мини|десно|250px|Карневалска украсена подвижна платформа на Розенмонтагската парадата во Келн, Германија Карневал (Carnaval, Carnevale, Carnaval, Karneval, и Carnaval на португалски, италијански, француски, холандски и шпански јазик) е празничен период кој се одржува веднаш пред Божиќниот пост; главните настани обично се случуваат во јануари и февруари. Карневалот вклучува јавна прослава или парада комбинирана со некои елементи од циркус, маски и јавна улична забава. Во текот на овие прослави луѓето често се маскираат, што не е случај во секојдневниот живот.

Карневалот е фестивал кој традиционално се одржува во католичките и православните општества. Протестантите обично немаат карневалски прослави или имаат изменети традиции, како што се Данскиот карневал или други настани како денот Дебел вторник. Бразилскиот карневал е еден од најпознатите прослави денес, но многу градови и региони ширум светот се прославени со големи и популарни настани кои траат со денови. Овде се вкучени Карневалот во Венеција, Италија, германските карневали Ринеланд, со ставен акцент на карневалот во Келн; карневалот во Санта Крус де Тенерифе, Канарски Острови; карневалот во Капе Верде; во Торес Ведрас, Португалија; Рио де Жанеиро, Бразил; Риека, Хрватска; Баранквила, Колумбија; Јамајка; Карневал и Љамадас во Монтевидо, Уругвај и карневалот во Тринидад и Тобаго. Во Соединетите Американски Држави, познатите Марди Гра прослави во Њу Орлеанс, Луизијана и Мобил во Алабама, нè враќаат во времињата на француските и шпанските колонии.

Историја

Традиционално, во христијанството, карневалот ја означува последната можност да се прослави со специјална храна пред да започне Божиќниот пост. Периодот на Божиќен пост во црковниот календар, кој е шест недели пред Божиќ, е одбележан со постење и други побожни обичаи. Традиционално, за време на Божиќниот пост не се одржуваат никакви забави ниту пак прослави и луѓето се воздржуваат од јадење богата храна како месо, млеко, маснотии и шеќер. Четириесет денови пост, што ни даваат приказ за четириесетте дена што Исус ги поминал во немилост, служат да го означат годишното обраќање кон Господ и религиозната дисциплина. Во деновите пред Божиќниот пост, богатата храна и пијалак треба да бидат отстранети. Потеклото на карневалот е всушност од овие гигантски забави во кои е вклучено целото општество.

Карневалите се составен дел од Христијанскиот календар, особено во католичките региони, но некои карневалски традиции датираат уште од времето пред Христос. Веројатно, древните римски фестивали Сатурналија и Баханалија се вклучени во денешниот италијански карневал. Сатурналија пак, веројатно е заснована на грчките фестивали Дионисија и Ориентал. Средновековните церемонии и фестивали, како што е Корпус Кристи, беа прослави прифатени од црквата, а и карневелот беше манифестација на средновековната фолк култура. Многу локални карневалски обичаи се засновани на локални ритуали од времето пред Христос, како на пример деталните обреди кои вклучуваат маскирани ликови во Швапско - Алеманскиот карневал.

Некои од најпознатите обичаи како што се карневалските паради и маскенбали, прво беа забележани во средновековна Италија. Долго време карневалот во Венеција беше најпознат карневал. Од Италија, карневалските традиции се раширија во католичките народи во Шпанија, Португалија и Франција. Од Франција, се проширија во Ринеланд во Германија и до Нова Франција во Северна Америка. Од Шпанија и Португалија, со католичката колонизација, се проширија до Карибите и до Јужна Америка. Карневалот во Бинче се прославува на источниот брег на Австралија, каде традиционална храна се морковите и јаболките. Во Велика Британија, западно-индијанските имигранти со себе ги донеле традициите од Карипскиот карневал. Карневалите кои сега се слават во Нотинг Хил, Лондон; Лидс, Јоркшир и на други места, се одделени од својот циклус во религиозната година и станаа целосно световен настан кој се одржува во летните месеци.

Траење и поединечни празници

Поради тоа што почетниот ден на Карневалот варира, фестивалите обично се подготвуваат за крешендо во неделата пред постите, а завршуваат на Марди Гра (Дебел вторник), пред Пепелава среда, почетокот на постите. Според Амброзиските обреди на Милано (Италија), карневалот завршува во саботата по Пепелава среда (Ash Wednesday). Во областите каде луѓето се приврзаници на источно-православното христијанство, карневалот завршува во недела, седум недели пред Велигден, бидејќи во Источните традиции постот започнува на Чист понеделник. Најчесто, сезоната започнува на Септуагесима, првата недела пред Пепелава среда. Во некои места започнува рано како и Дванаесетта ноќ (Twelfth Night) (6 јануари) или пак во ноември. Обично, најважните прослави се одржуваат во последните денови од сезоната пред Пепелава среда.

Потекло на поимот

Потеклото на името „карневал“ е спорно. Според теоријата, потекнува од старогрчката претставка carn („јадач на месо“), а се однесува на кола во религиозните паради, како и на кола во религиозна колона при годишните празнувања во чест на Богот Аполон. Други извори покажуваат дека името доаѓа од италијанското carne levare, што значи „да се отстрани месото“, бидејќи за време на постот месото е забрането. Сосема друга теорија тврди дека зборот доаѓа од доцнолатинскиот израз carne vale што значи „збогување со месото“ и ги означува последните денови во кои може да се јаде месо пред да започне прославувањето на постите. И друг превод го опишува carne vale како „збогување со месото“, фраза прифатена од одредени карневалски прослави кои го поттикнуваат напуштањето на поранешната (или секојдневната) и прифаќањето на безгрижната природа на фестивалот.

Карневал во различни места

Македонија Струмички Карневал

Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери. Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија, посветена на армасаните (верени) девојки. Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник. Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка, маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник. Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патописец Евлија Челебија. До денешен ден не се памети карневалот да не се одржал, а во раните 70 години направен е обид за негово организирано одржување, но по неколку годишна успешна организација, организираната форма е укината, но без разлика на се тој продолжил да се одржува спонтано.

Во 1991 година повторно е обновена организираната форма која го поврати сјајот на Струмичкиот Карневал. Од 1994 година Струмица е член на меѓународната асоцијација на карневалските градови FECC а во 1998 година беше домаќин на 18 Интернационален конгрес на карневалските градови. Како резултат на соработката со оваа асоцијација воспоставена е соработка и размена на групи со повеќе земји.

Карневалот во Струмица е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Републиката, кој отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име к а р н е в а л, од римското c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно збогум месо ни асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост. Почетокот на постот односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во нивни рамки односно во вторникот вечерта е традиционалната карневалска вечер, кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерските денови, треба да се направи реска дистинкција, односно треба да напоменеме дека нивната поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и суштински, бидејќи по својата суштина тримерите се еден христијански обичај, додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско време. Како еден указителен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските, носиите и предметите кои останале во употреба (облеки од кожа, рогови од разни животни, бик, прч, овен ), како и алузијата на многуте сакатници со патерици што се појавуваат на самиот карневал ( истерување на злите духови, желбата за здравје, плодност итн.)и кои се карактеристични само за неговата првична односно изворна, паганска форма која подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма односно маска, која што сѐ уште ја паметат најстарите струмичани, бидејќи карневалот од кои и да е причини, кои се сѐ уште во сферата на претпоставки, се поклопува со тримерите односно празникот на армасаните, а кое нешто се гледа од најчестите теми односно мотиви кои провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат се невестата со младоженецот, кои ги симболизираат младенците односно верените, потоа циган и циганка со бебе, со значење како циганите имаат по многу деца, така и новите младенци да имаат бројно потомство одн. многудетност, потоа тука е и попот кој ги благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот, тука е и ѓаволот најчесто со рогови со, со опашка од вол или некое друго животно, со вила во рацете, кого сите го бркаат, а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив кој се јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно, со кое нешто сака да се покаже најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената и обратно.

Друга одлика на традиционалната форма на карневалот чија цел и намена се поклопува со претходната е наследството на бројните еротски елементи, песните исполнети со еротски мотиви, содржини и зборови, препознавањето на момчето по големиот фалус, направен од шише или друг предмет и чија цел е дидактичка, односно упатување и подготвување на невестата за идниот брачен и сексуален живот. Тука се и музичките реквизити, односно музичките инструменти, гитарата, армониката, дајрето, кои секоја маскирана група што оди по куќите на армасаните девојки ги носи, на кои се свири и кои се неопходни за стварање на една општа веселба и расположение.

Во денешно време карневалот ја добива и својата трета димензија, односно една посовремена, модерна димензија, со некои влијаниjа со слични карневали во светот, а преку својот организиран па и награден карактер, добива една друга посовремена конотација, меѓутоа тардиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останува.