Првото Бугарско Царство или Дунавска Бугарија () — ханство, подоцна и царство, на Прабугарите и Словените, кое постоело на Балканскиот Полуостров и неговите гранични делови од Југоисточна Европа од 681 до 971 година.
Основано од туранскиот хан Аспарух, којшто по распаѓањето на Стара Велика Бугарија доведувал дел од прабугарските племиња во денешна Бесарабија и Добруџа, ги потчинува месните словенски племиња и ја принудил Византија да му плаќа данок во 681 година. Во прво време, главниот град било Онгал, денешна Романија, понатака се востановува во Плиска, а кон крајот на век во Велики Преслав.
Најголемото територијално проширување државата го достигнува во век, кога кон првоначалните територии по Долен Дунав се присоединети области во Тракија и Македонија, делови од денешните Албанија, Србија и Романија, а исто така и дел од северното црноморие (до река Днепар), тогаш познато како Кутмичевица.Л. Иванов. История на България в седем страници. София, 2007.
Во текот на 864-866 година, за време на Борис I, христијанството станала државна религија, што води до значителни промени во културниот живот на државата и т.н. Златен век на цар Симеон. Царот Симеон организирал неуспешни походи за да го превземи главниот град на Византија, Цариград.
Византиско-бугарските војни, заедно со инвазиите на Унгарците (Маѓарите), Печенезите и Русите, доведело до ослабување на царството и паѓањето на главниот град Преслав под византиска власт во 971 година.
Почетокот
Стара Велика Бугарија Во 632 година ханот Кубрат успева да ги обедини прабугарските и хунските племиња, кои се наоѓаат под власта на Западнотуркискиот ханат, во сопствена држава, наречена од византиските хроничари Стара Велика Бугарија. Со помошта на оскудните записи на ерменски и византиски летописци, се востановени приближно границите на таа држава: долното поречие на Дунав на запад, Црно и Азовското Море на југ, реката Кубањ на исток и реката Дон на север. лево|мини|Кубрат и неговите синови. Слика на Димитар Ѓуџенов од 1926 година. Царството на Кубрат се распадна по неговата смрт (). Според византиските хроничари Теофан и Никифор, тој оставил завет на неговите пет синови да останат заедно во единство и меѓусебна солидарност; но набргу тие се разделиле и повеле дел од својот народ со себе, со што го забрзаа распадот на Стара Велика Бугарија. Најстариот, Бајан или Батбајан, останал во Стара Бугарија. Вториот, Котраг, го премина Дон и се насели на далечната страна. Третиот, Аспарух, го поминал Днепар со своите следбеници и привремено го поставил својот логор меѓу таа река и Дунав. Четвртиот син на Кубрат ги преминал Карпатите и стигнал до Панонија, каде што се ставил под власта на аварскиот хан. Петтиот заминал најдалеку од сите, пристигнувајќи со своето племе во Италија, во близина на Равена, каде што му се покорил на византискиот император. Треба да се додаде дека распадот на Стара Бугарија беше дополнително забрзан од налетот на Хазарите, кои подоцна го прифатиле јудаизмот и станаа доминантна сила во Евроазиската Степа.
Населување на Бугарите на Балканот
Откако Аспарух ги преминал реките Дњепар и Дњестар, и се населил во близина на Дунав, каде што нашол соодветно место за живеење (на нивниот јазик наречено Онгала), кое било тешко пристапно и непробојно за непријателите, затоа што од едната страна било мочурливо и непроодно, а од другата страна оградено со непристапни карпи.
Се смета дека Онгала се наоѓала на мало подрачје помеѓу реките Сирет, Прут и Дунав. Според друго мислење се наоѓал на островот Певки, во делтата на Дунав, што е помалку веројатно. Аспаруховите Бугари биле бројни. Онгала бил само привремен центар, но веројатно имало и претходница во Добруџа и заден одред во Бесарабија. Не може точно да се прецизира и датумот на преселбата на Аспарух во Онгала. Тоа морал да биде постепен процес кој се одвивал помеѓу 650 и 670 година. Во овој период Византија била зафатена во крвава војна со Арапите во Азија, а во Европа со религиозните и дипломатски интриги со монотелитите; а во 668 г. убиството на западнољубивиот император Констанс II било проследено со краток бунт. Но, до 679 г. тронот бил безбеден и арапската војна завршувала. Императорот Константин IV бил свесен за опасноста да дозволи нови освојувачи на Балканот да ги вознемират, или уште полошо да ги организираат Словените. Ордите на Аспарух морало да бидат натерани да се повлечат назад или да бидат уништени.
Во 680 година Прабугарите, обединети со седумте словенски племиња и Северите, водат војна со Византија кај месноста Онгала, и по поразот, Византија потпишува мировен договор со Бугарија во 681 година, со тоа што се задолжува да и плаќа годишен данок. По војната Бугарија ги опфаќа земјите од северното црноморие и реките Днепар и Днестар на исток до река Морава на запад, и од северните склонови на Стара Планина на југ до јужните склонови на Карпатите на север. Од југ сосед и била моќната Византија, од запад - Аварскиот каганат, од исток - Хазарите, кои ги заземале териториите на Кубратова Бугарија. Главен град станала словенската крепост Плиска.
Борби за престолот мини|лево|Мадарскиот коњаникХан Аспарух починал веројатно некаде околу 700 година во битка со Хазарите од исток, 58 години откако се разделил од своите браќа. Го наследил Тервел, неговиот син или можеби внук. Тој востановил директни политички односи со византиската власт, со тоа што неколкупати му помогнал на паднатиот император Јустинијан II да си го врати престолот. Заради таа помош ханот ја добил богатата и важна област Загоре, на југ од Стара Планина. Најголемиот успех на хан Тервел е победата над Арапите, кои го опсадиле Цариград во 717 година, што им ставило конечен крај на нивните обиди да проникнат во Европа преку Балканот. Неговата победа се споредува со постигнатата, многу години подоцна, победа над Арапите на Карл Мартел при Поатје.
мини|Бугарското ханство од 680-803 год.
По смртта на ханот Тервел, Бугарија навлегла во политичка криза, хановите се менувале речиси секоја година преку преврати и интриги, а врв на сето тоа е управувањето на ханот Умор - само 46 денови. Положбата се стабилизирала кон крајот на 8 и почетокот на 9 век, кога престолот го зазел ханот Крум. Од тој силен и енергичен бугарски хан започнува династијата на најсилно изјавените владетели на Првата Бугарска Држава, кои ја управувале речиси до самиот нејзин крај.
Во 756 година императорот Константин V изградил низа тврдини долж византиско-бугарската граница. Бидејќи овие тврдини ги прекршувале условите од претходниот договор, Бугарите барале компензација. Константин одбил и Бугарите, толкувајќи ги неговите постапки како непријателски, ја нападнале византиската територија само за да бидат разбиени од царските трупи. Ова беше првата од деветте војни меѓу Константин V и Бугарите. Овој пораз довел до соборување на бугарскиот хан. Повторно следела граѓанска војна, на крајот од која, во 761 или 762 година, на тронот дошол извесен Телец. Телец веднаш собрал војска, ја зацврстил својата граница со Византија, а потоа напредувал во Тракија. Константин V излегол да го пречека и по жестока битка Бугарите повторно биле разбиени. Се чини дека овој пораз е причина за новите немири во Бугарија кои довеле до соборување на Телец околу 764 година. Новиот хан, Сабин, се обидел да склучи мир со Византија, но бил обвинет дека ја предал земјата на Византијците и морал да пребега со своите роднини во Константинопол. Меѓутоа, набрзо мирот го склучил еден хан по име Паган, но борбата за тронот продолжила. Во неколку наврати (од кои едниот во 766 година), Византија интервенирала со војски во име на нејзините кандидати. Кога интервенирала, империјата можела да ја наметне својата волја врз Бугарите, чија земја била во анархија. алт=Colour-coded map|мини|Политичка карта на Европа во 771 год. Во 770 Телериг станал хан. Меѓутоа, војната продолжила во 773 година кога Константин V успешно ги нападнал Бугарите. Истата година Бугарите упаднале јужно до Тесалија каде што биле запрени од Византијците. Хронологијата на овие два настани, како и причините се непознати. Изгледа дека следната година, во 774 година, Константин V планирал нов напад. Телериг му напишал на императорот велејќи дека можеби ќе треба да побегне во Константинопол; кому во Бугарија може да му верува? Константин наивно му испратил список на византиски агенти во Бугарија. Телериг ги заробил и ги погубил сите. Од оваа приказна дознаваме дека византиските разузнавачи биле активни и интервенирале во внатрешните работи на Бугарија. Константин V потоа започнал да ја планира својата следна кампања против Бугарите; сепак, неговата смрт на почетокот на кампањата значела крај на војната. Иронично, Телериг сепак морал да побегне од земјата, во 777 година; дошол на дворот на императорот Лав IV Хазар, го примил христијанството и добил невеста, роднина на царицата Ирина. лево|мини|Битката кај Меркели (792) За време на владеењето на Ирина и нејзиниот син Константин VI во Византија, за противник во Бугарија го имале ханот Кардам (777-802). Отпрвин, Византијците успеале да ја потиснат бугарската граница на север. Во 784 година, царицата Ирина напредувала од Анхиалус, далеку во внатрешноста до Береја (денешна Стара Загора), која таа ја обновила и ја нарекла Иренуполис. Сердика, исто така, останала цврсто во византиски раце. Меѓутоа, во 792 година, Кардам му нанел катастрофален пораз на младиот Константин VI кај пограничната тврдина Меркели. Византија повторно морала да плаќа данок на Бугарите, кои периодично ги зголемувале нивните барања со уценувачки закани за понатамошни напади. Во 797 година, приврзаниците на Ирина го ослепиле нејзиниот син Константин, а таа продолжила да владее сама.
Во меѓувреме, во 790-тите, франечкиот крал, Карло Велики, водел кампања против Аварите. Тој извојувал голема победа во 796 година (во која му помогнал и панонскиот хрватски кнез Војномир) и Франките станале господари над Хрватите од северна Далмација, Славонија и Панонија; франечките мисионери набрзо влегле во областа. Набрзо следел втор голем удар за аварската моќ, но овој пат од исток, под водство на новиот бугарски хан Крум. Како резултат на овие две победи, Франките и Бугарите наскоро дојдоа да имаат заедничка граница долж реката Тиса, а Бугарите успеале да го прошират своето владение над територијата северно од Дунав до Карпатите. Аварите не исчезнале одеднаш. Западно од Дунав бил основан каганат, кој бил вазал на Франките и под христијански хан, а Франечките извори спомнуваат аварски пратеници кои го посетиле франечкиот двор помеѓу 805 и 822 година. Во 889 година се споменува дека Маџарите ги зазеле пасиштата на некои слободни Авари во долна Панонија. После тоа, изворите престануваат да ги спомнуваат Аварите; се претпоставува дека потомците на оние кои го преживеале унгарското освојување на унгарската рамнина во 890-тите биле апсорбирани од Унгарците.
Консолидација
Владеењето на Крум (803 - 814) мини|лево|Ханот Крум го победил византискиот император Никифор I во Битката кај Врбишкиот премин (811 г.), Манасиева хроника