Оваа статија е за денешниот народ Маи, за старата цивилизација, видете Мајанска цивилизација.
Маите се американски староседелски народи во Мексико и северниот дел на Средна Америка. Овој термин се користи за тие народи поради големата сличност на етничките групи, но секоја си има свои специфичности и поедини одлики. Денес има околу 7 милиони Маи во тој регион. Етничките Маи од јужно Мексико, Гватемала, Белиз, Ел Салвадор и западен Хондурас успеале да го задржат античкото културно наследство до денес. Некои од Маите се интегрирале во модерните општества, но има и голем број на етнички групи кои останале да живеат според традиционалниот начин на живот.
Најголем број на Маи живеат во Јукатан, Мексико, и во средноамериканските држави Белиз, Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор.
Наводи
Restall, Matthew (1997). The Maya World. Yucatecan Culture and Society, 1550-1850. Stanford: Stanford University Press. ISBN 9780804736589.
Надворешни врски
Уметност на античките Маи во Националната галерија на уметности Мајански хиероглифи Националната галерија на уметност Yax Te' Books Фондација Чолсамах
Категорија:Маи