Георги Урдов - Џоџо — македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија. Роден е во градот Воден во 1914 година. Како млад се приклучил на работничкото движење, а е член на КПГ од 1935 година. Учествувал во сите работнички демонстрации во Воден. Втори политички комесар на Окружниот комитт на КПГ за Воденско. Од јуни 1944 година е комесар на Воденскиор баталјон на ЕЛАС, како и заменик командант на првата македонска бригада во Грција. Учествува во основањето на НОФ. Загинал како член на штабот на ДАГ за средна и западна Македонија во јуни 1947 година за време на големиот напад на монархофашистичката војска на планината Пиерија.

Извори Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009 , стр. 1534

Категорија:Луѓе од Воден Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Починати во 1947 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Грчки партизани Категорија:Личности од Грчката граѓанска војна