Александар Белиќ (српски: Александар Белић, , - , ) бил македонист, филолог, професор и ректор на Универзитетот во Белград, претседател на САНУ и член на повеќе српски и странски организации. Неговата дејност во македонската историја и Македонистика е констраверзна бидејќи бил застапник на великосрпските идеи и тврдел дека македонските дијалекти се српски. Сепак, тој дал одреден придонес при елаборирање на некои македонски говори.

Животопис мини|лево|Александар Белиќ и Јосип Броз Тито во 1954 Основно училиште завршил во Белград. Студиите по филологија ги започнал во Белград и ги продолжил во Москва и Одеса. По завршувањето на студиите го повикале да остане на катедрата по лингвистика и филологија на Универзитетот во Москва, но тој се вратил во Србија каде во 1899 година е поставен за доцент на Високата школа. Потоа една година поминал во Германија на усовршување каде и ја одбранил докторската десертација. Десертацијата е објавена на германски јазик во два дела. Подоцна станал редовен професор на Универзитетот во Белград.

Библиографија Дијалекти источне и јужне Србије, (Дијалекто на источна и јужна Србија) Дијалектолошка карта српског језика, (Дијалектолошка карта на српскиот јазик) Акцентске студије, (Акцентски студии) О двојини у словенским језицима, (За двоините во словенските јазици) Галички дијалект, (Галички дијалект) О језичкој природи и језичком развитку (1941.), (За јазичната природа и јазичниот развој) Правопис српско-хрватског књижевног језика (1923.). (Правопис на српскохрватскиот книжевен јазик)

Наводи

Надворешни врски Големиот следбеник на Вук („Глас јавности“, 9 ноември 2000.) Доживотен претседател на САНУ („Глас јавности“, 10 ноември 2000.)

Категорија:Српски македонисти Категорија:Српски слависти Категорија:Српски филолози Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Академици на САНУ Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Странски членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)