300px|thumb|right|Македонска прослава во Берлин, Германија
Македонската дијаспора ја составуват Македонците кои живеат надвор од границите на Република Македонија. Првите иселувања на Македонците почнаа во 1900 година, поради политички и економски причини. По неуспешните востанија за ослободување на татковината во почетокот на XX век, многумина Македонци почнаа да се иселуваат од родните огништа поради разни притисоци. Најчесто иселувањето беше во прекуморските земји. Значително иселување на Македонците имаше и по Грчката граѓанска војна, по која од Егејска Македонија беа протерани голем број луѓе, (се претпоставува околу 100.000), кои замина во источните европски држави.
Вториот бран на иселување на Македонците се случил во 1980 и 1990-тие години поради економски причини. Извештајот од 1964 година наведува број на 580.000 македонски иселеници.Тополињска З.- International Journal of the Sociology of Language, In place of a foreword: facts about the Republic of Macedonia and the Macedonian language, поглавје: 131, страници: 1-11, 1998 Главен застапник на македонската дијаспора ширум светот е меѓународната организација Обединета Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон, САД.
Македонците во светот
Држава Главен град Број на Македонци Главна статија 1 Австралија Канбера 100,000 или 200,000 Македонци во Австралија 2 Албанија Тирана 4,697 или 180,000 Македонците во Албанија Македонци во Албанија 3 Австрија Виена20,135 Македонци во Австрија 4 Аргентина Буенос Аирес35,000 Македонци во Аргентина 5 Бугарија Софија 5,071 Попис на населенијето 2001 или 205,000Center for Documentation and Information on Minorities in Europe - Southeast Europe (CEDIME-SE) - Македонци во Бугарија Македонци во Бугарија 6 Белгија Брисел5,000 Македонци во Белгија 7 Бразил Бразилија45,000 Македонци во Бразил 8 Босна и Херцеговина Сараево2,275 Македонци во Босна и Херцеговина 9 Чешка Прага13,000 Македонци во Чешка 10 Црна Гора Подгорица1,000 Македонци во Црна Гора 11 Данска Копенхаген3,349–12,000 Македонци во Данска 12 Франција Париз2,300–15,000 Македонци во Франција 13 Финска Хелсинки 8,963 Македонци во Финска 14 Грција Атина10,000 – 300,000 Македонци во Грција 15 Хрватска Загреб 4.270 Македонци во Хрватска 16 Италија Рим92,847 (2009) - 150,000 Македонци во Италија 17 Канада Торонто37,055 - 200,000Македонци во Канада 18 Германија Берлин62,295-100,000Македонци во Германија 19 Холандија Амстердам15,000 Македонци во Холандија 20 Луксембург Луксембург 200 Македонци во Луксембург 21 Норвешка Осло4,005Македонци во Норвешка 22 Полска Варшава2,000-5,000 Македонци во Полска 23 Португалија Лисабон 50 Македонци во Португалиjа 24 Република Српска Бања Лука 341 Македонци во Република Српска 25 Романија Букурешт 731–6,000 Македонци во Романија 26 Русија Москва 1,000 Македонци во Русија 27 Словенија Љубљана 3,972 Македонци во Словенија 28 Словачка Братислава 4,600 Македонци во Словачка 29 Србија Белград30,000 (80,000) Македонци во Србија 30 Швајцарија Берн61,304-100,000Македонци во Швајцарија 31 Шведска Стокхолм 3.669 Македонци во Шведска 32 Шпанија Мадрид 200 Македонци во Шпанија 33 Турција Анкара31,518 Македонци во Турција 34 Нов Зеланд Велингтон 807–1,500Македонци во Нов Зеланд 35 САД Вашингтон57,200-20,000Македонци во САД 36 Велика Британија Лондон10,000-15,000Македонци во Велика Британија
Поврзано Географска распространетост на македонскиот народ Обединета Македонска Дијаспора
Надворешни врски Обединета Македонска Дијаспора Формирање на генералниот штаб на Советот на македонските друштва во Швајцарија на Викиизвор.
Наводи