мини|Различни видови патенти Патент или рајсферсшлус — вид на поврзување помеѓу две парчиња материјал.

Етимологија Рајсферсшлус е преземен од германскиот јазик (од зборот, кој е соединение од два збора: — „кине“ и — „затворач“.

Историја Првиот патент бил дизајниран од Американецот Виткомб Џадсон во 1893 година. Во облик во кој сè уште се користи денес, бил патентиран во 1913 година.Дипре, Б. & Ворал, М. 2007. Оксфорд школска енциклопедија. Књига-комерц: Београд. 978-86-7712-201-0.

Механизам мини|десно|Механизам Патентот се состои од два реда запци („ластовичкина опашка“) кои се поставени еден спроти друг и се вклопуваат еден во друг кога патентот е затворен. Лизгачки механизам ги поврзува кога се влече на едната страна. Кога се влече на другата страна, ги раздвојува бидејќи составен дел му е клин во триаголен облик кој се вметнува во самиот спој на забите, кој се нарекува туркач или лизгач.Вујаклија, М. 1985. Лексикон страних речи и израза. Просвета: Београд.

Употреба Патентот има широка примена. Најчесто може да се забележи на облеката, како што се јакни и фармерки, како и на чанти и други текстилни предмети.

Наводи

Категорија:Облека Категорија:Американски пронајдоци Категорија:Шведски пронајдоци Категорија:Прицврстувачи