Псоре (, Ипсило, до 1928 Ψόχωρι, Псохори)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Υψηλό — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 7 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро на десниот брег од реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 703 метри.

Историја

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кономлади имало 84 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 13 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8..

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Псор се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 12 куќи.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 108 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 102 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Ипсило.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 3 деца од селото биле протерани како деца бегалци

Демографија Во 1928 година селото броело 121 жител., додека во 1940 година селото броело 154 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 142 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 124 жители, во 1971 година имало 76 жители, во 1981 година имало 92 жители, додека во 1991 година имало 92 жители. Денеска, населението на селото е 214 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Костур (општина)