почнаа да кружат гласини за можното продавање на Фејсбук на поголема медиска компанија. Закерберг веќе рече дека не сака да ја продаде компанијата и ги отфрли сите гласини. На 28 март 2006 година, БизнисВик (Bloomberg Businessweek) соопшти дека условно купување на Фејсбук е во преговори. Фејсбук наводно одбил понуда од 750 милиони долари од непознат понудувач и се зборуваше дека бараната цена достигнала сè до 2 милијарди долари. thumb|Штабови на Фејсбук во Пало Алто,Калифорнија Во септември 2006 година, зазедоа место сериозни разговори помеѓу Фејсбук и Јаху! (Yahoo!) во врска со купувањето на Фејсбук, со достигнување на цените сè до 1 милијарда долари. Тиел, тогашен член на одборот на Фејсбук, навестил дека внатрешната проценка на Фејсбук била околу 8 милијарди долари, заснована на нивните проектирани приходи од 1 милијарда долари до 2015 година, слично со МTV брендот Виаком (Viacom), компанија со поделена цел кон демографската публика.
На 17 јули 2007 година, Закерберг рече дека продавањето на Фејсбук не е веројатно затоа што тој сакал да го сочува независен, со зборовите ,, Ние не сакаме баш да ја продадеме компанијата... Ние не сакаме да го ставиме на берзата наскоро. Едноставно, тоа не е централниот фокус на компанијата".
Во септември 2007 година, Мајкрософт стапи во контакт со Фејсбук, понудувајќи му инвестиција во замена со 5% дел во компанијата, со понуда од проценка од 200-500 милиони долари.Тој месец, други компании, како и Гугл (Google), изразија интерес во купувањето на дел од Фејсбук.
На 24 октомври 2007 година, Мајкрософт објави дека купил 1,6% од акциите на Фејсбук за 240 милиони долари, со што му дал на Фејсбук вкупна имплицирана вредност од околу 15 милијарди долари. Сепак, Мајкрософт купи избрани акции кои носат посебни права, како што се ,, ликвидациски преференци" што значи дека Мајкрософт ќе биде исплатен пред заедничките акционери ако се продаде компанијата. Делот на Мајкрософт исто така вклучува и права кои заземаат место во меѓународните огласи на Фејсбук. Во ноември 2007 година, милијардерот од Хонгконг Ли Ка-шинг (Li Ka-shing), инвестрираше 60 милиони долари во Фејсбук. Во август 2008 година, БизнисВик изјави дека приватните продажби од вработените, како и купувањата од вложените капитални фирми, беа и се направени при цени на акциите што ја направи вкупната проценка на компанијата помеѓу 3,75 и 5 милијарди долари. Во октомври 2008 година, Закерберг рече ,, Мислам дека на општествените мрежи не може да им се одреди парична вредност на истиот начин како што направи тоа истражување. ... Во следните три години ние треба да откриеме кој е најпогодниот модел. Но, тоа не е нашиот примарен фокус денес.
Мрежно место Новата почетна страница на Фејсбук ја истакнува формата за пријавување на десното ќоше за постоечките корисници и формата за регистрација директно под неа за новите посетители.
Корисниците на Фејсбук можат да изберат да се приклучат на една или повеќе мрежи, организирани по градови, работни место, училиште и регион. Овие мрежи им помагаат на корисниците да се поврзат со членовите на истата мрежа. Корисниците исто така можат да се поврзат со пријатели, со што ќе им дадат пристап кон профилите на нивните пријатели.
Мрежната страница е слободна за корисниците, но создава приход од маркетинг. Ова ги вклучува транспарентните реклами. Корисниците можат да создават профили со слики и списоци на лични интереси, да разменуваат приватни или јавни пораки и да се приклучуваат во групи од пријатели. По пропуст, гледањето на деталните податоци на профилот е ограничено за корисници од истата мрежа и ,, разумни ограничувања на заедницата''.
Мајкрософт е ексклузивен партнер на Фејсбук во служењето за транспарентно рекламирање, како што и Фејсбук служи само за реклами кои постојат во рекламниот инвентар на Мајкрософт. Според comScore, компанија за истражување на интернет маркетинг, Фејсбук прибира исто толку податоци од своите посетители како што и Гугл и Мајкрософт, но значително помалку од Јаху!.
Особености Медиумите често го споредуваат Фејсбук со МајСпејс, но значајната разлика помеѓу двете мрежни места е нивото на уредување. МајСпејс им овозможува на корисниците да ги декорираат своите профили со користење на хипер текст (HTML-HyperText markup Language) и стилски јазик (Cascading Style Sheets-CSS), додека пак Фејсбук овозможува само едноставен текст.
Фејсбук има голем број на одлики кои корисниците можат да ги користат. Тие се Ѕидот, простор на секоја страна на профилот на корисниците кој им овозможува на пријателите да ги запишуваат своите пораки за да ги види корисникот, Подбуцнувања, кои им овозможуваат на корисниците да си испраќаат меѓусебно виртуелно ,, подбуцнување” (известување кое кажува на корисник дека тие биле подбуцнати), Слики, каде што корисниците можат да префрлаат албуми и слики, и Статус, кој им овозможува на корисниците да ги информираат своите пријатели за тоа каде се и за дејствија. Ѕид на корисник е видлив за секој којшто може да го гледа тој профил на корисникот, што зависи од нивните регулирања на приватноста. Во јули 2007 година, Фејсбук започна со овозможување на корисниците да пуштаат и додатоци на Ѕидот, што претходно беше ограничено само на текстуална содржина.
Со текот на времето, Фејсбук додаде неколку нови одлики на своето мрежно место. На 6 септември 2006 година беше објавен Известувач, којшто го има на секоја почетна страница на корисникот и најважни информации како што се промени на профилот, настани кои претстојат, и родендени на пријателите на корисникот. На почетокот, Известувачот предизвика незадоволство помеѓу корисниците на Фејсбук; некои се жалеа дека бил премногу збркан и полн со непожелни информации, додека пак други беа загрижени за тоа дека многу лесно ќе се откриваат личните активности (како што се промени во статусот на врската, настани, и разговори со други корисници). Како одговор на ова незадоволство, Закерберг изјави извинување за неуспехот на страната што немала соодветни уредувачки одлики за приватност.
Оттогаш корисниците можат да контролираат какви видови на информации ќе споделуваат автоматски со пријатели. Корисниците сега можат да ги спречат пријателите од гледање на ажурирањата за различните видови на активности, како и измените на профилот, писма на Ѕидот и новите додадени пријатели.