Монголија (монголски: Монгол улс, традиционално писмо 50px) — парламентарна република што се наоѓа во Источна Азија и со мал дел во Средна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и југозапад. На запад Монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38 % од вкупното население на Монголија.

Низ текот на историјата, денешната територија на Монголија била владеена од различни номадски империи, меѓу кои Сјонгну, Руран, Сјанбеј, Ѓоктурција и останати. Монголското Царство билo основанo од Џингис Кан во 1206 година. По распаѓањето на , Монголците се вратиле на старите обичаи. Во 16 и 17 век, Монголија потпаднала под влијание на тибетскиот будизам наследен од владеењето на кон крајот на 17 век. За време на распаѓањето на династијата Ќинг во 1911, Монголија прогласила независност, но со големи тешкотии. Официјално во 1921 година Монголија била целосно независна и суверена република и до 1945 година го стекнала меѓународното признание. Како последица на сето тоа, а со блискоста на Советскиот Сојуз, Монголија потпаднала под негово големо влијание на, особено под руско влијание. Според тогашната моментална состојба, на Монголија и била призната независноста како Монголска Народна Република или Народна Република Монголија. Државното уредување било комунистичко, налик на советското општествено уредување. Со распаѓањето на комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз, во 1989 година се случила Монголската демократска револуција и резултирала со повеќепартиски систем во државата и со одржување на регуларни избори. Монголија се здобила со нов устав, државно уредување и економски пазар.

Монголија е 19-та најголема држава во светот со околу 1.564.116 км2, а воедно и најретко населената држава во светот со вкупно население од 3,2 милиони луѓе (2019), малку повеќе од населението во Македонија. Исто така, Монголија е втората најголема држава во светот која нема излез на море, веднаш зад Казахстан. Државата има многу мала обработлива површина, бидејќи најголем дел од територијата е степска, со планини на север и запад и со пустина на југ. Околу 30% од населението во Монголија се номади или полуномади, патувајќи од место до место низ земјата.

Најголема религија во Монголија е тибетскиот будизам, а најголем број од населението се Монголци. Покрај нив во Монголија живеат и Казаци, Туванци и останати мали заедници. Службен и национален јазик во Монголија е монголскиот.

Историја

Рана историја

Монголија, од праисториско време, била населена со номади, кои одвреме-навреме формирале поголеми конфедерации и здружувања што израснале до поголеми сили со поголеми значење во регионот. Меѓу првите групации биле Сјонгу, кои на чело со Моду Шанју во 209 п.н.е. ја формирале првата монголска конфедерација. Набрзо, новоформираната монголска конфедерација станала голема опасност и закана за Кин династијата принудувајќи ја Кина да го изгради големиот Кинески Ѕид. Ѕидот бил обезбедуван од повеќе од 300.000 војници како средство за одбрана и сигурност на кинеската династија. По распаѓањето на конфедерацијата на Сјонгу, на чело на Монголците застанале Роуранците и ја презеле власта над територијата на Монголија. Наскоро Роуранците биле поразени од Ѓоктурците кои си обезбедиле долговековно владеење во Монголија. За време на 6 и 7 век, Ѓоктурците биле поразени и власта над Монголија потпаднала во рацете на Ујгурците, а следствено и од Хитанците и Џурченците. Сè до 10 век, Монголија била поделена на повеќе номадски племиња поврзани преку алијанси.

Монголското Царство

мини|лево|150п|Џингис Кан мини|лево|150px|Династијата Ќинг мини|десно|150px|Монголското Царство за време на владеењето на Џингис Хан мини|150px|десно|Воздигнување и распаѓање на монголската империја

За време на хаосот и безредието во 12 век, војсководецот Темуџин успеал да ги обедини монголските племиња во Монголија и во Манџурија. Во 1206 година, тој ја зел титулата Џингис Кан и се впуштил во походи кои биле познати по своите брутални и сурови битки. Џингис Кан се покажал како доста успешен монголски имепратор, освојувајќи голем дел од Азија и го создал Монголското Царство - најголемата империја во светот. Монголското Царство заземала огромна територија протегајќи се од денешна Полска па сѐ до Кореја и од Сибир до Персискиот Залив. Империјата зафаќала територија од околу 33.000.000 км2 (12% од Земјината топка) и со население од околу 100 милиони луѓе .

По смртта на Џингис Кан, империјата била поделена на четири кралства или канати кои се разделиле по смртта на Монгке во 1259 година. Еден од канатите, „Големиот Канат“ составен од Монголија и Кина се развила во династијата раководена и владеена од Кублај Кан, внук на Џингис Кан. Тој го преместил главниот град во Пекинг, но по вековно владеење Јуен била заменета од Минг династијата во 1368 година. Со тоа монголските авторитети почнале да се преместуваат кон север. Кога мингската војска сосема ги преселила Монголците во Монголија, таа успешно го зазела и уништила монголскиот главен град Каракорум и со тоа кинеските императори уништиле вековна уметничка, културна и цивилизациска вредност. Монголците биле во анархија по овие настани.

Постимперијалистички период мини|150px|десно|Алтан Кан Наредните векови од монголската историја биле обележани со насилство помеѓу различни странки, особено помеѓу приврзаниците на Џингис Кан и на неговите противници, а како додатно на тоа влијателни биле и некои различни кинески групации. Во 15 век, Ојратите под водство на Есен Тајиси се здобиле со моќ и влијание и во 1449 година дошло до конфликт со Кина. Во тој конфликт бил заробен кинескиот цар. Подоцна, истата есен бил убиен, а со тоа се воздигнале приврзаниците на Џингис Кан. Во средината на 16 век, Алтан Кан од Тумед, внук на Батумонгке се здобил со моќ. Тој го основал Хахот во 1557 а неговата средба со Далај-лама во 1578 година резултирала со повторно навлегување на тибетскиот будизам во Монголија. Абтеи Кан од Халха ја сменил религијата во будизам во 1585 година и го основал Ердене Зу манастирот во 1586 година. Неговиот внук Занабазар станал првиот Џебцундамба Хутугту во 1640.

Последниот монголски хан бил Лигден Кан во раниот 17 век. Тој влегол во конфликт со Манџурците (Манџу - династијата во Кина) околу некои кинески градови. Умрел во 1634 година на пат за Тибет во обид да ја уништи Жолтата Црква. До 1636 година, поголем дел од Внатрешна Монголија и племињата што се наоѓале таму биле раководени од Манџурците. Халха се приклучила кон Канг династијата освен западниот дел од денешна Монголија. После неколку војни, Џунгарците биле населени во 1757. Сè до 1911 година, Манџурците имале контрола врз Монголија, и државата била расцепкана во повеќе феудални единици.

Независност Со паѓањето на Канг династијата, Монголија прогласила независност во 1911 година. Новата територија на Монголија била отприлика иста како таа на поранешната Надворешна Монголија. 49 хосхуни на Внатрешна Монголија, а исто така и територијата на Монголците од Алашан и Кингај се изјасниле да се приклучат кон неа. Во 1919 година, после Октомвриската револуција во Русија, кинеските трупи водени од Су Шуженг го окупирале главниот град но сепак нивната доминација не траела долго. Рускиот војсководец Барон Унгерн ги предводел своите трупи во Монголија и триумфирал над Кинезите во Нислел Хуре. Тој владеел кратко, со благослов на регионалниот религиозен водач Богд Хан пред тој да биде фатен и убиен од Црвената Армија помогната од монголските единици предводени од Дамдин Сухбатор. Овие настани довеле до уништување на феудалниот систем и ја осигурале политичката приврзаност кон болшевичка Русија.

Монголската Народна Република и комунизмот

Во 1924 година, по смртта на религиозниот водач и крал Богд Хан, била прогласена Монголската Народна Република со помош на Советскиот Сојуз.

Во 1928 година, Хорлогин Чојбалсан се здобил со голема моќ во Монголија. Тој воспоставил колективизам во државата, започнал со уништување на будистичките манастири и монголските непријатели биле убиени заедно со монасите. Влијанието на Сталин во Монголија започнало во 1937 година и во тоа време повеќе од 30.000 луѓе биле убиени. Во меѓувреме, во 1931 Јапонија ја окупирала Манџурија и тоа влеало голем немир во Монголија. За време на јапонско-руската погранична војна во 1939 година, Советскиот Сојуз успешно ја одбранил Монголија од јапонските инвазии и во август 1945 година монголските сили зеле учество во Стратегиската Манџурска одбранбена операција во Внатрешна Монголија. Русија зазела поголеми делови од Внатрешна Монголија и со тоа ја принудила Кина да ја признае независноста на Монголија со референдум. Референдумот се одржал на 20 октомври 1945 година и според официјалните резултати на тогашните власти излезноста била 100%. Со основањето на Народна Република Кина, двете држави се признале меѓусебно на 6 октомври 1949 година.

На 26 јануари 1952 година, Јумџагин Цеденбал ја презема власта во Монголија. Во 1959 и во 1962 година, Чојбалсан бил сосема без влијание. Монголија продолжила со својата политика на блискост со Советскиот Сојуз. Додека Цеденбал бил во посета во Москва во август 1984 година владата меѓувремено прогласила замена на Цеденбал и на негово место бил назначен Џамбин Батмонх.

Повеќепартискиот систем и демократската ера

Претставувањето на перестројката и гласноста во Русија од страна на Михаил Горбачов, имало силно влијание во Монголија и во монголскиот политички живот. Тоа водело до Монголската демократска револуција и воведувањето на повеќепартискиот систем како државно уредување и пазарната економија. Во 1992 година се изгласал и усвоил нов устав и Монголија го изоставила терминот „Народна Република“ од своето име. Транзицијата кон пазарна економија во Монголија се покажала честопати со тешкотии и во раните години на транзицијата во Монголија се појавила голема инфлација и недостаток на храна. Првата победа за некомунистичка партија во Монголија се одржала во 1993 година на претседателските избори и во 1996 година на парламентарните избори.

Политички систем

мини|лево|150п|Цахијагин Елбегдорџ.

Претседател Претседателот на Монголија има симболична улога, но сепак тој може да ги блокира решенијата на парламентот, но потоа парламентот може да ја надгласа блокадата со 2/3 мнозинство гласови. Уставот на Монголија бара три услови за кандидатурата на еден човек да се прифати: кандидатот за претседател мора да биде етнички Монголец, кандидатот за претседател мора да има најмалку 45 години и кандидатот мора да живеел во Монголија најмалку 5 години. Моментален претседател на Монголија е Намбарин Енхбајар.

Големиот државен Хурал

Монголија има еднодомен парламентарен систем во кој претседателот има симболична улога во владата избрана од народот. Законодавното тело, Големиот Државен Хурал, има една сала со околу 76 места и е водена од претседателот на Собранието. Членовите на Хуралот, пратениците, се избираат еднаш на секои четири години преку парламентарни избори. Големиот државен Хурал е моќна институција и премиерот има голема моќ и ингеренции.

Премиерот и влаdate Премиерот на Монголија го избира Големиот Државен Хурал. Моменталниот премиер на Монголија е Санџагин Бајар, кој беше избран од 67 гласа на 22 ноември 2007 годинаthe Mongol Messenger: Mongolia’s 25th Prime Minister, Sanjiin Bayar promises he will tackle high priority issues . Кабинетот на премиерот се состои од министри за секоја позначајна област во државата како министер за финансии, економија, земјоделство итн. Кабинетот е избран од премиерот во консултации со претседателот и со Големиот Државен Хурал.

Надворешни односи

мини|150п|десно|Монголска амбасада во Русија. мини|150п|десно|Монголска амбасада во Германија. Дипломатија