thumb|240px|Географски координати :
Додека континентална Франција се наоѓа во Западна Европа, Франција исто така поседува и територии во Северна Америка, Карибите, Јужна Америка, на јужниот дел на Индиски Океан, на Тихиот Океан, и на Антарктик.Sovereignty claims in Antarctica are governed by the Antarctic Treaty System
Европскиот дел на Франција зазема 547.030 км2, заземајќи го најголемиот дел меѓу членките на Европската Унија, односно, за малку е поголем од Шпанија. Франција поседува различен вид на релјеф, од низини на северниот и западниот брег, до планини на југоисток каде што се протегаат Алпите, во средишниот јужен дел кај Централниот Масив и Пиринеите на југозапад, кои се некој вид и природна граница со Шпанија. На 4.807 метри над морското ниво, највисоката точка на Европа, врвот Монблан, се наоѓа на Алпите на границата меѓу Франција и Италија. Континенталниот дел на Франција има исто така и раширени речни системи меѓу кои реката Лоара, Гарона, Сенаи Рона, која го дели Централниот Масив од Алпите и се влева во Средоземното Море кај местото Камарг, најниската точка на Франција (2 м под морското ниво). Корзика се наоѓа во Средоземното Море.
thumb|left|250px|Француската економска зона се протега на 11 милиони км2 океан низ светот. Целосното копно на Франција, заедно со ДОМ и ТОМ (без Адели Ленд), изнесува 674.843 км2, 0,45% од целосното копно на Земјата. Сепак, Франција поседува втора по големина економска зона (EEZ) на светот, или 11.035.000 км2, приближно 8% од целосната површина на сите економски зони во светот, и се наоѓа веднаш зад Соединетите Држави (11.351.000 км2) пред Австралија (8.232,000 км2 ).Согласно една поинаква пресметна наведена од Pew Research Center, економската зона на Франција изнесува 10.084.201 км2, сепак зад онаа на Соединетите Држави (12,174,629 км2), и сепак пред Австралија (8.980.568 км2 и Русија (7.566.673 км2
Европскиот дел на Франција се наоѓа 41° и 51° северно, во западниот дел на Европа, па оттука лежи во северната температурна зона. Северот и северозападот имаа умерена клима, додека комбинација од морски влијанија, широчината и височината предизвикува разновидна клима во останатиот дел на континентална Франција. На југоисток преовладува средоземна клима. Во западниот дел, климата главно е океанска со висок степен на врнежи, меки зими и свежи до топли лета. Во внатрешниот дел климата станува континентална со жешки, лета, постудени зими и со помалку врнежи. Климата на Алпите и другите планини главно е алпска, со голем број денови со температури под нулата и со 150 снежни денови каде снегот трае до 6 месеци.