New е оператор во C++ програмскиот јазик, кој овозможува доделување на динамичка меморија во купот. Исклучок е таканаречената форма „placement new“, која овозможува да се додели меморија на купот за нови податоци и ако е успешно доделувањето ја враќа адресата на новата доделена меморија.
Синтакса Синтаксата за овој оператор е : p_var = new typename;
Каде p_var е претходно објавен покажувач од типот на typename. Тypename може да биде кој било тип на основен податок или пак објект дефиниран од корисникот (enum, class и struct). Ако typename е од типот класа тогаш основниот конструктор е повикан да го изгради објектот.
Да се инсталира нова променлива со операторот new треба де се користи следнава синтакса:
p_var = new type(initializer);
Каде што initializer е почетната вредност доделена на новата променлива, или ако е од типот класа е аргументот на конструкторот.
New исто така може да создаде и низа:
p_var = new type [size];
Во овој случај size ја одредува должината на еднодимензионалната низа која сакаме да ја создадеме. Адресата на првиот елемент е вратена и зачувана во p_var, па p_var[n]
ја дава вредноста на n-тиот елемент (почнувајќи од нула).
Литература IBM дикументација каде се објаснува C++'s операторот new Microsoft Visual Studio документација за операторот new
Оператори