Ленче Милошевска — македонски поет, романописец и преведувач.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 159.
Животопис Милошевска е родена е на година во Скопје. Завршила Филолошки факултет, група англиски јазик и книжевност, во Скопје. Работела како уредник во издавачките куќи „Култура“ и „Македонска ннига“ во Скопје. Член е на ДПМ од 1999 година.
Творештво Милошевска е авторка на книгите: Жедната земја моја (поезија, 1992), Кадилница на денот (поезија, 1996), Кумова слама (роман, 1997), Камени пораки (поезија, 1999), Три жени во три слики (роман, 2001), Сатанска печурка (роман, 2008), Одложена мисла (поезија, 2009), Аксиос ги дели приказните (роман 2010), Зборот е светлина (поезија, 2015), Шех Вардар (раскази, 2017), Недопрени бисери (раскази и блиц приказни, 2020).
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 93-96.
Има направено повеќе од дваест книжевни преводи и добитник е на наградите: „Божидар Настев“, „Ванѓа Чашуле“. Во 2019 година ја добила наградата на „Нова Македонија“ за краток расказ.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 357.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Живи луѓе