мини|десно|300п|Карта на Европа од Абрахам Ортелиј, 1595 г. Историјата на Европа е дел од историјата како наука која се занимава со проучување на минатото на европските народи, етноси и држави. Историчарите историјата на Европа ја разделуваат на повеќе периоди. Првите податоци за човечко постоење на Стариот континент датира пред околу 35 000 години во палеолитот.

Праисторија мини|десно|300п|Праисториски култури во Европа (среден неолит). Праисторијата на Европа се однесува на периодот од човечката праисторија од Долниот палеолит. Овој период го опфаќа времето пред околу 1,8 милиони години. Горниот палеолит го опфаќа времето од пред 20.000 години, период во кој Европа била населена од неандерталци. Мезолитот во Европа започнал пред околу 10.000 години и тоа во југоисточна Европа. Во следните векови, тој се проширил до Северна Европа.

Европското бронзено време започлнала во околу 2800 п.н.е. Рапидниот економски прогрес резултирал со појава на првите европски градови, како што се Троја, Крит, Микена, кои се забележани во подоцнежните епохални литературни извори, како и градење на тврдини и владетелски палати. Во тие рамки се манифестирало и самото религиско сфаќање во склоп на архитектурата, сликарството и скулптурата. Веќе припитомениот коњ и користењето на колата, како во земјоделството, така и во воените походи, овозможиле ширење на сообраќајот, трговијата и комуникацијата дури и со географски најоддалечените области. Европската Железно доба започнала во околу 800 п.н.е. Во времето на оваа епоха, Европа посетепено навлегла во историски период во кој се познати т.н. егејските преселби. Во век п.н.е. се развила Трипилската култура на територијата на денешните држави Украина, Молдавија и Романија.

Класична антика

Класична Антика е поим кој го означува периодот на европската политичка и културна историја во кој водечка улога имале Стара Грција и Рим. Старогрчка цивилизација се простирала на просторите на денешна Грција, Мала Азија, Сицилија, јужна Италија, а подоцна и во Египет, Сирија и Индија. Бидејќи старогрчка цивилизација не може да се ограничи само на Грција ниту само на Грците, најпогодни се старогрчките имиња Хелада и Хелени. Антиката го опфаќа периодот од околу 15 векови, од 1000 година п.н.е. до 500. н.е., помеѓу падот на Западното Римско Царство (476) и затворањето на паганските филозофски училишта во источното, Јустинијаново царство.

Античка Македонија

Античка Македонија било античко кралство на територијата на денешна Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, во северниот дел на денешна Грција. Се граничело со кралството Епир на запад и областа Тракија на исток."Macedonia" - Britannica 2006 Во даден временски период Македонија била најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил скоро цел познат свет во тоа време и со тоа го започнал македонскиот период на светската историја. Античките Македонци живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е Пердика I. За време на кралот Филип II, (359–336 п.н.е.) Македонија се проширила на територијата на Пајонците, Тракијците и Илирите. Ова ги придодало кон кралството битолската и гевгелиската област (во параметри на денешна Македонија). Синот на Филип, Александар Македонски (336–323 п.н.е.) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Грција, туку и врз персиското царство, вклучувајќи го и Египет, Блискиот Исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји. Иако царството се распаднало накратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во регионите. right|300px|thumb|Македонската империја во времето на Александар Велики И покрај распадот на царството во помали кралства раководени од генералите на Александар, Македонија останала многу привлечна територија. За кратко време била владеена од страна на Деметер I (294–288 п.н.е.), но потоа започнала граѓанска војна. Антипатер и неговиот син Касандар ја зазеле власта, но ја изгубиле по смррта на Касандар во 297 п.н.е..

Синот на Деметер Антигон II (277–239 п.н.е.) успешно го вратил мирот и просперитетот и успешно ја одбранил Македонија од галациската инвазија, но изгубил контрола врз многу грчки полиси. Тој сепак воспоставил стабилна монархија и благодарение на него, новата династија Антигониди. Неговиот наследник Антигон II (239–221 п.н.е.) ги искористил овие предности и ја проширил власта на Македонија ширум регионот. Под водство на кралот Филип V (221–179 п.н.е.) и неговиот син Персеј (179–168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на римската република. За време на II век п.н.е. и I век п.н.е. Македонија била во неколку војни со Рим. Ова резултирало со пораз на Македонија, отстранувањето на Антигонидите и распадот на македонското кралство. Андриск успеал накратко да ја врати монархијата во 149 п.н.е. но бил поразен следната година и македонија потпаднала под директна римска власт како Римска провинција Македонија.

Стара Грција

Поимот Стара Грција се однесува на делот од грчката историја кој траел од Грчкото Темно Доба (околу 1100 п.н.е.) и инвазијата на Дорците, до 146 п.н.е. и римското освојување на Грција по Битката кај Коринт. Општо прифатено е дека античко-грчката култура ја претставува самата основа на културите на Западните цивилизации. Грчката култура имала големо влијание над Римското Царство, која пренела различни верзии од неа во многу делови од Европа. Цивилизацијата на Старите Грци извршила големо влијание на јазикот, политиката, образовните системи, филозофијата, науката и уметностите.

Грција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3000 м). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделство. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според грчкиот историчар Тукидид (460-369 п.н.е.), најстари жители на Елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од век п.н.е.. Во почетокот на век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (1600- век п.н.е.). Околу век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Елада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните.

Со развојот на производствените сили елинското општество сè повеќе се раслојувало на богати и сиромаси. Богатите за да ја зачуваат власта над сиромасите создале државен апарат, но планинската природа на Грција не давала можност за економско и политичко обединување на Хелените. Тука не се создала единствена држава, како на стариот исток, туку се создале повеќе мали држави (околу 100). Тие ја опфаќале територијата на еден град со околината, и се наречени градови-држави (полиси). Секој полис ги задоволувал потребите на своето население, и затоа секоја држава ја чувала својата самостојност и била против обединување во една држава. Полисите често војувале меѓу себе. На чело на град-држава се наоѓал Базилеј, кој бил врховен војсководец, свештеник и судија. Тој се советувал со советот на старешини и со народното собрание. Најзначајни градови-држави биле: Атина, Спарта, Теба, Коринт, Мегара и други.

Во Грција немало доволно обработлива земја, што предизвикало голема пренаселеност во градовите и појава на глад. Во периодот од век п.н.е. - век п.н.е. била извршена колонизација во три правци: на запад кон јужна Италија и Сицилија, на север кон Тракија и Јадранско Море и на исток кон Мраморно Море и Црно Море.

Стар Рим

right|300px|thumb|Римското Царство низ вековите Римската држава била создадена на Апенинскиот Полуостров. Во страриот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Граециа.

Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата Рим бил основан во 753 година п.н.е но според археолошките податоци порано околу век п.н.е.

Во најстариот период Рим имал родовско уредување. Родовите биле составени од патријахални семејства - фамилии, на чие чело стоел патер. Десет рода сочинувале братство, а десет братства сочинувале племе или триба. Вкупно имало три триба. Населението го сочинувале слободни и неслободни луѓе. Слободните се делеле на патриции и плебејци. Патриции биле богати луѓе, кои уживале големи привилегии и ги заземале сите положби во државната управа. Од нивните редови биле избирани конзули и сенатори. Плебејците воделе потекло од потчинетото население на Лациј и на Етрурците. Се заземале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Плаќале даноци на државата, служеле војска, но немале политички права и не учествувале во работата на народното собрание. Бракот меѓу патрициите и плебејците бил забранет со закон. Неслободното население го сочинувале робови, кои во овој ран период во римската држава не биле бројни.

Според традицијата постоеле седум кралеви. Последните три кралеви биле етрурски, бидејќи во век п.н.е. Лациј бил освоен од Етрурците. Со нивното владеење не биле задоволни римските патриции, кои во 509 п.н.е. го симнале од престолот и го протерале последниот крал (Тарквиниј Гордиот) и прогласиле република. Римјаните започнале да водат војни за проширување на својата држава најпрвин во Италија а подоцна и надвор од нејзините граници.

Во век п.н.е. Рим водел војна со Галите во Северна Италија, кои во 390 п.н.е. го нападнале и го ограбиле градот Рим. Единствено тврдината на ритчето Капитол не била освоена, иако била опседнувана цели шест месеци. Во исто време Рим војувал и со италските племиња во Средна Италија. Најжесток отпор му пружиле Саминтите, со кои морал да води три војни. Дури по третата семитска војна (298-290), Рим станал господар на средна Италија. Потоа Римјаните ги насочиле своите сили кон Јужна Италија каде што се наоѓале многу колонии на Хелените. Меѓу нив се истакнал и градот Тарент со кого Рим дошол во судир. На овој град во војна му помагал епирскиот крал Пир. На крајот римјаните победиле, го потчиниле Тарент и цела Јужна Италија и се претвориле во една од најголемите и најсилните држави на Средоземното Море.

Доцна Антика