Милан Ѓурчинов (р. 28 јуни 1928 во Белград - п. 24 јули 2018 во Скопје) — македонски есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар, антологичар.

Животопис Роден е во Белград, но потекнува од струшкото село Јабланица. Негов брат е режисерот Александар Ѓурчинов. Завршил Филолошки факултет во Белград. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, бил шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративна книжевност. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1988 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година. Бил и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член е и на Македонскиот ПЕН центар.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 88.

Творештво Автор е на книгите: Време и израз (1956), Присутности (1963), Македонски писатели (1969), Живо и мртво (1974), Критички сведоштва (1976), Достоевски (1981), Современа македонска книжевност (1984), Проникнувања (1986), Пастернак (1987), Марксизам творештво вредности (19 Пред прагот на иднината (1991), Заговорници на човечноста (1992), Нова македонска книжевност (1996), Сребрени соништа - Ацо Караманов (1997), Компаративни студии (1998), Освојување на реалноста (2000).

Составувач е на антологии на македонската проза и поезија на италијански, француски, српски, турски и други јазици. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Димитар Митрев“, „Златен прстен“.

Наводи

Категорија:Луѓе со потекло од Јабланица Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски академици Категорија:Југословенски академици Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Носители на Пушкиновиот медал