За други значења видете Андрос (појаснување).
мини|250 п|десно|Градот Андрос Андрос () е остров во грчкиот архипелаг, најсеверниот од Кикладите, приближно 10 км југоисточно од Евбеја, и околу 3 километри северно од Тинос. Островот е долг скоро 40 км, а неговата најголема широчина е 16 км. Неговата површина е во најголема мера планинска, со многу плодни и добро наводнети долини. Андрос, главниот град на источниот брег, имал околу 2000 жители во 1900. Целиот остров, пак, имал околу 18.000 жители во 1900. Пописот од 1991 покажал 8.781 жител. Според пописот од 2001, градот Андрос имал 1.508 жители, додека вкупниот број на жители на островот бил 10.009. Островот се состои од општините на градот Андрос (4.107 жители), Кортио (2.547 жители), и Идруса (3.355 жители). Нивната заедничка површина изнесува 380,041 км2. Најголемите градови се Андрос, Каврио, Баци и Ормос Кортиу.
Општини Општина YPES код Седиште Поштенски број Повикувачки број (+30) Андрос - Андрос 845 00 22820-2 или -5 Идруса - Гаврио 845 01 22820-7 Кортио - Ормос Кортиу 845 02 22820-6
Извори
Надворешни врски Официјално мрежно место на општината Андрос Официјално мрежно место на Кортио Официјално мрежно место на Идруса Ричард Стилвел, изд. Princeton Encyclopedia of Classical Sites, 1976: „Андрос, еден од Кикладите, Грција“
Категорија:Острови во Грција Категорија:Окрузи во Грција Категорија:Киклади Категорија:Општини во Грција Категорија:Членки на Делскиот сојуз