Клас-Јан Хунтелар (роден на ) — холандски фудбалер, напаѓач на Ајакс во холaндската Ердивајс и на холандската репрезентација. Хунтелар е опишан како "плоден напаѓач"" со "брилијантен прв допир" и е споредуван во стил на играчи како Марко ван Бастен и Руд ван Нистелрој. Во 2009 година, поранешниот холандски селектор Луи ван Гал бил цитиран во неговата изјавата за играчот ", во пенал зоната, тој е најдобар играч во светот, нема ниту еден подобар."

Хунтелар играл за ПСВ, Де Графшап, Апелдорн, Херенфен, Ајакс, Реал Мадрид иМилан, пред да се приклучил на Шалке 04 во август 2010 година, со кого се искачил на списокот на највисоки стрелци во Бундеслигата во сезоната 2011-12 со 29 голови. Хунтелар е исто така втор стрелец на Шалке на сите времиња, зад Клаус Фишер. Тој се вратил во Ајакс на 1 јуни 2017 година со договор од една година. Хунтелаар бил именуван за холандски фудбалски талент на годината во 2006 година и за "Играч на годината" на Ајакс во 2006 година, и бил дел од холандската репрезентација што го освоила УЕФА У-21 првенство во истата година, каде што бил прв стрелец на турнирот. Тој бил исто така именуван како еден од двајцата напаѓачи во УЕФА Тимот на турнирот. Тој е најдобриот стрелец на сите времиња на Холандската репрезентација под 21 година, со 18 гола во 22 настапи.

Наводи

Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Бундеслигата