Товарот на докажување (лат. onus probandi) е обврската да се промени во сопствена корист наводниот заклучок којшто претставува спротивно мислење (ова може да се сфати или во негативна или во позитивна смисла). Докажување може да се постигне само со докази.

Под латинската максима necessitas probandi incumbit ei qui agit лежи основното правило кое вели „неопходноста да се докаже нешто лежи во рацете на оној што тужи“. Така, докажувањето вообичаено лежи на товар на странката којашто поднесува нова тужба. Исклучок на ова правило е кога постои случај prima facie.

Тој што не го носи товарот на докажување, носи претполагање на невиност, со значење дека нема потреба од никаков доказ да го поддржи неговото тврдење. Докажувањето ефикасно ја презема контролата врз претполагањето на невиност, така што го префрла товарот на докажување на другата странка.

Докажувањето е особено значајно прашање во областа на правото и науката.

Видови товари

Општоземено постојат два вида на товар :

„Правниот товар“ или „товар во вид на убедување“ е обврска која останува на товар на една единствена странка за време на целото времетраење на тужбата. Еднаш штом товарот целосно е растеретен на задоволство на истражителот, странката на чии плеќи лежи товарот ќе успее да ја добие тужбата. На пример, претполагањето на невиност го сместува правниот товар на грб на обвинителството чија задача е да ги докаже дека сите елементи на одбраната (најчесто без да постои разумно сомневање) и да докаже дека сите одбрани се лажни освен одбраните сторени во самодбрана во кои докажувањето непостоење на сите вакви одбрани не се смета за нужна обврска на обвинителството.Патерсон против Њујорк, Paterson v. New York 432 U.S. 197 (1977) „Товарот на водечките докази“ е обврска која се менува меѓу странките во текот на сослушувањето или судењето. Една странка може да достави докази коишто судот ќе ги смета за prima facie докази во одредени ситуации. Ова создава товар на докажување врз обвинителството да претстави докази кои ќе докажат дека претполагањето на невиност е неточна.

Стандард на докажување

„Стандардот на докажување“ е нивото на докажување кое се бара во една правна постапка со цел да се докаже, т.е. да се убеди судот дека даден предлог е вистинит. Степенот на докажувње зависи од околностите во кои настанал предлогот. Типично, повеќето земји имаат две нивоа на докажување:

одмерување докази – најниско ниво на докажување (најчесто се применува при судења за граѓански спорови)

докажување вина без да постои никакво разумно сомневање дека тоа не е така – највисоко ниво, најчесто во судења за кривични спорови)

Покрај овие, САД воведе и трет стандард наречен стандард на јасни и убедувачки докази, кои се смета за средно ниво на докажување, кое се применува, најчесто во случаи во кои државата бара да се прекинат нечии родителски права.

Првиот обид да се изрази основаното сомневање беше направен од страна Симон во 1970 г. При обидот, таа на група студенти им претставила како изгледа едно судење. Половина од студентите решавале за виновноста или невиновноста на оптужениот. Другата половина сметајќи ја веројатноста, изразена во процент, решила дека оптужениот извршил криминал. Таа тогаш ја поврза најголемата веројатност за вина со пресудите кои го осудуваат оптужениот и најмалата веројатност за вина со ослободителните пресуди. Од ова, таа проценува дека границата за основано сомневање се наоѓа некаде меѓу највисоката веројатност за вина поврзана со ослободителна пресуда и меѓу најниската веројатност за вина поврзана со осуда. Од овие примери, Симон заклучува дека стандардот се наоѓа некаде 0.70 и 0.74.„Распределби на интересот за изразување основано сомневање во бројки и нивната примена "Distributions of Interest for Quantifying Reasonable Doubt and Their Applications" (PDF).

Стандарди за претрес, за апсење или за налози

Основано сомневање

Основано сомневање е низок стандард на докажување во САД со цел да се одлучи дали краток претрес од страна на полициски службеник или владин агент е неопходен. Значајно е да се забележи дека ова застанување и/или претрес мора да биде кратко; неговата деталност е пропорционална со и ограничена од нискиот стандард на докажување. Построг стандард на докажување (честопати веројатна причина) ќе се бара кога е неопходен подетален претрес. Во случајот Тери против Охајо (Terry v. Ohio, 392 U.S. 1; 1968). Врховниот суд во САД пресудил дека основаното сомневање бара специфично сомневање, сомневање кое може да се докаже, сомневање поврзано со определена личност или предмет, сомневање дека се планирало кривично дело. Чист погодок или „претчувтство“ не е доволна причина да претставува основано сомневање.

Основ за апсење

Веројатниот основ е релативно низок стандард на докажување, којшто се применува во САД да се утврди дали еден претрес, или налог, е оправдан. Исто така, се применува и при случаи во кои одлучува голема порота дали да покрене обвинение. Во контекст на граѓанското право, овој стандард често се применува кога тужителите бараат правен лек за нанесената штета.

Во контекст на кривичното право, Врховниот суд на САД во случајот САД против Соколов (United States v. Sokolow), 490 САД. 1 (1989), утврди дека веројатниот основ бара „веројатност дека ќе се пронајдат докази за постоење на кривично дело“ кога одлучуваше дали службениците при Управата за управување со лекови имале причина да извршат претрес. Одлуките на судовите варираат кога треба да проценат што претставува „фер веројатност“, некои велат 30%, некои 40%, некои 50%.

Добра илустрација за овој вид сериско докажување може да се смета типична интеракција меѓу еден полициски службеник и еден граѓанин. Разгледајте ги следниве три интеракции:

→ не се бара никакво ниво на сомневање : средба меѓу полициски службеник и граганин без никакво противење

→ се бара причина за постоење основано сомневање : запирање предизвикано од страна на полицискиот службеник што би предизвикало едно разумно лице да почувствува дека не е слободно да си отиде

→ неопходен е веројатен основ : апсење.

Стандарди на претставување случаи или одбрани

Принцип на реалност

Овој принцип е стандард на докажување којшто се користи да се утврди дали може да се примени одредена кривична одбрана. Тестот опфаќа прашања дали една одбрана би била успешна ако се претпостави дека сите наведени факти се вистинити. Во повеќето случаи, товарот на докажување лежи единствено на страната на обвинителството, негирајќи ја потребата за каква било одбрана. Сепак, кога се јавуваат исклучоци и кога товарот на докажување е префрлен на страната на оптужениот, од него се бара да постави одбрана која што е „реална“. Два случаи кои може да придонесат вакво нешто да произлезе се, првиот кога е постои prima facie случај против обвинетиот, и вториот кога одбраната се вади на т.н афирмативна одбрана (која што го оправдува стореното дело), како што е самоодбраната.

Стандарди за осудување

Урамнотеженост на веројатностите

Урамнотеженоста на веројатностите, исто така позната како одмерување докази, е стандардот којшто е непходен при повеќето граѓански случаи. Стандардот е исполнет ако се претпоставува дека предлогот е повеќе вистински отколку лажен. За стандардот ефикасно да се задоволи потребно е да постојат повеќе од 50% дека предлогот е вистинит. Лорд Денинг, во Miller v. Minister of Pensions,Miller v. Minister of Pensions 2 All ER 372 едноставно го опишува тоа како „поверојатно“.

Јасни и убедувачки докази

Јасни и убедувачки докази е највисокото ниво на товар на убедување што некогаш било употребено при граѓанската постапка во САД. Да се докаже нешто со „јасни и убедувачки докази“, странката, на чијшто грб паѓа товарот на докажување, мора да ги убеди поротата или судијата дека значително е поверојатно тврдењата во суштина да се вистинити. Ова е понезначително барање од тоа „да се докаже дека за постоењето одредено зло е одговорен обвинетиот и никој друг“, коешто бара од поротата или судијата да бидат речиси сигурни во вистината на наложената проблематика, но е построго во однос на барањето кое го налага принципот на „одмерување докази“, којшто едноставно налага наведената проблематика да има далеку повеќе шанси да е вистинита отколку лажна.

Докажување вина без да постои основано сомневање дека обвинетиот е сторителот

Ова е стандард којшто се бара да го исполни обвинителството во повеќето кривични случаи во рамки на адверсативните системи како највисоко ниво на убедување. Ова значи дека предлогот претставен од државата мора да се докаже до тој степен така што нема да постои никакво „основано сомнение“ во разумот на едно лице дека обвинетиот е виновен. Сепак, може да постои сомневање, но само до степен којшто не би влијаел врз верувањето на едно „разумно лице“ дека обвинетиот е виновен. Ако сомневањето што е предизвикано влијае врз верувањето на една „разумна личност“ дека обвинетиот е виновен, тогаш поротата е незадоволена што се однесува до докажувањето вина на обвинетиот без да се предизвика никакво основано сомневање. Точното значење на зборовите како што се „основано“ и „сомневање“ вообичаено се дефинира во рамки на судската практика на релевантната земја.

Што всушност претставува товарот на докажување? Најпрво, мора да го разјасниме значењето на зборот „товар“. Најчестите поротници го толкуваат како тежина. Поротниците ја замислуваат државата во личноста на обвинителот како масивен предмет на неговиот грб што се обидува да го носи определено растојание по угорница – па, оттука, сме слушнале како адвокатите на одбраната велат дека државата носи „тежок товар“. Зборот „товар“ нема никаква врска со тежина, маса или други видови на физички пропорции – зборот едноставно означува одговорност. Одговорност на државата е да докаже дека обвинетиот е виновен. Нема никаква врска со степенот или интензитетот на докажувањето. Кој треба да ја докаже вината на обвинетиот? Државата. До кој степен мора да се докаже таа вина? Што значи тоа? Повторно се појавува проблем со зборовите употребени на чуден и специфичен начин. Зборот „beyond“ од оригиналната фраза значи подалеку или повеќе.Погледнете, Буљиози (Bugliosi), Till Death Us Do Part (Нортон, 1979 г.) Јасно е дека тоа не е она што всушност го означува во правна смисла. Државата не мора да го „носи товарот“ до некоја одредена точка која што претставува основано сомневање. Државата секако не се обидува да докаже дека постои повеќе од едно основано сомневање.Id. Ако барем нешто се обидува да докаже, тоа е дека не постои основано сомневање, коешто би го поматило умот на поротникот или судијата. Зборот „beyond” во фразата „beyond a reasonable doubt“ значи „со исклучок на“.Тоа значи дека државата мора да го исклучи кое било основано сомневање за вината на обвинетиот. Едноставно кажано, фразата значи дека ако поротник или судија има основано сомнение, нивна должност е да предадат ослободителна пресуда. Од друга страна, ако поротник/судија немаат основано сомневање, за тоа дека државата ја исполнила својата одговорност на докажување, тогаш обврска на поротникот/судијата е да го прогласат обвинетиот за виновен.