180п|мини|десно|Марија Магдалена се моли. Молитва е општење со Бога. Позната му е на човекот уште од политеистичките религии; човекот отсекогаш се стремел да оствари комуникација и разговор со Бога. Според учењата на православните отци, молитвата е нешто најсвето во нашето постоење. Таа е природен закон. Молитвата е разговор на човечката душа со Бога. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух. Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него.

Молитвата во Библијата Светото Писмо на повеќе места повикува и охрабрува за молитвата:

Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам и ти ќе ме прославиш. (Пс. 49,15)

Штом Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете ако го побарате со сето срце и со сета душа; барајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, тропајте и ќе ви се отвори, зашто секој којшто сака добива, којшто бара наоѓа и на којшто тропа му се отвора. (Мт 7,7-8)

Најпрвин барајте го царството Божјо и Неговата правда и се’ друго ќе ви се додаде. (Мт 6,33)

Ако посакате нешто во мое име, Јас ќе ви исполнам. (Јн 14,14)

Но молитвата не е само барање. Таа е и благодарност, и славословење на Бога за сите добрини и милости кон нас. Светата Црква со сите свои свети тајни и дејствија, преку целата година, е една прекрасна и постојана молитва кон Бога. Треба да се молиме не само кога сме расположени за молитва - напротив, треба самите да се принудуваме на молитва и тогаш кога не ни се моли и кога сме оддалечени од молитвата. Молитвата е убава насекаде. Посебно е убаво молењето во осаменост и во природата. Може човек да се моли од книга или со свои зборови, но со посветеност на молитвата и на Бога, според Господовите зборови

Влези во својата соба и затвори ја зад себе вратата и помоли се во тајност, и Твојот Отец што борави во тајност ќе те награди јавно.

Правила за молење во православното христијанство За да биде молитвата вистинска и силна, треба да постојат овие услови: Прво, да се подготвуваме за неа со побожни мисли и чувства. Пред сè, треба да бидеме длабоко проникнати од мислата дека сме грешни и недостојни да застанеме пред Бога и да разговараме со Него, пред Кого треперат ангелските сили. Второ, да се трудиме сè што е кажано во молитвата да биде со внимание и со разбирање; да внимаваме во смислата на зборовите што ги читаме или пееме. Никаква полза нема од молитвата, ако ја вршиме без внимание и разбирање. Трето, да се молиме со непоколеблива вера и надеж дека ќе го добиеме тоа што го бараме. Четврто, треба да се молиме со покајно и смирено срце и со чиста совест. Само смиреноста, поправо сознанието дека сме недостојни пред Бога може да нè удостои со Неговата богата милост. Петто, заедно со верата, во нашата молитва треба да се појават уште: трпението, постојаноста и неуморноста. Шесто, и постот е многу важно помошно средство за засилување на молитвата. Ако молитвата е издигнување на душата кон Бога, издигнување со вера, надеж и љубов, тогаш постот е воздржување од сè што пречи на душата да се издигнува кон Бога. Постот е умереност во јадење и пиење и во другите животни потреби. Постот значи одбегнување на гнев, непријателство, завист, омраза и други страсти

Молитвата како тема во уметноста и во популарната култура „Молитвата на девојката“ (српски: Molitva djevojčina) - бугарштица.Bugarštice. Beograd: Rad, 1969, стр. 67-68. „Послушана молитва“ (српски: Услишена молитва) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 36. „Молитва“ - песна на полскиот поет Станислав Гроховјак.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 241. „Молитва“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1964 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 161-162. „Молитва“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 46-47. „Молитва“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 25-26. „Молитва за мојата ќерка“ (англиски: A prayer for my daughter) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс од 1919 година.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 106-109. „Молитва за мојот син“ (англиски: A prayer for my son) - песна на Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 124-125. „Молитва“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 11. „Молитва за успокојувањето“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 13. „Молитва“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 36-37. „Молитва за мојата мајка“ - песна на Пјер Паоло Пазолини од 1962 година.Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 74-75. „Молитва“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 81. „Јидиш - молитва“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Скопје: Наша книга, 1990, стр. 33. „Молитва“ — песна на македонскиот писател Братислав Ташковски од 2023 година.Александра Јуруковска, „За дивата коњаница на зборот – кон „За сите времиња“ од Братислав Ташковски (ПНВ Публикации, 2023)“, Современост, број 3, 2023, стр. 123-125. „Молитвата на господинот Когито -патник“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 150-152. „Бревијар“ - песна на Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 231-233. „Бревијар. Ситници“ - песна на Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 265-266. „Молитва за спас“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 133-142. „Молитви на моето тело“ - циклус песни на македонскиот поет Ацо Шопов.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 60-71. „Молитва за сињарката - моја наречница“ - песна на Ацо Шопов.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 131. „Молитва“ - песна на македонската група Бастион.Bastion works & rew>>works, AG Records, PMG Recordings, Lithium Records. „Раце што се молат“ (англиски: Praying Hands) — песна на американската рок-група Дево (Devo) од 1978 година.Devo – Q: Are We Not Men? A: We Are Devo! (пристапено на 10.2.2024) „Молитва“ - песна на македонската енто-група Dragan Dautovski Quartet.Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.

Наводи

Категорија:Теологија Категорија:Религија Категорија:Христијанство