Бугарскиот културен клуб - Скопје — здружение на граѓани во Република Македонија основано на 4 мај 2008 и регистрирана на 22 мај 2008. Претседател на Управниот одбор на здружението е Лазар Младенов, дипломиран електроинженер.* Решение 30120080049985 од 22.05.2008. Централен Регистар на Република Македонија.

Цел Целта на здружението е создавање на промени во Република Македонија и разбирање за неопходноста од зближување и меѓукултурна толерантност на културите на соседните држави - Република Македонија и Република Бугарија.* Програма за работа на здружението на граѓани Бугарски културен клуб - Скопје. Мрежно место на здружението.

Дејност Претставниците на здружението учествувале во јавна дискусија за интеграција на етничките малцинства во Струмица* Јавна дебата во Струмица . Мрежно место „Под исто сонце”., се собирани и се претставени податоци за места на погребаните бугарски војници и офицери загинати за време на Првата светска војна на територијата на Република Македонија * Бугарски воени гробишта од Првата светска војна на градските гробишта во Струмица. Информативна агенција "Фокус", 26 април 2009.* Посета на гробиштата на бугарските офицери во Струмица. Мрежното место на здружението., и земаат однос во врска со спорот со Грција за името.* Меморандум од Бугарскиот културен клуб - Скопје во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција Мрежно место на здружението.* Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб - Скопје: Од спорот за името Македонија само губи . В. „Политика”, број 237, 31 октомври – 6 ноември 2008.

Управен одбор Претседател на Управниот одбор Лазар Младенов Потпретседател на Управниот одбор Александар Николиќ Членови на Управниот одбор Мирослав Ризински Саве Димитриевски Љупчо Куртелов † Тодор Китанчев Дејан Танчовски

Надзорен одбор Претседател на Надзорниот одбор Васил Карастојанов Членови на надзорниот одбор Ристо Чичовски Весна Речкоска

Извори

Надворешни врски Бугарски културен клуб - Скопје. Мрежно место на здружението.

Категорија:Невладини организации во Македонија Категорија:Бугарски организации во дијаспората Категорија:Македонско-бугарски односи Категорија:Појавено во 2008 година во Македонија