Хипотезата за акватичкото потекло на човекот, понекогаш наречена и акватичка теорија, е теорија за еволуцијата на човекот, која вели дека телото на хоминидите е резултат на период кој тие го минале живеејќи во вода. Теоријата потекнува од Стара Грција, но првпат е публикувана со научни објаснувања во 1942 година. Акватичката теорија за потеклото на човекот е дискутирана од страна на етнологот Дезмонд Морис во неговата книга од 1960 година Гол човек.

Хипотези Според оваа теорија: Малку копнени цицачи можат да се мерат со човекот во пливање под вода, а и тие пливаат „кучешки“, за разлика од елегантното пливање на луѓето. Човечкото бебе е способно да плива веќе после неколку недели живот, а при тоа е способнo да го прилагоди дишењето под вода. Кожата без влакна е карактеристична само за цицачите пливачи (делфини, китови) и за полуводените видови (нилски коњ, на пример). Правецот во кој растат влакната кај човекот се разликуваат од оние кај човеколиките мајмуни. Влакната кај човекот растат „низводно“, т.е. даваат најмал отпор на водената струја. Голото човечко тело има форма на добро конструиран чамец. Од сите цицачи само човекот има сало под кожата, што е типично за водените цицачи, но не и за копнените. Човекот е суштество што зборува, а тоа се смета за „пренагласено дишење“, а да нуркате, значи да владеете со дишењето. Човекот има мембрана меѓу прстите од нозете, како и меѓу показалецот и палецот на рацете, што се остатоци од пераи. За разлика од другите мајмуни, носот на човекот е под агол од 90 степени свртен надолу, идеално за нуркање. Човекот плаче, исто како морските цицачи, кои преку солзите се ослободуваат од вишокот сол.

Наводи

Категорија:Еволутивна биологија Категорија:Претпоставки