Јан Хус — чешки свештеник, филозоф, реформатор, и ректор на Карловиот универзитет во Прага. Тој бил познат по неговите еретички сфаќања за црквата. Хус многу придонел за развојот на протестантството со движењето по него наречено Хусити, кое кулминирало еден век подоцна со Мартин Лутер. Поради своето делување бил осуден на смрт од католичкиот екуменски Собор во Констанца (денешна Германија) и спален на клада.

Во Прага и денес постои катедралата кајшто служел Јан Хус, а тој се слави како маченик и светец во Чешка. Денот на неговото погубување е државен празник на Чешка.

Во негова чест е именувана улицата „Јан Хус“ во населбата Трнодол во Општина Карпош, Скопје.

Надворешни врски ^ "Luther: man between God and the Devil". Heiko Augustinus Oberman, Eileen Walliser-Schwarzbart (2006). Yale University Press. pp. 54–55;

Категорија:Хусити Категорија:Протестантски реформатори Категорија:Чешки верски водачи Категорија:Протестантски маченици од 15 век Категорија:Чеси од 14 век Категорија:Чеси од 15 век Категорија:Протестанти од 14 век Категорија:Протестанти од 15 век Категорија:Теолози од 14 век Категорија:Теолози од 15 век Категорија:Чешки теолози Категорија:Англикански светци Категорија:Погубени за кривоверство Категорија:Писатели на латински јазик Категорија:Апсолвенти на Карловиот универзитет