Никола Кочовски (, - , ) — македонски раскажувач, романописец и драмски писател.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 128.
Животопис Кочовски е роден на 1 декември 1933 година во Битола. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како професор. Тој станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1973 година. Бил уредник на весникот на ДПМ, „Стожер“, и на битолскиот „Развиток“.
Починал во Битола на 11 март 2023 година.
Творештво Автор е на книгите: Малата Билја (два тома, роман, 1969, 1970), Зарезготини (раскази, 1970), Вознемирена совест (раскази, 1974), Бреме (роман, 1981), Дичовица млада невеста (драма, 1984), Родната грутка (раскази, 1995), Без свое јато (роман, 1999), Исконскиот дар (роман, 1999), Омразениот цвет (роман, 2000).
Неговите романи и раскази се одликуваат со нагласок на психолошкото. Пишувал за современиот живот, за нашето минато, за печалбарството… Објавувал во речиси целата македонска книжевна периодика и пошироко од неа. Пишувал и критики.
Награди Добитник е на наградата: „4 Ноември“ на градот Битола за романот „Бреме“.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски уредници Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“