Љубовно лето (шпански јазик: Verano de Amor) е мексиканска теленовела. Тинејџерската новела е римејк на аргентинската серија од 1998 година под продукцијата на Крис Морена, “Verano del 98”. Во мексиканската верзија главната улога ѝ припадна на популарната мексиканска глумица и пејачка Дулсе Марија, позната од групата РБД.
Дејство 1999. година група деца го поминуваат својот последен ден од летните празници и се заколнуваат на вечно пријателство. Се колнат дека ќе се најдат на истото место за 10 години. Времето поминува и вечното лето се претвора во ноќна мора. Чувствата и невиноста се претвораат во очај и неверица.
2009. година, Данте излегува од затвор и се враќа во соседството Тлакоталпан за да им се одмазди на личностите кои биле дел од неговото минато. Меѓу нив се сестрите Палма: големата љубов на Данте, Флора и нејзината сестра Зое. Данте не ни помислува дека има син. Односот помеѓу сестрите е нарушен сè од моментот кога загинува нивната мајка. Зое е заљубена во својот најдобар пријател Дилан Морета, заради кој тивко пати. Дилан е момче кој е потполно заљубен во филмографијата, и потполно е неспремен за големите одговорности кои ги носи животот. Тој пак е заљубен во новата италијанска сосетка, амбициозната Исабела Рока, внуката на господинот Вито и г-ѓата Аура. Сите свои тајни ќе ѝ ги раскаже на својата најдобра пријателка Зое, но не ни претпоставува дека таа ќе ги искористи.
Најдобриот пријател на Дилан е Балдомеро Олмос, убаво момче, женкар, кој ја обожава музиката и свири контра бас во рок група. Братот на Исабела Енцо исто така се наоѓа во групата, а во него е заљубена Рената. Балдомеро пак ѝ е дечко на Луца, но на својата работа се заљубува во Софија, жена која по години може да биде негова мајка. Софија пати од понижување на сопругот Отон кој во друштвото ја претставува како форензичарка. Балдомеро ќе направи сè за да докаже дека тој е вистинскиот маж во нејзиниот живот, но проблемот настанува кога во Балдомеро се заљубува Дана, ќерката на Софија. Балдомеро живее со својата фамилија: мајката Рејна се прави болна за нејзините деца да бидат покрај неа, сестрата Беренисе е девојка која се однесува како момче, а другата сестра е Миранда, која е хипи и работи како келнерка во Bikini’s Bar, чиј газда е починатиот Роберто. Миранда таму ќе го запознае Мауро, синот на господин Отон.
Дали нашите јунаци ќе преживеат уште едно жешко љубовно лето?
Улоги Глумци Ликови Дулсе Марија Миранда Перес ОлмосЕнрике Роча Дон Вито Рока ПровенцаноХуан Ферара Отон Виљалба / Маркос КасарМарк Тачер Данте Ескудеро / Даниел ГурцанГонсало Гарсија Виванко Мауро Виљалба ДуартеВикторија Диаз Аранго Флора ПалмаНаташа Дупејрон Беренисе Перес Олмос / ГретаКристина Масон Зое Палма Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели