Амазонска дождовна шума, позната и како Амазонија еден од најголемите природни ресурси во светот. Бидејќи нејзината растителност континурирано го претвора јаглерод диоксидот во кислород е опишана како „Бели дробови на планетата“. Околу 20% од кислородот на Земјата е произведен од Амазонија.

Овој слив опфаќа 7.000.000 км2 од кои 5.500.000 км2 се покриени од дождовните шуми. Овој регион вклучува територија што припаѓа на девет нации. Поголемиот дел од шумата е содржан во Бразил, со 60% од дождовните шуми, потоа Перу со 13%, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана. Државите или областите на четири нации го содржат "Амазон" во нивните имиња. Амазон претставува повеќе од половина од преостанатите дождовни шуми на планетата и го вклучува најголемиот тракт на тропските дождовни шуми во светот, со околу 390 милијарди поединечни дрва поделени на 16.000 видови.

Дождовната шума на Амазон го добила своето име по реката Амазон, која е животна сила на дождовната шума. Реката Амазон извира кај Андите во Перу и се разгранува кон исток низ северната половина на Јужна Америка. Се влева во Атлантскиот Океан кај Белим во Бразил. Главната река е околу 6.600 км долга. Нејзиниот базен изнесува околу 7.050.000 квадратни километри и поминува низ Бразил, Колумбија, Перу, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана. Шеснаеесет проценти од целокупната речна вода во светот тече низ делтата на Амазон. Речното подрачје на Амазонија е дом на најразлични растителни и животински видови.

Амазонија годишно добива околу 2,7 метри врнежи. Педесет проценти од врнежите се враќаат назад во атмосферата преку лисјата на дрвјата. Најголемиот дел од водата на Амазон доаѓа од годишното топење на снегот од перуанските Анди. Меѓу јуни и октомври, нивото на водата се зголемува за 9 до 14 метри. Околу 40.500 км2 од шумата се поплавени за време на поплавата.

Високите температури и количеството на дожд се исти во текот на целата година во Амазонија. Климата е топла и влажна, со просечна температура од 26 °C. Температурната разлика меѓу ден и ноќ е поголема од таа меѓу сезоните.

Етимологија мини|262.997x262.997пкс|Патувањето на Франциско де Орелана по Амазон (1541-1542) Се вели дека името Амазон произлегло од војната која Франциско де Орелана ја водел со Тапуја и со други племиња. Жените од племето се бореле заедно со мажите, како што им било обичај. Во извештајот што го напишал капеланот на експедицијата Карважал Гаспар на 22 април 1542 година, од неговиот дневник во кој раскажувал за екваторскиот регион на Јужна Америка, забележал дека Шпанците се сретнале со племиња на жестоки воини чија кралица била именувана Конор. Водачот на експедицијата, Франциско де Орелана, реката ја нарекувал, река на Амазонки,. бидејќи тие го потсетувале на легендарните женски воини Амазонките на старогрчката митологија, опишани од Херодот и Диодор.

Теорија за настанокот на Амазонија лево|мини|Воздушен поглед на амазонската прашума Пред 15 милиони години, реката Амазон течела кон запад влевајќи се во Тихиот Океан. Кога јужноамериканското копно се судрило со друго тектонско копно, Андите пополека се издигнале и го блокирале текот на водата. Како што се променил речниот систем, се формирале езера со свежа вода и околината на басенот на Амазон драстично се променила. Потоа, пред 10 милиони години, реката успеала да се пробие кон исток и да се влева во Атлантскиот Океан. На пределот каде биле формирани езерата настанала Амазонија.

Историја и географија мини|Воздушен поглед на Амазон, блиску до Манаус Прашумата била формирана за време на еоценската ера како резултат на глобалното опаѓање на тропските температури кога Атлантскиот Океан се прошири доволно за да обезбеди топла и влажна клима во Амазонскиот басен. Тропската шума постои најмалку 55 милиони години. Претходно, биотопот на регионот бил тип на савана. По завршувањето на креда-терцијарот, пред 65 милиони години, исчезнувањето на диносаурусите и повлажната клима овозможиле тропската шума да се развие низ целиот континент. За време на олигоценот, шумата се протегала на релативно тесен појас, главно сместен над напоредникот 15 ° северно. Таа постепено се проширувала за време на средниот миоцен, пред повторно да се намали за време на последното ледено доба.↑ (en) Mark Maslin, Yadvinder Malhi, Oliver Phillips et Sharon Cowling, «  », Transactions of the Institute of British Geographers,‎ 18 août 2005, p. 21 Сепак во текот на целиот тој долг период, се развил и преживеал голем диверзитет на видови. Постојат докази дека имало значителни промени во растителноста на дождовната шума во Амазон во текот на последните 21.000 години во тек на последното ледено доба и последователното размрзнување. Анализите на седиментарните депозити покажуваат дека врнежите во басенот за време на леденото доба биле пониски отколку во сегашноста, а тоа речиси сигурно се поврзувало со намалената влажна тропска вегетациска покривка во басенот.Colinvaux, P.A. De Oliveira, P.E. 2000. Palaeoecology and climate of the Amazon basin during the last glacial cycle. Wiley InterScience. (abstract) Меѓутоа, постои дебата околу тоа колку широко било ова намалување. Некои научници тврдат дека дождовната шума била сведена на мала, изолирана рефугија одделена од отворена шума и тревни површиниVan der Hammen, T. Hooghiemstra, H.. 2002. Neogene and Quaternary history of vegetation, climate, and plant diversity in Amazonia. Elsevier Science Ltd. (abstract) други научници тврдат дека прашумата останала во голема мера недопрена, но не се ширела многу кон север, југ и исток како што се гледа денес. мини|Амазонскиот басен

Екосистем мини|Дигитализирана фотографија на Амазонија видена од вселената. Сликата создадена од НАСА (Вселенски летечки систем Годард) е приказ од географската игра Глоб Мастер, за андроидни уреди на Гугл Пјел Стор. Амазонија, најголемата дождовна шума на светот, зафаќа повеќе од половина од територијата на Бразил. Научниците веруваат дека Амазонија може да содржи половина од сите светски растителни и животински видови. Околу 500 цицачи, 175 гуштери и преку 300 различни видови на влекачи, и околу една третина од сите птици живееат во Амазонија. Преметано е дека околу 30 милиони типови на инсекти може да се најдат таму. Конкуренцијата за опстанок е сурова. Ова објаснува зошто низ милиони години еволуција толку многу видови се адаптирале на Амазонија. Најинтензивната конкуренција е помеѓу растенија и животни. И растителните и животинските видови толку многу се прилагодиле за самоодбрана да не бидат изедени.

Басенот на Амазон е колосален, но деликатен апарат кој опфаќа разни заедници на организми кои комуницираат на специфични начини меѓу себе и нивната физичка околина. Овие делови, или екосистеми, играат посебни улоги а дивиот свет и луѓето еволуирале да имаат корист од нив. Огромниот басен на Амазон е составен од мрежа од екосистеми и уникатни пејзажи. Овој регион произведува околу 20% од кислородот на Земјата и е од витално значење за човечкиот опстанок. Поради разновидниот пејзаж, стабилната клима и близината на екваторот, амазонската прашума е позната како екорегион, дефиниран како "голема единица на земјиште или вода која содржи географски различен состав на видови, природни заедници и услови на животната средина ". Екорегионот на Амазон е составен од бројни под-екорегиони. Овие можат да се категоризираат според две дефиниции: водните екосистеми (системи засновани на вода) и копнените екосистеми (системи на копно). И двете од овие екорегиони постојат во амазонската прашума, а во тие делови тие стануваат уште посложени, уникатни и фасцинантни. Се смета дека амазонската тропска шума само половина од видовите на светот ги содржи во самата крошна и има највисоко ниво на биолошка разновидност во светот. Тоа е затоа што нејзините комплексни екосистеми содржат голем број на слоеви и различни заедници кои имаат свој уникатен див животински и растителен свет. Познат како "белите дробови на планетата", екосистемот на амазонската прашума е еден од најголемите природни ресурси на Земјата. Неговата растителност го претвора јаглерод диоксидот во кислород, и ова е еден од најценетите извори на кислород.

Секој од следните под-екорегиони придонесува за поширокиот екорегион на Амазон, и ако некој од нив исчезне, ќе има катастрофален ефект врз преостанатите средини и екорегионот како целина: +Поделба на екосистемите на АмазонијаНазив1. Варзеа2. Тера фирма3. ИгапоЗначењеПоплавени шумиДождовни шумиШуми на црните води Опис и местоположбаОбласти во близина на реки кои се поплавени за време на дождовната сезона. Овие области реката Амазон постојано ги ремоделира.Тера фирма буквално значи цврста земја и во суштина е шумски простор кој не лежи на вода. Овој екосистем обично е подалеку од реките.Овој екосистем обично постои околу слатководни езера и пониски текови на реките и мочуриштата. Областа во суштина се состои од слатководни мочуришни шуми. Регионот добива најмалку шест месеци врнежи годишно, кога дрвја се потопени под вода.

Растителните видови на Амазонија

Дождовната шума Амазонија, има огромна жива колекција од растителни видови."Amazon Rainforest, Amazon Plants, Amazon River Animals". World Wide Fund for Nature. Ботаничките експерти велат дека на површина од 10 000 м2 шума може да се најдат 700 различни видови на дрва и дупло повеќе типови на нискостеблести растенија. Шумата е многу густо населена со дрва и тие се многу високи. Голем број достигнуваат висина од 130 метри (а некои видови достигнуваат и 200 метри) и тие создаваат засенето подрачје каде не допира сонцето. Високиот балдахин на дождовната шума на Амазон бил многу непознато место за најголемиот дел од ботаничарите, и тој е дом на илјадници сѐ уште неоткриени видови на инсекти и птици. Идентификувањето на растенијата и дрвјата во дождовната шума било труд на многу генерации ботаничари. Тие направиле неверојатна работа да класифицираат околу 4.000 видови васкуларни растенија, но веројатно ги има многу повеќе. Во секој даден хектар шума може да се најдат над 650 дрва. Тоа е повеќе од сите кои постојат во Соединетите Американски Држави.

Влијанијата на сувата и дождовната сезона Иако е тешко да се поверува, но почвата во Амазонија е многу малку хранлива. Кога ботаничар би погледнал извештај за хранливоста на почвата во Амазонија, би рекол дека таму може да успее само кактус. Ова е вчудовидувачки факт со оглед на тоа дека растат огромни дрва и бујна растителност насекаде. Почвата во Амазонија содржи само 20% од хранливите состојки во шумата, останатите 80% се наоѓаат во самите дрва и растенија. Објаснувањето за овој факт е едноставно; регионот на Амазон има сува и дождовна сезона. Во дождовната сезона нивото на водата на реката Амазон расте драматично и на некои места се покачува за 15 метри во однос на сувата сезона. Ова значи дека за време на врнежливата сезона голем дел од шумата се поплавува. Ова функционира како голем механизам за размена и транспорт на хранливи материи и е круцијално за целата шума. Амазонската почва е како сунгер која иако не е многу хранлива, може да задржи доволно хранливи состојки за да преживееат растенијата до следната врнежлива сезона.

Видови растителност според екосистем

Тера фирма мини|Бодликавата палма Чамбира (Astrocaryum chambira ) од Западен Амазон. Избор на плодови кои се конзумираат и влакна за изработка на разни предмети. Резерват Саша, во источниот дел на Еквадор.