Средоземни игри (или Медитерански игри) — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овој настан го предложил Мохамед Тахер-паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 г. во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри.
Македонија за првпат почнала да учествува на XVII Средоземни игри во Мерсин, 2013 г.
Историја на Средоземните игри Првите Средоземни игри Првите Средоземни игри се одржале во месец октомври во 1951 г. во Александрија, во чест на Мохамед Тахер-паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови. Веќе на вторите игри, кои се одржале во 1955 г. Во Барселона е основано контролно тело, кое ги надгледува натпреварувачите во сите натпревари и врши анти-допинг контрола. На 16 јуни 1961 г., ова тело го добило своето официјално име: Службен одбор на Средоземните игри (француски: Comité International des Jeux Méditerranéens).
Врховно тело Средоземните игри, како спортски настан кој се одржува секои четири години има углед на најголем спортски настан околу Средоземното Море. Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на овие игри е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино освоиле медал. Покрај спортот, идеологијата на овој настан се заснова и на создавање на можност за мирна и праведна соработка на спортистите од трите континенти.
Игрите се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на Одборот на Средоземните игри се наоѓа во Атина, а секретарот мора да биде Грк. Обврските, кои Грција ги има како еден од главните организатори на Средоземните игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на игрите.
Одлики на Средоземните игри Лого Официјалното лого на Средоземните игри, кои се нарекуваат Средоземни олимписки игри се состои од три круга, кои ги симболизираат трите континенти, чии земји се натпреваруваат. Круговите се одржуваат во сината позадина, која го симболизира морето површина сино. За време на церемонијата на затворање на игрите, знамето се предава на претставник од земјата-домаќин на следните Средоземни игри.
Земји-учеснички 300п|мини|десно|Земји-учеснички на Средоземните игри На игрите тековно учествуваат вкупно 26 земји:
Африка: Алжир, Египет, Либија, Мароко и Тунис Азија: Либан и Сирија. Европа: Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Италија, Кипар, КосовоПризнаена на Средоземните игри, иако не во ООН. Почнала да учествува во 2018 г., Македонија, Малта, Монако, Португалија, Сан Марино, Словенија, Србија, Турција, Франција, Црна Гора и Шпанија.
Единствена земја, чие уество ѝ е дозволено, а не учествува е Израел. Иако географски не припаѓаат на Средоземјето, некои земји како на пример Македонија, Португалија, Србија, Андора и Сан Марино, кои веќе учествуваат може да влијае на игрите да учествуваат и некои арапски земји.
Градови-домаќини Назив Година Место Земја I Средоземни игри 1951 Александрија 20п Египет II Средоземни игри 1955 Барселона 20п Шпанија III Средоземни игри 1959 Бејрут IV Средоземни игри 1963 Неапол V Средоземни игри 1967 Тунис VI Средоземни игри 1971 Измир VII Средоземни игри 1975 Алжир VIII Средоземни игри 1979 Сплит IX Средоземни игри 1983 Казабланка X Средоземни игри 1987 Латакија XI Средоземни игри 1991 Атина XII Средоземни игри 1993 Лангдок-Русијон XIII Средоземни игри 1997 Бари XIV Средоземни игри 2001 Тунис XV Средоземни игри 2005 Алмерија XVI Средоземни игри 2009 Пескара XVII Средоземни игри 2013 Мерсин XVIII Средоземни игри 2018 Тарагона XIX Средоземни игри 2022 Оран XX Средоземни игри 2026 Таранто XXI Средоземни игри 2030 Приштина
Застапени на спортови На игрите затапени се вкупно 33 спортови.
СпортВоведен25п Стреличарство197125п Атлетика195125п Бадминтон201325п Кошарка195125п Одбојка на плажа200525п Боќање199725п Бокс195125п Кајакарство197925п Велосипедизам195525п Скокови во вода195125п Коњички спортови1955СпортВоведен25п Мечување195125п Хокеј на трева195525п Фудбал195125п Голф198325п Гимнастика195125п Ракомет196725п Џудо197125п Карате199325пХокеј на ролшуи195525п Веслање195125п Рагби1955СпортВоведен25п Едрење195525п Стрелаштво195125п Пливање195125п Пинг-понг197125п Теквондо201325п Тенис196325п Одбојка195925п Ватерполо1951 Скијање на вода200925п Кревање тегови195125п Борење1951
За учество на жени било одлучено уште во 1959, но за првпат учествувале во 1967 г.
Освоени медали по земји РангЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно 1 876 740 687 2303 2 631 576 533 1740 3 341 243 278 862 4 329 449 544 1322 5 * 199 177 182 558 6 192 247 339 778 7 142 194 231 567 8 83 93 146 322 9 69 77 99 245 10 66 59 115 240 11 51 62 69 182 12 49 56 90 195 13 * 49 53 75 177 14 28 39 76 143 15 ОАР 23 21 30 74 16 14 19 18 51 17 10 23 42 75 18 9 18 17 44 19 4 8 19 31 20 3 9 5 17 21 3 8 13 24 22 3 5 8 16 23 3 1 0 4 24 2 2 7 11 25 2 1 13 16 26 1 3 4 8 27 0 3 1 4 Вкупно 2686 2686 3023 8395 Југославија учествувала во 1997 и 2001 г. како СР Југославија. Србија учествувала во 2005 г. како Србија и Црна Гора.
Наводи
Надворешни врски
Средоземните (Медитерански) игри на порталот на Македонскиот олимписки комитет Меѓународен комитет на Средоземните игри Резултати од Средоземните игри — gbrathletics
Категорија:Повеќеспортски натпреварувања