Редот на фениксот е фиктивна организација во Хари Потер серијалот до книги напишани од Џ. К. Роулинг. Основана од Албус Дамблдор за да се бори со Лорд Волдеморт и неговите следбеници, Смртојадите, редот го позајмува името на петтото продолжение од серијалот, Хари Потер и Редот на фениксот.

Синопсис Кога Том Ридл почнал да го користи името Лорд Волдеморт и им објавил војна на магичниот свет, Дамблдор се обидел да земе контрола над ситуациата основајќи ја организацијата Редот на фениксот. Неколку ликови се придружиле на организацијата за да го запрат Лорд Волдеморт и неговото уништување на магичниот свет. За време на настаните непосредно пред првата книга, организацијата претрпела големи загуби, и била неспособна да продолжи со борбата против Волдеморт. За среќа, моќта на Лорд Волдеморт исчезнала кога тој се обидел да го убие Хари Потер. Тогаш организацијата била напуштена и заборавена.

При крајот на четвртата книга, Хари Потер и Пламениот пехар, Кога Дамблдор дозна за враќањето на Волдеморт, тој повика повторно да се активира организацијата Редот на фениксот. Многу од старите членови се вратија, но и нови членови се придружија и делотворно ги заменија тие членови кои умреле за време на првата војна. Организацијата го постави нивниот главен штаб во Грималд, број 12, родното место на Сириус Блек. Дамблдор беше означен за "Тајниот-чувар, човек кој единствено ја знае локацијата на тајниот штаб ќе биде загрозена, и затоа таа локација беше напуштена.

Забележителни членови Сириус Блек Флер Делакор Ремус Лупин Аластор Муди Џејмс Потер Лили Потер Кингсли Шаклбот Нимфадора Тонкс Артур Визли Моли Визли Бил Визли Чарли Визли

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ликови од Хари Потер Категорија:Измислени организации

fr:Univers de Harry Potter#Ordre du Phénix he:הארי פוטר - דמויות משנה#מסדר עוף החול