Латвија или ЛетонијаСпоред правописот на македонскиот јазик, двата назива „Латвија“ и „Летонија“ се користат подеднакво во македонскиот јазик, па така и низ оваа статија. (; ), официјално Република Латвија или Република Летонија (; ) — држава во Балтичкиот регион во Северна и Источна Европа. Латвија се граничи со Естонија на север, со Литванија на југ, со Русија на исток и со Белорусија на југоисток. На запад државата има излез на Балтичкото Море, преку кое поморски се граничи со Шведска. Вкупната површина на Латвија изнесува 64.589 км2.

Доминантна етничка група во Латвија се Латвијците и се дел од балтичката група на народи. Културно, Латвијците се поврзани со Естонците и Литванците, но не се генеолошки и лингвистички поврзани со Естонците. Мајчин јазик на Латвијците е латвискиот јазик кој е најголем и единствен службен јазик во Латвија. Литванскиот и латвискиот јазик се единствените сè уште живи балтички јазици. Латвија е и дом на големи нелатвиска заедница, пред сè на голема руска малцинска заедница.

Латвија е унитарна парламентарна демократија поделена на 118 општини. Најголем град во Латвија е Рига, кој воедно е и главен град на државата. Со своите 2.23 милиони жители, Латвија е најслабо населена држава во Европската Унија и со пад на населението од 14.9% од 1991 па до денес. Латвија е член на ООН од 17 септември 1991, потоа член на ЕУ од 1 мај 2004 и на НАТО од 29 март 2004 година.

По Втората светска војна, Латвија била под власт на СССР. Советската контрола на територијата на Латвија траела до 1991 година. По период од стагнација во раните 199о-ти, Латвија забележала голем пораст на БНП-от, особено во периодот од 1998 до 2006. За време на финансиската криза од 2008 до 2010 година, Латвија била една од најпогодените држави во ЕУ со пад на ПНД-от од 26.54%. БНП по глава на жител бил 49% од просекот на ЕУ во 2009 со што ја прави трета најсиромашна држава-членка на ЕУ.

Историја

Среден век: Ливонски крстоносни походи лево|мини|Балтичките племиња, околу 1200 г.|210x210пкс Во 12 век германски трговци и мисионери (како св. Мејнхард) почнуваат да ги христијанизираат локалните племиња. Во 1198–1201 година, епископот Алберт ја основа Рига (1201) и го организира Ливонскиот крстоносен поход со Браќата на мечот.

До 1207 година се формира Тера Маријана (Земја на Марија), под папска власт, а потоа Ливонскиот ред станува дел од Тевтонскиот ред по поразот кај Саул (1236). Курите, Семигалите и другите племиња се покорени до крајот на 13 век, а Рига станува членка на Ханзеатската лига (1282). Се развива балтичко-германското благородништво, а селаните постепено паѓаат во кметство. Реформацијата (1521–1525) воведува лутеранство, кое станува доминантна религија.

Рано модерно време: Полско-литванско, шведско и руско владеење (1561–1795) Ливонската војна (1558–1583) го доведува до распаѓање на Ливонскиот ред и става крај на средновековниот крстоносен поредок во регионот. Со Вилнускиот договор од 1561 година, територијата на поранешна Ливонија е поделена на два дела: Војводството Ливонија (северен и центален дел) станува дел од Полско-литванската унија и Војводството Курландија и Семигалија (јужниот дел) добива статус на полувазална кнежевска држава под полска врховна власт.

Во текот на 17. век северниот дел (Видземе) преминува под шведска власт. По освојувањето на Рига во 1621 година, Шведска создава Шведска Ливонија, период кој Латвијците подоцна го нарекуваат „добри шведски времиња“. Шведските кралеви, особено Густав II Адолф, воведуваат значајни реформи: подобрување на образованието, основање на универзитетот во Тарту (1632) и превод на Библијата на латвиски јазик, што значително го зајакнува развојот на писменоста кај локалното население.

Јужниот дел – Курландија – доживува свој златен период под династијата Кетлер. Кнежевството станува познато по својата економска просперитетност, активна трговија и, интересно, сопствени прекуокеански колонии: островот Тобаго во Карибите и дел од Гамбија во Африка.

По Голема северна војна (1700–1721), Русија ја победува Шведска и со Ништатскиот мир (1721) ја анектира Ливонија. Курландија останува формално независна сè до Третата поделба на Полска во 1795 година, кога и таа целосно паѓа под руска власт.

Во целиот овој период, балтичко-германското благородништво (Ritterschaft) успешно ги задржува своите големи привилегии, автономија и контрола врз земјата и селското население, кое продолжува да живее во услови на кметство.

Современа историја По Првата светска војна, Летонија ја објвила својата независност на 18 ноември 1918 година. На 17 јуни, територијата и била анексирана од страна на СССР, и таа како таква се нарекувала Латвиска ССР. На 21 август 1991 година Летонија ја објавила својата независност. Во 2004 година станала членка на НАТО и ЕУ.

Географија и клима

thumb|лево|Карта на Латвија.

Латвија е држава која се наоѓа на источните брегови на Балтичкото Море. Територијата на Латвија е составена од плодна почва, голем број низини и шумски предели. Најголеми реки во Латвија се Даугава, Лиелупе, Гауја, Вента и Салаца. Брегот на Латвија изнесува 531 километар.

Латвија на запад излегува на Балтичкото Море, преку Ришкиот Залив. На север од државата се наоѓа Естонија, на исток е Русија, на југ е Литванија и на југоисток е Белорусија. Вкупната површина на Латвија изнесува 64.589 км2, од кои 1.57 % се вода. Најголем град во државата е Рига, кој воедно е и главен град.

Во поглед на дивиот свет, во Латвија има диви елени, свињи, мечки, рисови, лисици, дабари, волци и останати. Бројот на копнени цицачи во Латвија изнесува 159 видови.

Латвија има континентална клима со влијание на температурите од Балтичкото Море. Летата се топли, додека пролетта и есента се умерени. Зимите во Латвија можат да бидат екстремно ладни и сурови поради самата местоположба на државата. Во Латвија доминираат ладните ветришта од Русија.

Политички систем

Латвија е унитарна парламентарна демократија. Како највисоко законодавно тело во Латвија е еднодомното Собрание наречено „Саеима“ („Saeima“). Собранието на Латвија е составено од 100 пратенички места кои се избираат на парламентарни избори за мандат од четири години. Претседателот на Латвија се избира од страна на латвиското собрание за мандат од четири години. Латвискиот претседател го назначува премиерот на Латвија, кој заедно со кабинетот министри ја сочинуваат извршната власт во државата. Овој систем на управување, Латвија го имала и пред Советската ера.Constitution of the Republic of Latvia with amendments and revisions (Official english translation) (Посетено на December 24, 2006)

Надворешни односи

Главни цели на латвиската надворешна политика биле членството во ЕУ и НАТО за време на политичкиот период во раните 1990-ти години. На 20 септември 2003 година, Латвија одржала референдум за членство во ЕУ, каде 66.9 % од населението се изјаснило за членство во Унијата. На 1 мај 2004 година, Латвија станала членка на ЕУ, а како член на НАТО е од 29 март 2004.

Латвија имала спор околу границата со Русија кој завршил со потпишување на заемен договор. Со договорот, округот Абрене бил предаден на руска контрола. Исто така, Латвија има територијален спор со Литванија, каде во фокусот се одредени наоѓалишта на нафта во морето.

Административна поделба

thumb|360px|Административна поделба на Латвија.

Земјата има 43 единици на локална самоуправа, од кои 36 општини (novadi) и 7 државни градови (valstspilsētas), порано наречени „републички“. Државни градови во Латвија се: Даугавпилс, Јекабпилс, Јелгава, Огре, Лиепаја, Резекне, Рига, Валмиера и Вентспилс. Исто така, во Латвија има четири историски и културни региони, а тие се: Курланд, Латгалија, Виѕеме и Земгале. Границите меѓу регионите не се прецизирани и истите варираат. За да се развие државата подеднакво, територијата била поделена на плански региони:

региони најголем град површина население РигаРига10.132 км2706.000 – (108,3/км2) КурземеЛиепаја13.596 км2301,621 – (22.1/км2) ЛатгалеДаугавпилс14.549 км2343,646 – (23.5/км2) ЗемгалеЈелгава10.733 км2281,928 – (26.1/км2) ВиѕемеВалмиера15.246 км2235,576 – (15.4/км2) ЛатвијаРига64.256 км22.248.000 – (34.9/км2)

Стопанство

Латвија е член на Светската Трговска Организација, уште од 1999 година, и на ЕУ од 2004 година.

Макроекономски показатели Од 2000 година, Латвија имала еден од најголемиот раст на БДП во Европа. Но, во првите три месеци на 2009 година, латвискиот БДП се намалил за 18%, што претставувало најголем пад во ЕУ. Според Евростат, БНП по глава на жител во Латвија во 2008 година изнесувал 56% од просекот на ЕУ. Во 2019 година, БДП по глава на жител на Латвија изнесувал 18 172 долари, со што таа била рангирана на 27. место во однос на Европа и 48. во светот.http://statisticstimes.com/economy/european-countries-by-gdp-per-capita.php statisticstimes.com (пристапено на 12.06.2020) Во 2018 година кефициентот Џини во Латвија изнесувал 36,3%.knoema.com (пристапено на 13.7.2020)

Демографија

Население Латвиското општество било мултиетничко низ вековите, иако демографската слика на Латвија драстично се променила во XX век како директна последица на двете Светски војни. Врз демографската слика на Латвија влијаеле емиграцијата, одселувањето на Балтичките Германци, Холокаустот и окупацијата на Советскиот Сојуз. Според пописот на Руската Империја во 1897 година во Латвија живееле 68.3% Латвијци, додека Русите биле 12%, Евреите биле 7.4%, Германците 6.2% и Полјаците 3.4%.Latvia – Population. Source: U.S. Library of Congress.

Латвијците и Ливонците, староседелците на Латвија, денес сочинуваат околу 62,1% од вкупното население на Латвија. Потоа следуваат Русите со 26,9%, Белорусите со 3.3%, Украинците со 2.2% , Полјаците со 2.2%, Литванците 1.2%, Евреите со 0.3%, Ромите со 0.3%, Германците со 0.1, Естонците со 0.1% и останати со 1.3. Во некои поголеми градови, како што се Рига, Даугавпилс и Резекне, Русите ги надбројуваат Латвијците. Така, во 1935 година, во Латвија имало 77% Латвијци, додека во 1989 година имало само 52%. Според пописот во 2000 година, во Латвија живееле 2.377.383, додека во 2011 година се проценува дека има 2.067.887 жители. Рускиот јазик го зборуваат една третина од населението и руските активисти во 2012 година организирале референдум за официјализирање на рускиот јазик во државата. Мнозинството латвиски граѓани ја одбиле таа идеја.Отфрлен рускиот јазик како официјален во Латвија

Јазик

Службен јазик во Латвија е латвискиот јазик, кој е дел од балтичките јазици на индоевропското семејство. Покрај латвискиот, друг значаен јазик кој е речиси исчезнат е ливонскиот јазик. Ливонскиот јазик е дел од групата на балтофински јазици, подгрупа на уралските јазици. Заедно со латгалскиот јазик, кој е дијалект на летонскиот, уживаат заштитен статус во државата. Латгалскиот јазик се смета за историска варијанта на латвискиот. Доста зборуван малцински јазик е рускиот јазик, кој најдоминантен бил за време на СССР и Руската Империја. Рускиот јазик го разбираат скоро сите Латвијци кои биле родени за време на СССР. Во Латвија, задолжително е учениците да учат латвиски, англиски и германски или руски јазик.

Религија мини|десно|Катедрала во Рига

Најголема религија во Латвија е Христијанството. Најголеми религиски христијански групу во 2006 биле:

Римокатоличка црква во Латвија – 500.000 Евангелистичко-лутеранска црква на Латвија – 450.000 Латвиска Православна Црква – 350.000

Според Евробарометарот од 2005 година, 37% од латвиските граѓани се изјасниле дека „веруваат дека има Бог“, 49% се изјасниле дека „веруваат има некој вид дух или спиритуална сила“ и 10% се изјасниле дека „нема Бог, некој дух или спиритуална сила“.

Лутеранството била главна религија во Латвија пред советската окупација. Од тогаш, Лутеранството почнало да опаѓа, а Римокатолицизмот се зголемувал. Ова било случај кај сите три балтички држави. Латвиската Православна Црква е полуавтономна религиска организација под јурисдикција на Руската православна црква.

Образование