Италијанците (на италијански: italiani) се етничка група кој во глобала најмногу е населена во Италија (родната земја), но и во останатиот дел од Западна Европа како и Јужна и Северна Америка. Во Италија денеска не сметајќи ги останатите народи има повеќе од 22 милиони Италијанци. Според ОН во Италија живеат околу 65 нации, а Италијанците се присутни дури во 61 држава.
Име
Коренот на името потекнува од зборот Italus (од старогрчки: Italós). Во грчките митови Италос е син на Телегома и Пенелопе. По други митови тој бил водач на сицилијанските племиња Сикула или пак Лигура. Од Италус народот кој го населил Апенинскиот Полуостров денеска нарекуваат Италијанци (на англиски Italians).
Историја Потекло
thumb|150px|лево|Татковината на старите италски племиња Италијанците водат потелко од старите племиња кои во 1 век п.н.е. се населиле на врвовите на алпите како и низ целиот Апенински Полуостров и Сицилија. Овие народи имаа различно потекло. Најстари од сите се Лигурите и Илирите. Некаде во VIII век п.н.е. помеѓу реките Арно и Тибар настанале и Етрурците, кои до VII век се прошириле до реката По и островот Корзика. Освен овие племиња имало и други.
Италијанците како тема во уметноста и во популарната култура Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ги опишува Италијанците како најсвирепите луѓе во љубовта,Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111. а Италијанките ги опишува како „сопруги и мајки“,Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 157. но и дека „бараат сентименталност и пари“.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 149. Според него, Италијанецот е несигурен и како пријател и како непријател,Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 194. а од сите народи, италијанскиот народ најлесно ја поднесува тиранијата.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 363.
Во 1965 година, режисерот Џузепе де Сантис го снимил филмот „Италијанците добри луѓе“ (италијански: Italiani Brava Gente).kinoteka.mk (пристапено на 5.10.2019)
Наводи
Категорија:Италија