Задолжбина за историски места на Нов Зеланд (, ) — непрофитна задолжбина кој се залага за заштита на родовски наледни места и објекти од културно-историско значење во Нов Зеланд. Основан е според Законот за историски места од 1954 г. и има за цел да „...се залага за распознавање, заштита, зачувување и конзервација на историското и културно наследство на Нов Зеланд.“
Со задолжбината управува одбор на доверители, чиј моментален претседател е Џон Акланд, како и Совет за маорско наследство (Māori Heritage Council), чиј моментален претседател е Туму те Хеухеу. Централната управа е сместена во Ентримскиот Дом во Велингтон, со подрачни и месни ограноци во Керикери, Окленд, Тауранга, Велингтон, Крајстчерч и Данидн.
Организацијата го издава тримесечникот New Zealand Heritage.
Меѓу објектите во сопственост на задолжбината се вбројуваат Мисионерскиот Дом, Камената Продавница и мисиноерскиот дом Те Ваимате.
Регистар
Регистарот на историски места е поделен на четири главни делови:
Историски места Историски подрачја Свети маорски места Свети маорски подрачја
Историските места се распоредени во две категории:
Категорија I - „...места од особено или извонредно историско или културно значење или вредност.“ Категорија II - „...места од историско или културно значење или вредност.“
Совет за маорско наследство Советот за маорско наследство работи во рамките на Задолжбината за историски места на Нов Зеланд и е основан со Законот за историски места од 1993 г. Функциите на советот се следниве: заштита и регистрација на свети места и свети подрачја помагање на Задолжбината за да срочи и одразува двокултурни погледи при примената на неговите надлежности и функции укажување на помош на маорски семејства, подродови (хапу) и родови во зачувувањето и управувањето со нивните наследни ресурси разгледување на препораки во врска со археолошки наоѓалишта застапување на интересите на Задолжбината и Советот кои се однесуваат на маорското наследство на било кој јавен и маорски форум.
Поврзано
Историја на Нов Зеланд Маорска култура Новозеландска култура Служба за заштита на природата на Нов Зеланд
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Задолжбината за историски места
Категорија:Културни организации
Категорија:Новозеландска култура Категорија:Историја на Нов Зеланд