Disturbia e поп песна од ре-реализираната верзија на третиот албум на Ријана насловена како Good Girl Gone Bad:Reloaded. Таа е трет сингл од ре- реализацијата после, „Take a Bow“ и „If I Never See Your Face Again“. Песната е напишана од страна на Роберт Ален, Андре Мерит и Крис Браун, а продуцент е Брајан Кенеди. Песната доби номинација за „Најдобра Денс Песна“ на 51-те Греми награди.

„Disturbia“ беше комерцијален успех, и се искачи на највисокото прво место во Белгија (Фландрија) и Нов Зеланд исто така стана и топ-тен хит во повеќе од дваесет држави вклучувајќи ги Австралија, Канада и Обединетото Кралство. Песната се искачи и стоеше на врвот на американскиот Билборд Хот 100 табела за време од две недели, а со тоа стана третиот број еден сингл на Ријана од албумот Good Girl Gone Bad и четврт од сите на Хот 100. Придружувачката музика за спотот на „Disturbia“ беше режирана од страна на Ентони Мандлер, којшто ја вметнува Ријана во различни локации како на пример затворска ќелија и гасна комора. Ријана регуларно ја изведува „Disturbia“ по своето издавање на многу тури и настапи во живо.

Табели и сертификации Неделни табели Табела (2008) Највисокапозиција

Сертификации Држава Сертификација Австралија Платина Белгија Злато Данска Платина Нов Зеланд Платина Шпанија Gold Шведска Злато Обединето Кралство Сребро САД 4× Платина

Наводи

Категорија:Песни на Ријана Категорија:Синглови од 2008