Современа Франција има скоро иста површина како и некогашниот регион Галија во кој живееле некогашните древни келтски жители Гали. Римскиот државник Гај Јулиј Цезар ги покорил Галите во 1 век п.н.е. и тогаш го присвоиле латинскиот јазик и култура а со тек на времето се формирал францускиот јазик кој денес ќе стане вториот доминантен јазик во светот.Од вториот до петтиот век Галите ја прифатиле христијанската вера. Традиционално, 486 година се смета за годината кога била создадена Француската држава. Создавањето ѝ се поврзува со завладувањето на голем дел од Галија од страна на Хлодовик I, крал на Франките. франкиската држава, а подоцна Франција е најстарата држава која била создадена во Европа. Името Франција за првпат се користи во 1190 година, кога кралот Филип II Август започнал да го употребува терминот rex Francie намесо rex Francorum. Името Франција доаѓа од Francie кое во 9 век било користено за да се именува франкиското кралство. Од 1204 година се користело и regnum Francie кое означува кралство на Франција.

Почеток на француската историја

thumb|left|Запис во пештера</s> Како прв народ којшто се поистоветува со денешните французи се Галите. Галите се дел од големиот народ на Келтите, кои се оформиле северно од Алпите. Првата археолошка култура на Келтите е латенската култура во првата половина на 1 век п.н.е. Во околу 500 п.н.е., Келтите започнале да се преселуваат во четри насоки од своите родни места - на запад и северозапад, населувајќи ја целата територија на денешна Франција и Британија; на југозапад, каде ја населиле денешна Шпанија, но не целата; на југоисток келтски племиња стигнале до Панонија, Балканите и дури до Мала Азија; и на југ, каде келтските племиња дошле до голем конфликт со младата Римска република. Во 387 п.н.е. се одвила познатата битка кај реката Алија во која Римската република била поразена, но и покрај тоа што претрпиле пораз на ридот Капитол, војната во крајна сметка била на страната на Рим. Оваа почетна историја на Келтите и Галите доведува до нивниот опис дека тие се воинствен народ.

Галите, под раководство на Ханибал биле завладеани од страна на Римското Царство во 222 п.н.е. и во следните сто години римјаните стигнале и до јужните делови на Галија. Под притисок на Рим, Галите многу бргу биле латинизирани. Некои села се претвориле во големи градови, кои постојат до ден денес. Марсилија и Никеја, кои биле основани од страна на грчките колонијални групи во 6 век п.н.е. се првите градови на денешната Франција, односно Марсеј и Ница. Од страна на римјаните пак, биле основани градовите Лугдунум (Лион), Лутеција Парисиорум (Париз), Толоса (Тулуза), Турнакум (Турнеј). За изградба на градовите биле користени елементи од римската архитектура како згради, терми односно бањи, арки, аквадукти, амфитеатри.

thumb|left|Верцингеторикс се предаваат на Гај Јулиј Цезар

Веќе кон 1 век започнала да се чувствува германскиот притисок кон Римското Царство. Октавијан Август преземал големи дејства против германските племиња, поставувајќи голема војска покрај градот Рен и Галија ја користел како база за војните со Германите. За првпат, посебна држава Галија била формирана во 260 година, година кога римската државаф била опфатена со тешка економска криза. Римскиот генерал Постумус, кој претходно не успеел да го заземе престолот во Рим, создал своја држава во северна и централна Галија, а како престолнина му служила Треверорум. Тој управувал сè до 269 година, а бил наследен од страна на Викторинус (269-271) и Тетрик (271-274). Оваа галска империја била ликвидирана од страна на римскиот цар Аурелијан.

Франкиската држава (451-843)

Франките се германски народ и нивната прататковина е Скандинавија. Слично како и Келтите, и Германите во текот на своето постоење доживувале свој расцут, како резултат на кој започнале да се преселуваат. Во периодот од 8 век п.н.е. до 1 век п.н.е. тие ја населиле целата територија на Северна Европа, прогонувајќи ги Келтите кон југ. Уште во 109 година, германските народи Кимври и Тевтони навлегле во Римската република, напаѓајќи ги и Галите. Во 9 година, германските племиња го поразиле Римското Царство во Тевтобуршката шума. Но одбраната на царството останала делотворна дури во 4 век, кога многу Германи започнале да навлегуваат на територијата на Римското Царство и таму да се населуваат. Тие сепак во почетокот ја примаат римската власт и се согласиле да служат како гранична сила во заштита на царството. Таквите германски племиња од страна на Рим биле нарекувани „федерати“.

thumb|десно|Битката кај Поатје

До 4 век, Франките живееле на североисток од Рајна. Во тоа време, помеѓу Франките постоеле два вида на племенски сојузи: салиски, кој постојано минувал кон римската територија, и рипуарски кој останувал во околината на Рајна. По 425 година, Салиските Франки започнале да се преселуваат, но бргу биле застрашени од можна инвазија на Хуните. Како федерати, тие помагале на големиот римски полковник Аециј во битката против хунскиот водач Атила во 451 година. По смртта на Атила во 453 година и на Аециј во 454 година, нивните дејства и напади немало кој да ги контролира. Во врска со таа битка, се споменува и првиот познат цар или крал на Франките по име Меровех. Но најверојатно е дека тој бил водач на една примитивна држава и имал титула крал. Од овде може да се каже дека од 451 година била создадена франкиската држава чија престолнина била Турнеј.

Династијата на Меровинзите (451-751) е првата франкиска династија. Нејзин најголем и најпознат претставник е Хлодовик I, кој бил крал на Франките од 482 година до 511 година. Во 486 година тој ја уништил државата на Сијагриј, римски полковник кој честопати се обидувал околу Париз да формира тврдина на римската цивилизација. Во 496 година, Хлодовик I ја примил христијанската вера од својата сопруга Клотилда и го наложил христијанството врз сите Франки. Во следните години следувале победа над Алеманите и Бургундите, но најзначајна победа му се припишува онаа над Визиготите во 507 година. Со оваа година тој го уништил Тулуското царство на Визиготите, кои побегнале кон Шпанија. Во тој период, франкиската држава била една од највлијателните во Европа.

По смртта на Хлодовик I, кралството му било поделено помеѓу неговите синови, но со помош на силната војска која ја поседувале тие продолжиле со проширување на кралството. Обидот за обединување на Хлотар I бил неуспешен и по неговата смрт во 561 година кралството доживеало повторно разделување. Од него биле формирани нови четири држави: Австразија на север со престолнина Ремс, Неустрија на запад со престолнина Париз, Аквитанија на југозапад со престолнина Бордо и Бургундија на југоисток со престолнина Орлеан. Од 7 век меровиншките кралства започнале да слабеат во поглед на својата моќност. Власта во тие држави била заземена од страна на министри кои се нарекувале мајордоми. Со текот на времето, помеѓу овие министри започнало да се појавува конкурентност и соперништво. Мајордомот на Австразија, Пипин II успеал да ги победи Неустрија и Бургундија во 687 година и да ги стави под негова надлежност. Така тој го обединил кралството, и покрај тоа што кралството се состоело од повеќе кралеви. Неговиот син, Карло Мартел (714-741) ја продолжил завојувачката политика, а во 732 година успешно се справил и со Маврите. Пред неговата смрт, тој го разделил кралството на своите синови. Од нив, Пипин III се покажал како најспособен при раководството. Најважно од неговото владеење е тоа што тој се прогласил за крал и ја оформил династијата на Каролинзите.

thumb|десно|Царство на Франките

Син на Пипин III e Карло Велики (768-814), најпознатиот и најмоќниот крал на франките. Во текот на своето владеење, тој водил војни со Саксонците (772-804), Лангобардите (774), Словените (789-812), Баварците (788) и Аварите (791-802). Пред неговата смрт, Франкиската држава се простирила од Атлантскиот Океан и Ламанш до Рим, Елба и Панонија. Островот Бретања останал под власта на Галите. На југ, неговота држава се простирила до Шпанија и на исток до Картинија, Австрија, Данска и Чешка. Државата била разделена на 230 мали административни единични грофовии. Со графовиите управувале грофови кои имале законски и административни функции. Еден од најголемите успеси на Карло Велики е неговото крунисувањето за император од страна на папата Лав III на 25 декември 800 година. Византија, која се наоѓала од другата страна на Европа ја признала оваа титула на Карло Велики.

Денешната француска историографија смета дека историјата на Франкиската држава е дел од историјата на денешна Франција. Синот на Карло Велики е Лудвиг (814-840), кој како француски крал е познат под името Луј I. Со Верденскиот договор помеѓу неговите три сина, државата била разделена на три дела: Западнофранкиско кралство со кое управувал Карло, Лотарингија со Лотар и Источнофранкиско кралство со Лудвиг I. Од 870 година и договорот од Мерсен, бил даден почеток на кралство Франција, кралство Германија и кралство Италија.

Средновековна децентрализирана Франција (843-1328)

thumb|десно|Битката кај Креси Западното франкиско кралство во времето на неговото постоење било значително помало за разлика од територијата на денешна Франција. Кралството се простирало до Рона и Меза, на север опфаќала дел од Фландрија. Бретања повторно не бил во составот на државата. По смртта на Шарл II во 877 година, власта на Каролинзите ослабила. Бидејќи немал наследник, во 888 година графот на Париз, Одо се објавил за крал и на тој начин произлегол внатрешен конфликт помеѓу Робертините и Каролинзите. Во крајна сметка, Каролинзите ја зазеле власта во кралството во 987 година кога Хуго Капет го тргнал од престолот последниот каролиншки крал Луј V и го означил почетокот на династијата на Капетингите. Оваа династија со кралството управувала сè до 1848 година.

За време на владеењето на династијата на Капетизите, власта во Франција не била организирана како централистичка во лицето на кралот. Државата била разделена на дваесет грофовии и војводства, од кој најсилни биле Анжу, Аквитанија, Шампан, Тулуза, Фландрија и Бургундија. Секој од овие месни владетели бил самостоен во политичкиот живот на грофовијата. Но, реалната кралска власт се простирала во Париз, Орлеан и Санс. Првиот крал којшто успеал да ја зголеми својата власт и во други грофовии бил Луј VI (1008-1037), ставајќи ја под своја рака околината на Париз, Ил де Франс. Тој создал нов систем на кралско управување и се доближил до политиката на папата. Во тоа време, како резултат на крстоносните војни, започнало формирање на две француски етноси: северни и јужни французи. Една од целите за обединување на Франција под една власт на кралот било овие два народи да се преполоват во еден.