Мајкл Џозеф ЏексонCounty of Los Angeles Department of Health Services (2009). Michael Jackson death certificate. (роден на - починал на ) — американски музичар, танчер, текстописец и филантроп. Џексон е познат како „Крал на поп-музиката“. Според Гинисовата книга на рекорди Џексон е признат како најуспешен забавувач на сите времиња.Lewis Jones, 2005, p. 3 : "He wears the crown as the King Of Pop because no artist has broken his record of selling nearly 60 million copies of a single Album (Thriller)". Неговиот придонес кон музиката, танцот и модата, заедно со приватниот живот пратен од силен публицитет, го направиле глобална фигура во популарната култура повеќе од четири децении.
Како седмо дете на семејството Џексон, тој дебитирал на професионалната музичка сцена, заедно со неговите браќа, како член на групата Џексон 5 во средината на 1960-тите, и ја започнал својата соло кариера во 1971 година. Во раните 1980-ти, Џексон станал доминантна фигура во популарната музика. Музичките спотови за своите песни, вклучувајќи ги Beat It, Billie Jean и Thriller, се кредитирани со трансформирање на медиум во уметничка форма и промотивна алатка, а популарноста на овие видеа помогнало да се донесе релативно нов телевизиски канал на славната МТВ. Видеата од песните Black or White и Childhood, Scream го искачиле на врвот на листите на MTV во 1990-тите. Преку сценски изведби и музички спотови, Џексон популаризира голем број на техники за танц, како робот и одење по месечина. Неговиот специфичен музички звук и вокален стил имале влијание кај многу хип-хоп, поп, и рок изведувачи.
Албумот на Џексон, Трилер (1982) е најпродаван албум на сите времиња. Неговите други албуми, како Off the Wall, Bad, Dangerous и HIStory, исто така се рангираат меѓу најпродаваните музички материјали на светот. Џексон е еден од ретките уметници што бил примен во Куќата на Славните на Рокенролот двапати. Тој исто така бил примен во Куќата на славата за автори и песни. Некои од другите негови многубројни достигнувања се вклучени во списокот на Гинисовите рекорди, вклучувајќи ги 13 Греми награди; 26 Греми награда за животно дело (повеќе од било кој друг уметник, вклучувајќи ја и наградата Уметник на векот) а освен тоа има продадено над 750 милиони албуми низ целиот свет. Џексон добил стотици награди, кои го направиле еден од најнаградуваните музичари во историјата на музиката. Тој исто така бил значаен хуманитарист и филантроп, донирајки стотици милиони долари за добротворни цели и поддржувајки повеќе од 39 хуманитарни организации.
Неговиот личен живот, вклучувајќи ја и неговата промена на изгледот, личните врски и однесување, создавале голем број на контроверзии. Во 1993 година тој бил обвинет за сексуална злоупотреба на дете, но случајот бил решен надвор од судот и не била поднесена формална пријава. Во 2005 година тој бил суден и ослободен од понатамошни обвинувања за сексуална злоупотреба и неколку други обвиненија откако поротата пресудила дека не е виновен за сите точки од обвинението. Додека се подготвувал за неговите серија од концерти, Џексон починал на 25 јуни 2009 година, од срцев удар. Пред неговата смрт, Џексон наводно консумирал дроги, како пропофол и лоразепам. Одделот за медицински испитувња во Лос Анџелес ја прогласил неговата смрт за убиство, и неговиот личен лекар се изјаснил за невин по обвиненијата за убиство без умисла. Смртта на Џексон предизвикала излевање на глобална тага, и околу една милијарда луѓе од целиот свет ја гледале неговата јавна панихида во живо на телевизија. Во март 2010 година, Sony Music Entertainment потпишал договор од 250,000,000$ за да го задржи правото на дистрибуција на неговите снимки до 2017 година, и да го издаде посмртниот албум во текот на една деценија по неговата смрт. Неговиот прв посмртен албум од новиот материјал, едноставно насловен Мајкл, бил издаден на 14 декември 2010 година.
Живот и кариера 1958-1975
'Мајкл Џексон е роден на 29 август 1958 година како осмо дете од десетте деца во афроамериканско работничко семејство, во Гери, Индијана, индустриско предградие на ЧикагоJackson, 2009, p. 26.Young, 2009, p. 18.. Неговата мајка, Катрин Џексон, била Јеховин Сведок а неговиот татко, Жозеф Валтер Џо Џексон бил работник во фабрика за челик. Џексон имал три сестри: Реби, Ла Тоја и Џенет, и петмина браќа: Џеки, Тито, Џермејн, Марлон и Ренди, додека шестиот брат, Брендон, починал кратко време по раѓањетоGeorge, 2004, p. 20.Taraborrelli, 2009, p. 14..
Џексон имал проблематични односи со неговиот таткоTaraborrelli, 2009, pp. 20–2.. Џо во 2003 година признал дека тој редовно го тепал Мајкл како дете. Џексон изјавил дека бил физички и емотивно злоупотребуван за време на пробите иако строгата дисциплина на неговиот татко одиграла голема улога во неговиот успех. Џексон првпат отворено зборувал за неговата злоупотреба во детството во интервју со Опра Винфри емитувано во февруари 1993 година. Тој признал дека често плачел од осаменост. Татко на Џексон, исто така, вербално го злоупотребувал Џексон, во бројни прилики велејќи дека тој имал грозен нос. Всушност, длабокото незадоволство на Мајкл Џексон со самата негова појава, неговиоте кошмари и хронични проблеми со спиењето, неговата тенденција да остане хипер-компатибилен особено со неговиот татко, и да остане на детето како во текот на својот живот се на многу начини во согласност со последиците од ова хронично малтретирање кое го издржал како дете. Детската злоупотреба исто така знае и да го наруши невробиолошкиот развој (односно послаба работа на мозокот, мотивација и поттик) предизвикува зголемена подложност кон зависноста од дрога, со што тој се борел, покрај зголемена подложност на психолошкиот фактор на емоционална болка. Во едно интервју со Мартин Башир, подоцна вклучено во документарецот Living with Michael Jackson, Џексон признал дека татко му го тепал кога тој бил дете, но сепак кажува дека бил еден генијалец, кој сакал строгата дисциплина и изјавува дека татко му одиграл огромна улога во неговиот успех. Кога Башир ја отфрлил позитивната забелешка и продолжил да прашува за тепањето, Џексон ја ставил својата рака на неговото лице и се противел на прашањата.
Во 1964, Мајкл и Марлон Џексон се приклучиле на бендот на своите браќа кој бил формиран од страна на браќата Џеки, Тито, Џермејн и како бекап-музичари свиреле конга и дајре.. Џексон подоцна започнал да настапува како придружен позадински вокал и започнал со танцување. Кога имаше осум години, Џексон започнал да дели вокал со неговиот постар брат Џермејн, а името на групата било изменето во Џексон 5.. Бендот направил турнеја низ средниот запад во текот на 1966-1968, многу често настапувале во црни клубови познати како „Chitlin' Circuit“, каде што тие често перформирале стриптиз и други возрасни акти.Young, 2009, pp. 21–2.. Во 1966 година, тие го освоиле големиот локален талент шоу со препеви на хитовите на Џејмс Браун, I Got You (I Feel Good), предводена од Мајкл.
Џексон 5 сними неколку песни, меѓу кои и Big boy, за локална издавачка куќа Стилтаун во 1967 годинаYoung, 2009, p. 21., пред да потпишат со Мотаун рекордс во 1968 година. Списанието Ролинг Стоун подоцна го опишал младиот Мајкл како „чудо со големи музички способности, кој брзо се истакнал како главен пејач во бендот“. Групата достигнала дијаграмски рекорд кога првите четири синглови (I Want You Back, ABC, The Love You Save и I'll Be There) биле први на списокот на Билборд Хот 100. Помеѓу 1972 и 1975 година, Џексон направил четири соло студиски албум со Motown, меѓу нив и
Got to Be There и Ben, објавен како дел од Џексон 5 франшизата, и издавањето на успешни синглови како Got to Be There, Ben, и Rockin' RobinTaraborrelli, 2009, pp. 98–9.. Продажбата на групата започнала да опаѓа во 1973 година. Иако групата постигнала врвни 40 хитови, вклучувајќи ја и топ 5 диско песната Dancing Machine, и топ 20 хит песната I Am Love, Џексон 5 го напуштиле Motown во 1975 година.George, 2004, p. 22.. 1975–1981
Во јуни 1975 година, Џексон 5 потпишале договор со Епик Рекордс, подружница на CBS Records, и името на групата го преименувале во Jacksons. Помладиот брат Ренди формално се приклучил на групата во тоа време, додека Џермејн заминал за да продолжи со соло кариераTaraborrelli, 2009, pp. 138–144.. Тие продолжиле со турнејата на меѓународно ниво, издавајки уште шест албуми во периодот помеѓу 1976 и 1984 година, за време на кој Џексон бил водечки текстописец, пишувајќи ги хитовите како „Shake Your Body (Down to the Ground)“, „This Place Hotel“ и „Can You Feel It“. Во 1978 година, Мајкл започнал со својата филмска кариера, учествувајќи во филмот Виз. Во овој период се зближил со Квинси Џонс, кој ја направил музиката за филмот. Во овој период двајцата се согласиле Џонс да го направи следниот соло албум на Џексон, Off the WallGeorge, 2004, p. 23.. Во 1979 година, Џексон го скршил носот за време на една сложената рутина при танцувањето. Неговите последователна ринопластика не доживеала целосен успех, па тој често се жалел на тешкотии во дишењето што влијаело на неговата кариера. Тој се обратил кај Стивен Хофлин, која ја направил втората ринопластика на Џексон и последователните операцииTaraborrelli, 2009, pp. 205–210..
Џонс и Џексон заедно го продуцирале албумот „Off the Wall“Young, 2009, p. 25.. Текстописци за албумот биле самиот Џексон, Род Темпертон, Стиви Вондер и Пол Макартни. Издаден во 1979 година, албумот бил првиот соло албум од кој четири песни биле вклучени во американската топ 10 список на хитови, вклучувајќи ги „Don't Stop 'til You Get_Enough“ и „Rock with You“George, 2004, pp. 37–8.. Албумиот се искачил на третото место на Billboard 200, и биле продадени над 20 милиони примероци во светот. Во 1980 година, Џексон освоил три награди на американските музички награди: награда за најдобар албум, награда за најдобар машки изведувач и награда за најдобар сингл. Џексон повторно победил на American Music Awards во 1981 година освојувајќи награда за најдобар албум и награда за најдобар машки изведувач.. И покрај постигнатиот комерцијален успех, Џексон чувствувал дека после Off the Wall треба да направи многу поголемо влијание, и бил решен да ги надмине очекувањата со своето следното изданиеTaraborrelli, 2009, p. 188.. 1982–1983 Во 1982 година, Џексон ја издал песната „Someone In the Dark“ освојувајќи греми награда во 1984 година. Неговиот следен албум Thriller, објавен кон крајот на 1982 година, станал најпродаван албум на сите времиња во САД, како и најдобро продаваниот албум на сите времиња во светот, продавајќи околу 110 милиони копии досега. Албумот бил на врвот на Билборд 200 за 37 недели и бил во топ 10 оза 80 последователни седмици. Тоа е првиот албум што има седум Билборд Хот 100 Топ 10 синглови, меѓу кои и „Billie Jean“, „Beat It“ и „Wanna Be Startin' Somethin“.Lewis Jones, 2005, p. 47.. Албумиот бил сертифициран за 29 милиони пратки, од страна на RIAA, давајќи му Двоен Дијамантен статус во САД.. Албумот добил и Греми награда за најдобро инженерско снимање во 1984 година. Адвокатот на Џексон Џон Бранка, истакнал дека Џексон го има највисокиот хонорар во музичката индустрија во тој момент: околу 2$ за секој продаден албум. Тој исто така постигнал и рекордни профити од продажбата на неговите снимки. Видеокасетите на документарниот филм The Making of Michael Jackson's Thriller биле продадени во над 350.000 примероци за само неколку месеци. во овој период започнала и продажбата на кукли со ликот на Џексон по цена од 12$. Во 1985 година, The Making of Michael Jackson's Thriller добил Греми награда за најдобар музички спот . Во декември 2009 година, музичкото видео за Thriller било вклучено во Националниот филмски регистар од страна на Конгресната библиотека, станувајќи првиот музички спот што некогаш бил примен. Њујорк тајмс напишал дека во светот на поп-музиката, постои Мајкл Џексон и сите други.