Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е меѓународна организација која го надгледува глобалниот финансиски систем, девизните курсеви и билансите на плаќања на земјите, а исто така нуди техничка и финанскиска поддршка кога им е потребна на земјите-членки. Седиштето на ММФ е во Вашингтон. ММФ се опишува себеси како „организација на 185 држави, кои работат на глобална финансиска соработка, финансиска стабилност, олеснување на меѓународната трговија, промоција на вработувањето и на економскиот раст, и намалување на корупцијата“. Од сите членки на ОН само Северна Кореја, Куба, Лихтенштајн, Андора, Монако, Тувалу и Науру не се членки во ММФ и не се застапени преку други членки. ММФ заедно со Меѓународната банка за обнова и развој (познати како „Бретонвудски близнаци“) делуваат заедно, со цел воспоставување стабилен систем на меѓународни односи.
ММФ има три цели: унапредување на меѓународната монетарна соработка и стабилност на меѓународните монетарни односи со цел спречување на девалвациите на националните валути и помош во создавањето на мултилатерален систем на плаќање во однос на монетарните трансакции меѓу земјите-членки и отстранување на девизните ограничувања кои се пречка за светската трговија. Фондот е посебно правно лице, со право да склучува договори и да располага со движен и недвижен имот.
Историја и организација Почетоци и развивање мини|лево|280п|Седиштето на ММФ во Вашингтон Во Големата депресија во триесеттите години на XX век, економските активности на водечките индустриски нации доживеаја голема рецесија. Предноста на побогатите држави во однос на другите земји ја стекнаа со тргување без рестрикции, а иако „големината на питата” е зголемена во зависност за овој ист како и другите придобивки дадени на една земја. Светската трговија, вработеноста и животниот стандард во многу земји нагло се намалија. За време на Втората светска војна водечките сојузнички држави разгледуваа различни планови да ги вратат во ред мегународните монетарни врски и тоа го сторија на Бретонвудската конвенција каде беше формиран Меѓународниот монетарен фонд. Основачките земји членки изгласаа нацрт-повелба за создавање мегународна институција која треба да го набљудува меѓународниот монетарен систем и да ги елиминира девизни рестрикции.
Меѓународниот монетарен фонд е формиран на 27 декември 1945 година, кога првите 29 земји ја потпишаа спогодбата. Статутарните одредби на ММФ денес се исти како оние кои биле формулирани во 1945 година. Договорот во Бретон Вудс, исто така, повикувал на систем на фиксни девизни курсеви кои би биле уредени од страна на ММФ. Според овој договор, сите земји требало да ја фиксираат вредноста на својата валута со златото, но од нив не се барало да ги заменуваат своите валути за злато. Друг аспект на Бретонвудскиот договор бил посветеноста девалвацијата да не се користи како оружје за конкурентна трговска политика. Меѓутоа, ако една валута стане премногу слаба за да се брани, би била дозволена девалвација до 10%, без некакво формално одобрение од страна на ММФ. За поголеми девалвации било потребно одобрение од ММФ.
Развивање и проширување По Втората светска војна, влијанието на ММФ во глобалната економија постојано растело, а тоа било придружено со зголемување на бројот на земјите-членки. Во 1995 година, ММФ почнал да работи на стандарди за проширување на обемот на јавнообјавените економски и финансиски податоци на неговите членки. Притоа, ММФ и Финансискиот комитет (IMEC) го потпишаа нацртот на стандардите кои беа поделени во два дела, и тоа: главни податоци на системот за проширување и специјални податоци за стандардите за проширување. Во 1996 и во 1997 година, Извршниот одбор на ММФ ги одобри двата дела „Главни податоци на системот за проширување и „Специјални податоци за стандардите за проширување“.
Организација и раководење ММФ е организиран на принципот на акционерско друштво. Оттука, одлучувањето во ММФ не е засновани врз принципот „една земја-еден глас“, туку бројот на гласовите на членките е различен, во зависност од нивната квота. По правило, секоја земја располага со 250 почетни гласови и со еден дополнителен глас на секои 100 000 специјални права на влечење, т.е. на секои 10 000 долари од вредноста на нејзината квота. ММФ има десет функционални сектори: администрација, средишна банка, девизни и трговски работи, надворешни односи, фискални работи, структура на ММФ, правни работи, истражувачки работи, управа, сметководство и финансии.Kersan-Skabić, I. (2017). Suvremeni trendovi u međunarodnoj ekonomiji. Pula: Sveučiliste Jurja Dobrile, str. 22. Во однос на распределбата на гласовите, САД имаат 16,52% од гласовите, а потоа доаѓаат Јапонија (6,15%), Кина (6,09%), Холандско-белгиската конституенца (5,43%), Германија (5,32%) и конституенцата предводена од Шпанија и Мексико (5,31%).Мирче Јовановски, „Придобивките од економскиот раст треба да ги почувствуваат сите“, Економија и бизнис, година 20, број 252, јули/август 2019, стр. 33.
Според член 20, став 1, од Статутот на ММФ, неговата раководна структура се состои од:Lovrinović, I. (2015). Globalne financije. Zagreb: Accent, str. 45. Одборот на гувернери (Board of Governors) е највисокото раководно тело, а се состои од претставници на сите земји-членки. Секоја земја-членка именува гувернер и негов заменик (обично, тоа се министерот за финансии и гувернерот на централната банка) кои ја претставуваат во Фондот. Од редовите на гувернерите се избира претседател на одборот. Одборот на гувернерите се состанува редовно, еднаш годишно, заедно со Одборот на гувернерите на Светската банка. Притоа, секои две години, тие состаноци се одвиваат во Вашингтон (Washington D.C.), а секоја трета година надвор од САД. Извршниот одбор (Executive Board) е одговорен за водење на тековните работи, како и за подготовка на годишниот извештај во кој се дискутираат сите активности на Фондот и се даваат препораки за решавање на тековните проблеми. Тој се состои од 24 извршни директори, од кои 5 се именувани од членките со највисоки квоти, а останатите ги претставуваат групите на земји кои се така организирани што имаат приближно еднаква моќ за гласање. Извршните директори го претставуваат ММФ во своите земји или групите земји кои ги имаат избрано, но ги претставуваат и интересите на тие земји во Фондот. Извршните директори го избираат раководниот директор. Извршниот одбор одржува најмалку три состаноци неделно на кои ги разгледува тековните прашања.Jeff Madura, International Financial Management (ninth edition). Thomson South-Western, 2008, стр. 39. Раководниот директор (Managing Director) истовремено е претседател на Извршниот одбор и шеф на персоналот кој е вработен во Фондот, а исто така е одговорен за организација, именување и отпуштање на вработените. Вообичаено, на оваа функција се бира личност која доаѓа од европска држава, а неговиот заменик е државјанин на САД.
Во 2011 година, на чело на ММФ застанала Кристин Лагард, како прва жена-директор во историјата на оваа институција. Во 2016 година, таа била повторно избрана на оваа функција.„Кристин Лагард на чело на ММФ уште 5 години“, Економија и бизнис, година 18, број 213, март 2016, стр. 49.
ММФ е организиран во осум функционални оддели:Bilas, V. & Jovanović, E. (2011). „Djelovanje Međunarodnog Monetarnog Fonda u suzbijanju aktualne krize u zemljama Srednje i Istočne Evrope“. Zbornik Ekonomskog fakulteta u Zagrebu, 9(2), str. 2-15. Финансиски оддел (ги обезбедува, управува и ги чува финансиските средства); Фискален оддел (дава политички и технички совети на земјите членки); Оддел на монетарниот и пазарот на капитал (го надгледува финансискиот сектор и пазарите на капитал, девизите, договорите и операциите, а воедно подготвува извештај за светската финансиска стабилност); Правен оддел (ги советува менаџментот, извршниот одбор и вработените за одредени закони, подготвува одлуки и други правни инструменти и им дава техничка помош на земјите членки); Стратешки, политички и надгледен оддел (ги изработува, вградува и проценува политиките на ММФ во поглед на надзорот и употребата на финансиските средства); Истражувачки оддел (врши надзор на светската економија, т.е економијата и политиката на земјите членки и ги презема потребните истражувања во врска со прашањата кои се важни за ММФ); Статистички оддел (ги развива меѓународните методи и стандарди, обезбедува техничка помош и пракса за да се дојде до најдобрите економски и финансиски статистики); и Институт на ММФ (овозможува пракса за макроекономските анализи и политики кои им се потребни на земјите членки и вработените).
Дополнително, ММФ има и четири оддели за поддршка:Solta, L. (2010). Uloga MMF-a u globalnoj ekonomiji. Zagreb: Financijski klub, str. 101-103. Оддел за надворешни односи (негова работа е промовирање на граѓанска толеранција и поддршка на ММФ и неговите политики); Технолошки и оперативен оддел (дава услуги во управувањето со информациите, комуникацијата и помага во изградбата на делотворна работна околина); Оддел за секретеријат (организира и известува за активностите на ММФ и го помага менаџментот во подготовката на работните програми на извршниот одбор и останатите служби); и Кадровски оддел (ги обезбедува вработените со информации и личи услуги, ја надгледува работата на вработените и дава можности за напредување во кариерата, образовни семинари и останати правни услуги).
Активности ММФ се грижи за глобалниот просперитет така што се залага за рамнотежен развој и ширење на светската трговија, стабилност на девизните курсеви, спречување на конкурентските девалвации помеѓу државите и помага во остварување на рамнотежа во платниот биланс. Фондот настојува да ја спречи појавата на кризите и им дава технолошка и финансиска поддршка на земјите кои се сметаат за најсиромашни и најзадолжени и имаат проблеми со билансот на плаќање. Тој учествува во унапредување на пазарите на капитал преку начелото на транспарентност, а воедно ја дефинира и либерализацијата на движење на капиталот.Babic, M. & Babic, A. (2000). Međunarodna ekonomija. Zagreb: MATE, str. 23.
Основните цели на ММФ, наведени во статутот, се:Vizjak, A., Djelovanje Međunarodnog Monetarnog Fonda (MMF). Zagreb, 2006, стр. 15.Jeff Madura, International Financial Management (ninth edition). Thomson South-Western, 2008, стр. 42. Развој на меѓународната монетарна соработка; Олеснување и проширување на меѓународната трговија, вработеноста и доходот; Поддршка на стабилноста на валутите; Воспоставување мултилатерален систем за плаќање за тековните трансакции и укинување на девизните бариери; Располагање со средствата на Фондот за отстранување на нерамнотежата во платните биланси на земјите-членки.
Извори на средства на ММФ Постојат четири главни извори на средства на ММФ, кои се користат за давање на кредити на земјите-членки:Kovač, O. (2007). Međunarodne finansije. Beograd: Ekonomski fakultet, str. 80. Упис на квотата на земјите-членки Позајмување Такси за употреба на сопствените средства и доход од инвестициите Камата на средствата од посебните права за влечење
Главниот извор на средствата на Фондот се членарините, т.е. квотите кои ги уплаќаат членките. Составот на квотата, покрај собирањето на средствата за финансирање на активностите е важна и за управувањето со Фондот, бидејќи преку висината на уплатената квота се утврдува бројот на гласови на поединечните членки. Членарините се плаќаат претежно во домашна валута со можност за плаќање во посебни права за влечење или во други валути.
Видови заеми на ММФ