Вила Водно ― службеното работно место на Претседателот на Република Македонија. Градбата се наоѓа во подножјето на Водно, на јужниот раб на Скопје. Вилата е во близина на резиденцијата на претседателот. Објектот се состои од приземје и кат на повеќе нивоа, и има околу корисна површина.

Вилата Водно има приземје и кат кој е на повеќе нивоа. Таа е составена од стар и нов дел. Стариот дел кој бил обновен е остаток од некогашна државна вила која во минатото ја користеле функционери, а новиот бил изграден во периодот 2004 - 2008, а за изградбата од државната каса биле потрошени околу пет милиони евра.Идивиди, 11 мај 2009: ИВАНОВ ЌЕ РАБОТИ ВО НОВАТА РЕЗИДЕНЦИЈА „АНЕКС“ НА ВОДНО

Во вилата, освен канцеларијата на претседателот има посебни работни простории за неговите служби, како и посебни простории за состаноци и приеми. Мебелот е модерен и со национални обележја. Во просториите за состаноци и приеми ѕидовите се украсени со уметнички слики од познати македонски уметници, како и мозаици изработени од Глигор Чемерски.Утрински весник, 20 јули 2009: Промовирани мозаиците на Глигор Чемерски во вилата „Водно“

Во паркот околу вилата се засадени чемпреси, елки и други зимзелени дрвја, пространи тревници и цветни градини.

До вселувањето на претседателот, вилата била нарекувана „Вила Анекс“. Почнувајќи од 2009 година, просториите во Парламентот кои служеле како претседателски кабинет биле отстапени за потребите на собраниските служби, односно за собранискиот претседател Трајко Вељаноски и уште за 17 други пратеници.

Наводи

Надворешни врски Виртуелна тура на Вила Водно на страната на Претседателот на Република Македонија

Категорија:Куќи во Скопје Категорија:Официјални резиденции во Македонија Категорија:Претседателски резиденции Категорија:Македонската архитектура во 2008 година Категорија:Водно (населба)