Душко Наневски ― македонски поет, книжевен критичар и есеист.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 173. Неговиот најголем негов придонес бил во областа на македонската поезија, а важи и за толкувач и истражувач на народниот говор.

Животопис Наневски е роден во село Шлегово, Кратовско на 17 јуни 1929 година. Средношколскиот период го завршил во месната гимназија, со одличен успех, а потоа ги завршил студиите по југословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како виш научен соработник во Институтот за македонска книжевност во Скопје. Од 1959 година, бил и член на Друштво на писателите на Македонија. Бил уредник на списанието „Современост“. Починал во 1994 година.

Одбрани дела „Македонска поетска школа“ (есеи и критики, 1977) „Раѓање на метафората“ (поетски истражувања, 1982) „Самовилското коњче“ (македонски бајки, авторизирана верзија, 1978) „Знаци од азбуката“ (елиптики, поезија, 1982) „Поетот Рацин“ (монографија, 1983) „Критички илуминации“ (есеи и критики, 1984) „Охридска поема“ (поезија, 1985) „Поетика на јазикот - етиди“ (1988) „Интегрална поетика“ (1993)

Антологии „Љубовни народни песни“ (1971) „Црниот славеј“ (антологија на современата македонска поезија, 1977).

Добитник е на наградите „Кочо Рацин“ и „Златен венец“ на експерименталните сцени во Сараево за сценската верзија „Димна Јуда“ (1974).

Наводи

Надворешни врски Душко Наневски на macedonism.org

Категорија:Родени во 1929 година Категорија:Починати во 1994 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски уредници Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Кочо Рацин“