мини|300п|Жан-Леон Жером Pollice Verso (1872) мини|400px|десно|Дел од мозаик од Либија (Leptis Magna), од околу 80-100 година наша ера Гладијатори () — борци во Стариот Рим што се бореле во арена против животни и едни против други. Терминот „гладијатор“ потекнува од зборот „гладиус“ (латински gladius), краток римски меч за бодење и сечење.Elliot, J. Gladiadores: La muerte como espectáculo. Historia y Vida.Nº452, str. 64-73

Гладијаторските борби се воведени во Рим во првата половина на 3 век п.н.е. во состав на погребните свечености, како ритуал на жртвување човечки животи за сенките на покојниците. Во првата забележана борба 264 п.н.е. се бореле само три пара. Кон крајот на 2 век гладијаторските борби станале многу популарни претстави кои римските цареви му ги подарувале на својот народ. Првобитно се изведувале во Форумот, а подоцна во амфитеатрите низ целото Римско Царство. Најпознат амфитеатар е римскиот Колосеум.

Гладијаторите биле робови или воени заробеници кои биле задолжени да се борат, криминалци кои сакале да побегнат од смртна казна, или слободни луѓе кои на тој начин сакале да заработат и да се извлечат од сиромаштијата. Постоеле и гладијатори жени, кои обично се маскирале како легендарните Амазонки. На почетокот на 3 век, царот Септимиј Север ги забранил борбите на жените.Такит. Анали 15.32.3-{Steven Murray.Female Gladiators of the Ancient Roman World.Journal of Combative Sport,}- јули 2003. Пристапено на:11 јули 2007

Гладијаторските борби се укинати со јакнењето на христијанството, врз основа на законот на цар Константин Велики од 325 година, но и натаму се одржувале одвреме-навреме до околу 450 година. Последните гладијаторски борби во самиот град Рим се одржани на 1 јануари 404 година.

Потекло и кратка историја Потеклото на гладијаторските борби лежи во религиозната традиција. Се претпоставува дека оваа традиција потекнува од старите култури од Апенинскиот Полуостров, најверојатно од Етрурците, и дека всушност тоа биле човечки жртви во чест на воините паднати во борба. Во прво време тоа биле двајца заробеници присилени да се борат на живот и смрт на гробот на паднатите херои.-{Classics Technology Center:Roman Gladiator:History & Origin}-

Римскиот историчар Тит Ливиј забележал дека првите гладијаторски борби се одржани во 310 п.н.е. во Кампанија, и дека претставувале славење на победата на Кампанијанците над Самнитите. Првите римски гладијаторски борби се одржани во 246 п.н.е.. Ги организирале Марко и Децимо Брут пред почетокот на Пунските војни, во чест на својот татко, Јуниј Брут. Тоа бил скромен спектакл со само три дуела на робови на сточниот пазар.

Постепено гладијаторските борби сè повеќе се претворале во јавни спектакли. Коначно, во 44 п.н.е., после убиството на Гај Јулиј Цезар ја снемало религиозната позадина. Организирањето на гладијаторските борби станало начин за претендентите на местото магистрат да ги придобијат граѓаните и да добијат гласови. Но, бидејќи републиката сè повеќе се приближувала кон својот колапс, организирањето на гладијаторските борби сè повеќе преминувало во рацете на државата, и конечно Октавијан Август, првиот цар на Римското Царство, го официјализирал тоа потполно преземање на организацијата на гладијаторските борби од страна на државата.. Повод за ова било Спартаковото востание во 73 п.н.е. како и спречување на создавање приватни војски.

Октавијан Август го регулирал организирањето на гладијаторските борби со редица прогласи: магистратите биле задолжени да организираат одреден број борби во одреден период.

Во втората половина на 1 век, династијата на Флавиевците го регулирала организирањето на гладијаторските борби со редица закони. Од тогаш, освен во провинциите, борбите биле исклучиво во надлежност на царот. Во текот на постоењето на Римското Царство, гладијаторските борби се претвориле во омилена забава на римските граѓани и една од основните одлики на римската цивилизација.

Борбите биле начин да се потврдат и да се засилат врските меѓу царот и неговите поданици. Пред сè биле знак за неговата великодушност. Исто така биле прилика царот да се појави во јавноста со сите обележја на моќта. Тој одредувал кој ќе живее, а кој ќе умре во арената, седејќи во својата раскошно украсена ложа. Сето ова имало значајна улога при утврдувањето на неговиот авторитет и популарноста меѓу народот. Од друга страна, овие борби канализирале позитивни емоции од народот кон царот, и истовремено на правилен начин го ослободувале народот од негативните емоции со што се намалувал ризикот од општи побуни.

Место на одржување мини|300п|Внатрешноста на колосеум За време на Римското Царство, изградени се посебни простории во кои се одржувале гладијаторските борби — амфитеатрите. Тоа биле елипсовидни градби кои ги замениле импровизираните простории во форумите каде се одржувале борбите за време на Републиката.

Првиот амфитеатар го изградил магистратот Гај Ескрабониј Куриј, кон средината на 1 век п.н.е.. Градбата била направена од дрво и се состоела од два полуелипсовидни подвижни дела кои се вртеле после драмската претстава и ја менувале театарската сцена во гладијаторска арена. Идејата наишла на општо одобрување, па веќе во 29 п.н.е. во времето на Октавијан Август е изграден втор постојан амфитеатар кој делумно бил од камен.

Откако овој амфитеатар изгорел во пожар, Веспазијан, од династијата на Флавиевците, решил да направи импресивно голема и трајна градба која данас во светот е позната како Римски колосеум. мини|300п|лево|Колосеумот во Рим Колосеумот, како и неговите копии низ провинциите, служел првенствено за гладијаторски борби. Обично се одржувале борби меѓу двајца гладијатори, но исто така се огранизирале борби меѓу две групи гладијатори што често се претворале во вистински битки со потоци крв. Понекогаш, заради внесување на возбуда, борците се бореле со затворани очи.

Програмите во Колосеумот биле разновидни, но секогаш сурови. Наутро се организирале спектакли во кои учествувале ѕверови — „венацио“ (латински venatio) и „бестијарии“ (латински bestiarii). Потоа на ред биле „нокси“ (латински noxii) — излегувале осуденици на смрт (латински damnatio) во арената. Биле спалувани (латински comburere), распнувани на крст (латински cruce suffregeri), убивани со меч (латински damnati ad gladium), или биле препуштани на милост и немилост на некоја дива ѕверка (латински damnati ad bestius).Гладијаторите и арената

На пладне во арената излегувале „гладијатори меридијани“ (латински gladiatores meridiani) - односно криминалци, кои биле необучени за борба и осудени да се борат на смрт едни со други, некои голораки, некои со оружје, но на крајот сите биле убивани.

Попладнето се одржувале борбите на професионалните гладијатори, кои не биле секогаш мажи. Постоеле и жени гладијатори — гладијаторки. Борбите меѓу жените биле претставувани како посебен настан, бидејќи биле ретки. Но, околу 200 година, Септимиј Север им забранил на жените пристап во гладијаторската арена.

Наумахии

десно|мини|200п|Слика на наумахии во амфитеатар. Наумахиите биле поморски борби на гладијаторите во кои се симулирани поморски битки. Првите вакви борби биле за време на Гај Јулиј Цезар во ископан базен покрај реката Тибар, во 46 година п.н.е. за време на прославувањето на неговиот четирикратен триумф. Базенот бил доволно голем за да може во него да се сместат неколку вида на воени бродови. Октавијан Август во 2 година п.н.е. во чест на отворањето на храмот на Марс Ултор наредил да се изгради нов базен. Клавдиј наредил да се изведе наумахија во езерото Фучино во чест на завршувањето на работите со системот за наводнување.William Smith - A Dictionary of Greek and Roman Antiquities, John Murray, London, 1875.

Нерон го преместил одржувањето на наумахиите во амфитеатрите. Првата таква борба била одржана во 57 година во дрвен амфитеатар изграден на Марсовото Поле. Уште една наумахија била одржанана во 64 година. Тит во 80 година, во чест на отворањето на Колосеумот одржал две наумахии, една во Августовиот базен, а друга во новиот амфитеатар.

За разлика од обичните гладијаторски борби кои претставувале борба меѓу поединци, во наумахиите учествувале многу повеќе борци.

Оружје 200п|мини|Шлем на Тракиец На почетокот се користело истото оружје што се користело за воени цели, но полека почнало да се менува заради истакнување на вештината на оние што се служат со оружјето. Се користеле разни видови на тризапци, лесни копја, ножеви и кратки мечеви, рамни (гладиуси) или искосени (сики). Не се користело долгото и тешко копје „пилум“ (латински pilum), кое било типично за римските легионари.

Што се однесува до одбраната, штитниците за некои делови од телото биле поедноставни од војничките. Штитовите биле помали, а оклопи не се користеле. Сепак, царските гладијатори имале подобри штитови за нозете и рацете, за да не се прекинува борбата поради ранети екстремитети или глава.

Шлемовите што се користеле во арената биле позатворени и потешки од оние што се користеле во вистински битки, а тоа имало своја функција. Можеле да се носат на главата само кратко време (подолго не било ни потребно, како што му е потребно на еден војник), па затоа имале и психолошки ефект, бидејќи биле богато украсени со орнаменти кои му давале помпезен и застрашувачки изглед на оној што ги носел. Бидејќи гладијаторите што се бореле обично се познавале меѓу себе, во пресуден момент било полесно да се убие анонимусот кој се крие зад маската-шлем, отколку гледајќи го во лице човекот што го знаеле, кој неретко им бил и пријател.

Видови гладијатори мини|250п|Чутурка со мотиви на завршниот момент на борба меѓу мурмил кој победува трекс Најголемиот број гладијатори биле воени заробеници, робови или криминалци осудени да се борат во арената - дамнати ад лудос (латински damnati ad ludos). Христијаните или криминалците осудени да умрат во арената биле нарекувани дамнати ад мортем (латински damnati ad mortem).Гладијатори

Слободните луѓе кои по своја волја се занимавале со оваа работа, биле нарекувани аукторати (латински auctorati), и до крајот на Републиката, биле половина од вкупниот број гладијатори.

Во прво време воените заробеници биле присилувани да се борат во својата облека, со своето оружје и да користат свој специфичен начин на борба, па според тоа и им се ставени имињата. Самнити били римски прототип на професионални гладијатори, и отпрвин била прифатена нивната опрема и оружје како типично гладијаторски. Другите два вида гладијатори исто така добиле име по поразените племиња — Гали и Тракијци.

За време на Октавијан Август, Самнитите станале римски сојузници, и поради тоа, тој тип на гладијатори престанал да постои.

Мурмило (латински Murmillo) било комбинација на Самнити и Гали. Носел шлем во форма на глава од рибаМурмилов шлем, и штитник на десната рака и на левата нога. Од оружје користел краток меч - гладиус, едан мал заоблен штит, и друг голем и правоаголен (латински scutum). Обично се борел против трекс или Тракиец, единствениот оригинален тип на гладијатор од времето на Републиката кој опстанал. мини|150п|лево|Дршка од нож изрезбана во слонова коска во форма на гладијатор секутор

Секутор (латински Secutor), во превод од латински значи „прогонувач“. Според Исидор Севилски го добил тоа име затоа што го „гонел“ својот противник, ретариус. Ова била класата во која се борел царот Комод.Гладијатори: Секутор Левата рака му била заштитена со некој вид штитник, а носел голем правоаголен штит и заоблен и мазен шлемСекутор - шлем за да не може лесно да го фати мрежата на неговиот противник, ретариус. Од оружје користел меч што бил подолг и поправ од гладиусите. Понекогаш користел и тризабец и нож. Ретарио (латински Retario) обично се борел против секутор. Од оружје, користел тризабец и мрежа, а бил заштитен само со штитник на левото рамо. Понекогаш ретарио се борел и против мурмило. мини|150п|десно|Борба меѓу секутор и ретариус. Ретариус е на земја, а натписот IMPROBUM, значи фаул, недозволен удар. Во долниот дел се гледа само секутор.