мини|339x339пкс|Мирсад Јонуз, во дресот на ФК Победа од Прилеп Мирсад Јонуз (9 април 1962, Свети Николе, Југославија) — поранешен југословенски и македонски фудбалски голман и поранешен македонски тренер.

Фудбалска кариера

Мирсад Јонуз е роден во Свети Николе на година. Неговото семејство е од Милино каде Мирсад израснал.

Како фудбалер, Јонуз играл на местото голман, а настапувал во повеќе клубови, како:

ФК Брегалница Штип, ФК Борец, ФК Тетекс, Teтово ФК Победа, ФК Рад, Београд, Србија ФК Левадијакос, ФК Сутјеска, Никшиќ, Црна Гора ФК Вардар, Скопје ФК Љуботен, ФК Работнички Кометал, Скопје.

Тренерска кариера Јонуз ја започнал тренерската кариера во ФК Работнички Кометал, кого успеал да го внесе во Првата Македонска фудбалска лига. Во овој клуб работел од 1996 до 2000 година, а потоа, од 2002 до 2003 година бил тренер на ФК Победа, при што, го освоил Купот на Македонија. Во 2003 година повторно се вратил во Работнички Кометал.

Во август 2003 година, Јонуз бил избран за селектор на младата репрезентација на Македонија. Како селектор на младата репрезентација на Македонија, дебитирал во Охрид, на 18 август 2003 година, на средбата Македонија - Албанија која завршила со победа на Македонија од 1-0. На 16 мај 2009 година, Мирсад Јонуз бил избран на функцијата селектор на сениорската репрезентација на Македонија. Во ноември 2012 година, тој станал тренер на кипарскиот прволигаш ФК Неа Саламина од Ларнака."Јонуз се договори со Неа Саламина", Дневник, година XVI, број 5022, петок, 23 ноември 2012, стр. 23.

Наводи

Категорија:Фудбалери од Свети Николе Категорија:Фудбалски тренери од Свети Николе Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Македонски Турци Категорија:Милино